Контакт

Вести

Филипини: Најмалку 40 рудари заробени под земја по ударот на супертајфунот

Објавено пред

Најмалку 40 рудари останале затрупани во рудник за злато на северот на Филипините. До сега се извлечени седум тела, соопшти филипинската полиција.

Голем одрон, предизвикан од супертајфунот Мангкут, го затрупа селото кај градот Итогон во провинцијата Бенкет.

Досега најмалку 64 лица загинаа во невремето. Само 20 луѓе загинале на главниот остров Лузон. Тајфунот денеска попладне стигна во Кина, а најпогодени се Хонг Конг и Макао.

Вести

(Видео) Москва: Патникот кој се обиде да киднапира руски авион сè уште е во авионот

Објавено пред

Патникот кој се обиде да влезе во кокпитот на авионот на „Аерофлота“ на летот од Сургут за Москва и кој тврдеше дека е вооружен сè уште се наоѓа во авионот откако леталото принудно слета во Ханти Мансиск, во централниот дел на Русија. Тој барал летот да се пренасочи кон Авганистан.

Во авионот има 69 патници и седум членови на екипажот. Никој не е повреден.

Патникот не бил вооружен и е идентификуван како 41-годишен руски државјанин. Првичните информации беа дека тој носи носи оружје.

Според сознанијата на РЕН ТВ, тој имал полициско досие за кражби и трговија со дрога.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Пожари во Австралија, температурите достигнаа до 46 степени

Објавено пред

Додека на северната хемисфера луѓето се борат со снегот и студот, Австралија во следните неколку дена ќе се соочи со температури и над 40-тиот степен.

Топлотениот бран, според предвидувањата на метеоролозите, ќе трае пет дена.

Метеорологот Роб Шарп најави екстремно високи температури и вели дека в петок може да биде најопасниот ден кога станува збор за пожари. Како што додаде, повеќе од 200 пожари моментално горат низ Австралија.

Пожарите ќе се зајакнат, за жал, додава тој, и тоа в петок кога се очекува температурата да биде многу повисока, а ќе има и ветер.

„Ова ќе доведе до висок ризик од пожари во неколку области, па дури и екстремна опасност пожарот во делови на Тасманија, што е исклучително ретко”, вели Шарп.

За време на викандот, според метеоролозите, се очекуваат температури од 43, 44 и 46 степени.

Прикажи повеќе...

Вести

Без дел од светските лидери почнува економскиот форум во Давос

Објавено пред

Во следните четири дена, односно од денеска па  до петок 25 јануари во Давос, Швајцарија, ќе се одржува Светскиот економски форум.

На овогодишниот форум се проценува дека ќе учествуваат околу 3 000 бизнисмени, политички лидери, претставници на организации. Главната тема на форумот оваа година е „Глобализација 4.0: Создавање нова архитектура во ерата на четвртата индустриска револуција“.

Организаторите посочија дека 65 шефови на држави и влади, и околу 40 лидери на меѓународни организации, меѓу кои и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ќе бидат дел од форумот, додека претседателот на Светскиот економски форум изјави дека околу 37 шефови на држави и владите се од Европа и Евроазија.

На форумот учество ќе земат и голем број раководители на компании и претставници на граѓанското општество, додека од Групата на седум индустриски најразвиени земји (Г-7) дел од форумот во Давос ќе бидат јапонскиот премиер, Шинзо Абе, германската канцеларка, Ангела Меркел, и италијанскиот премиер, Џузепе Конте.

Учеството со сигурност го откажаа американскиот претстедател, Доналд Трамп, британската премиерка, Тереза Меј, и францускиот претседател, Емануел Макрон. Доаѓањето на рускиот претседател, Владимир Путин, сè уште е под знак прашалник.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, неодамна, во одговор на новинарско прашање дали Путин ќе се појави во Давос, рече дека „ниту една опција не е исклучена, но дека одлуката сè уште не е донесена“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Собранието објави оглас за aнтикорупциската комисија, Тасева обвинува дека добрите антикорупционери не се пожелни

Собранието го објави огласот за избор на новиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата. Огласот ќе трае 7 дена...

