Контакт

Свет

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Објавено пред

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина, додека се движи низ американското источно крајбрежје, кон Вирџинија и Нова Англија. Бројот на жртвите се искачи на 32, од кои 25 загинаа во Северна Каролина.

Метеоролозите предупредуваат дека поради историскиот раст на нивото на реките, најлошото допрва следи и најавуваат големи поплави, свлечишта и излевање на реките во наредните неколку дена.

Во меѓувреме, Флоренс ослабна во циклон, но, сепак, со себе носи обилни врнежи и силни ветрови, пренесува АП. Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер, рекол дека историското невреме и натаму е опасно, поради големиот раст на нивото на реките.

„Во одделни подрачја допрва следат најголемите поплави. Ова е огромна катастрофа за нашата сојузна држава“, рекол Купер.

Флоренс исфрла големи количини дождови на делови на југоистокот од САД. Околу 1 200 патишта се непроодни, а повеќе од 500 000 домови и натаму се без струја.

Европа

Пукање во Стразбур – еден загинат и тројца повредени

Објавено пред

Едно лице загина, а тројца се повредени во пукање во центарот на Стразбур во близина на плоштадот Клебер, каде се одржувал божикен настан. Полицијата апелираше да се избегнува ова подрачје, а на Твитер се објавени видеа на граѓани кои панично бегаат.

Полицијата дојде веднаш на местото на инцидентот. Божикните штандови, како и блиските кафулиња се евакуирани.

Локалните медиуми известуваат дека биле испукани десетина куршуми, но и дека напаѓачот сè уште е на слобода.Инцидентот се случува во моменти кога заседава Европскиот парламент, кој е во близина.

Како што пренесува Гардијан, француските пожарникари известиле дека неколку истрели се испукани во средиштето на градот.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел: Не постои можност за промена на договорот за брегзит

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со британската премиерка, Тереза Меј, во Берлин оцени дека не постои можност за промена на договорот постигнат меѓу Брисел и Лондон за излегување на Велика Британија од Европската Унија (брегзит).

Меркел ова го изјави на состанокот со пратениците по разговорот со Меј, која дојде во Германија за да добие отстапки за условите на повлекување на нејзината земја од ЕУ.

Британската премиерка го откажа за денеска предвиденото гласање за нацрт-договорот за брегзитот во британскиот Парламент поради несогласување со пратениците што се закануваат дека ќе гласаат против документот кој ќе го отвори патот за збогување на Лондон и Брисел без договор.

Меј ќе се сретне во Брисел и со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој вчера изјави дека нема да има повторни преговори со Лондон.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Бразил: Вооружен маж пукал во верници во катедрала – шестмина мртви

Објавено пред

Вооружен маж пукал во верници во катедрала во близина на Сао Пауло на југот на Бразил, при што убил пет лица по што се самоубил.

Мажот, кој имал пиштол и уште едно огнено оружје, ранил тројца, наведуваат локалните медиуми повикувајќи се на полициски и болнички извори.

„Човекот влегол во црквата и почнал да пука во верниците“, наведува полицијата. Од таму потврдуваат дека шестмина се мртви, а меѓу нив и напаѓачот, чиј идентитет не се открива.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 минути

Пукање во Стразбур – еден загинат и тројца повредени

Едно лице загина, а тројца се повредени во пукање во центарот на Стразбур во близина на плоштадот Клебер, каде се...

Свет2 часа

(Видео) Бразил: Вооружен маж пукал во верници во катедрала – шестмина мртви

Вооружен маж пукал во верници во катедрала во близина на Сао Пауло на југот на Бразил, при што убил пет...

Бегството на Груевски3 часа

На интернет се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега унгарски азилант, како се шета низ Будимпешта, се прошири на социјалните...

Крвав четврток4 часа

Села: Претседателите на партиите што не присуствуваа на 27 април, најверојатно, се и организатори

„Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина...

Крвав четврток5 часа

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видеонадзор

Судењето за крвавиот четврток, по паузата, продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била...

Крвав четврток6 часа

Кој е тој Душко и кои се сите тие од МВР што треба да знаат, Кацарска го праша Трајко Вељаноски

Во кривичниот суд попладнево продолжи испитувањето на поранешниот претседавач на Собранието, Трајко Вељаноски, во својство на сведок предложен од обвинетиот...

Крвав четврток7 часа

Игор Југ го праша Вељаноски за албум на „Металика” – Дали политичарите беа господарите, а ние што скапуваме по затвори сме куклите?

Обвинетиот Јане Ченто, пред да му постави прашање на експретседавачот на Собранието Трајко Вељаноски, рече дека некои калкулираат со човечки...

Македонија8 часа

(Видео) Клинички со закана до Шилегов поради поскапиот паркинг за вработените

Платите на вработените во Клиничкиот центар неодамна им беа зголемени за околу 5 отсто, а вчера градоначалникот на Град Скопје,...

Македонија9 часа

(Видео) Димовски до Тевдовски: Престанете со арогантниот однос кон Собранието

Министре Тевдовски, до кога ќе го практикувате овој арогантен однос кон Собранието? Ја напуштате дебатата без збор. Со овие зборови...

Крвав четврток9 часа

Немате поим што се случувало на 27 април, му кажа обвинителката на сведокот кој го предложи Душко Лазаров

На денешното рочиште за судењето за 27 април прв од дополнителните сведоци сведочеше Тони Алексовски, сведок кој го предложи обвинетиот...

Македонија10 часа

На судењето за „Тортура“ се емитуваат телевизиските прилози од 2011

На денешното рочиште за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е Сашо Мијалков, во судот се презентираат снимки од дневникот на...

Македонија11 час

(Видео) Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа11 час

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет13 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија13 часа

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа24 часа

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија1 ден

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија1 ден

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија1 ден

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија1 ден

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Досие