Европа
Финска и Шведска денеска се очекува да поднесат барање за членство во НАТО

Финска и Шведска ќе учествуваат на денешниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин. На средбата се очекува да аплицираат за членство и претставници на двете земји.
Интересот од Финска и Шведска се зголеми откако Русија ја нападна Украина. Инаку, овие две земји со децении се со неутрален статус, од времето на Студената војна.
Инаку, реакција имаше и од Москва, која рече дека влегувањето на која било земја во НАТО ќе го смета за закана. На денешната средба ќе присуствува и Турција.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека не е можно Турција позитивно да гледа на плановите на Шведска и Финска за влез во НАТО, велејќи дека двете земји се дом на многу терористички организации.
Како членка на НАТО, Турција може да стави вето на чекорите за приклучување кон двете земји, пренесуваат медиумуте.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Полска: Ќе им помогнеме на Шведска и Финска доколку некој ги нападне

Полска ќе им помогне на Шведска и Финска доколку бидат нападнати уште пред да станат членки на НАТО, изјави денеска премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки.
„Приклучувањето на Шведска и Финска во НАТО го сметам за важен сигнал за зајакнување на безбедноста во Европа“, рече Моравјецки, a пренесува „Ројтерс“.
Финска и Шведска официјално аплицираа за членство во НАТО во средата, поттикнати од руската инвазија на Украина.
„Сакам да ставам до знаење дека во случај на напад врз Шведска или Финска за време на нивниот пристапен процес, Полска ќе дојде на помош“, додаде Моравјецки.
Европа
Пукање во училиште во Германија, повредено едно лице

Германската полиција соопшти дека едно лице е повредено во пукање во средно училиште во северниот град Бремерхавен.
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил рано во четвртокот во средно училиште и дека осомничениот бил приведен.
Портпаролот на полицијата изјави дека истрагата е во тек.
Европа
Уште двајца руски војници признаа вина за воени злосторства

Двајца руски војници, Александар Бобикин и Александар Иванов, признале вина за прекршување на правилата на војната и утрово се појавиле на суд.
Тие се обвинети за гранатирање цивилни области во Украина со проектили ГРАД, пренесува хрватски „Индекс“.
Russian soldiers Aleksandr Bobykin and Aleksandr Ivanov plead guilty to violating the rules of war in Ukrainian court. #ukraine pic.twitter.com/IQ4Vnk0ZBb
— Dominic Waghorn (@DominicWaghorn) May 19, 2022
За потсетување, Вадим Шишимарин, 21-годишен руски војник, вчера призна вина за убиство на невооружен цивил на првото судење за воени злосторства во Украина од почетокот на руската инвазија.
Тој призна дека пукал во 62-годишен маж неколку дена по почетокот на инвазијата. Му се заканува доживотен затвор.