Свет10 часа

Вес Мичел поднесе оставка, идниот месец заминува од Стејт департментот

Вес Мичел, помошник-државен секретар на САД, наредниот месец заминува од функцијата во Стејт департмент поради лични и професионални причини. „Две...

Македонија10 часа

(Видео) Десетина имиња во игра за претседателски кандидат на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека десетина имиња се во игра за кандидат за претседателските избори на СДСМ. Тој најави...

Изборни измени13 часа

Малите партии бараат една изборна единица, па потоа избори

Малите партии ја реафирмираат идејата за промена на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи на гласање. Тие...

Македонија13 часа

(Видео) Дејан од Ѓорче Петров: „Помогнете ми, ама не како Боки 13“

Дејан Костовски од Ѓорче Петров вели дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13, не го испочитувал ниту договореното за плаќање...

Македонија13 часа

Теута Арифи за 300 илјади евра каскадно ќе ја уредува Пена

Општина Тетово за 17 милиони денари или речиси 300 илјади евра ќе става потпорни ѕидови на реката Пена во делот...

Македонија14 часа

СЈО испитува дали баџанакот на Ѕинго, Стојан Миланов, наместил тендер на кочанска фирма

Специјалното јавно обвинителство отворило предистражна постапка за злоупотреба на службената положба и овластување по кривичната пријава која ја поднесе СВР...

Македонија15 часа

Учениците од утре повторно на настава

Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие од учебната година почнува утре и важи за сите ученици од јавните и...

Македонија16 часа

Владата го испрати Законот за употреба на јазиците до Венециската комисија

Владата ја испрати целосната содржина од Законот за употреба на јазиците на мислење до Венециската комисија, заедно со алтернативниот текст на...

Македонија16 часа

Во 18 часот се укинува бесплатниот јавен превоз во Скопје

Во 18 часот се укинува бесплатниот автобуски превоз во Скопје поради намалување на загаденоста во градот, соопштија од Град Скопје. И...

Спорт16 часа

Исчезнал авионот со кој летал најскапиот играч на Кардиф

Емилиано Сала (28), кој три и пол години играше за Нант, пред неколку дена потпиша за Кардиф за клупски рекорд...

Македонија17 часа

(Видео) Македонец си ја убил сопругата на паркинг во Австрија

Македонски државјанин кој живее во Австрија ја убил вчера напладне својата сопруга, пренесуваат австриските медиуми. Жената, истотака со потекло од...

Топ18 часа

На Табановце приведено лице кое се барало за издржување затворска казна

Лице кое се барало за издржување казна затвор во траење од една година, било приведено при пасошка контрола на граничниот премин...

Регион19 часа

Српски медиуми: По Путин, во Белград доаѓаат Трамп и Меркел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел во текот на оваа година да ја посети Србија, објавува во денешното издание...

Македонија20 часа

Расправата во грчкиот парламент за договорот од Преспа ќе трае четири дена

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, одлучи дека дебатата за преспанскиот договор со која ќе се стави крај на 27-годишниот...

Македонија1 ден

Трајковски: Дисциплинската постапка против мене е напад врз правата на пациентите

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој зеде боледување за да замине во Будимпешта, каде што беше фотографиран заедно со експремиерот Никола Груевски,...

Македонија1 ден

„Фајненшл тајмс“: Преспанскиот договор е достигнување за прослава на Балканот

Договорот за решавањето на 27-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија, што неделава влезе во процедура за ратификација во грчкиот парламент,...

Македонија1 ден

Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор...

Македонија1 ден

Уништена големата авионска бомба што беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна, која пред неколку дена...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето. Тој оцени дека состојбата...

Досие