Свет
Фон дер Лајен: „Астразенека“ прво треба да ја исполни својата обврска пред да почне со извоз

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека „Астразенека“ прво треба да ја исполни својата договорена обврска кон ЕУ пред да почне со извоз.
Британско-шведската фармацевтска компанија „Астразенека“ вети дека ќе испорача 120 милиони дози вакцини против Ковид-19 во ЕУ во првите три месеци, но ќе испорача само 30 милиони.
„Мислам дека таа компанија мора прво да го испочитува договорот што го има со членките на Унијата пред да почне повторно со извоз“, рече Фон дер Лајен.
Европската комисија во средата одлучи да ги засили контролите врз извозот на вакцината против Ковид-19, воведувајќи ги принципите на реципроцитет и пропорционалност како нови критериуми до кои производителите мораат да се придржуваат за да добијат одобрение за извоз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Бајден го повика Путин на состанок во трета земја

Во телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин, американскиот претседател Џо Бајден му предложил да одржат состанок во трета земја, објави Белата куќа.
„ Претседателот Бајден ја потврди својата цел: да изгради стабилни и предвидливи односи со Русија во согласност со интересите на САД и предложи одржување на самит во трета земја во текот на следниот месец за да се разговара за целиот спектар на прашања со кои се соочуваат САД и Русија“, се наведува во изјавата.
За време на телефонскиот разговор, Бајден изрази загриженост за „наглото“ зголемување на руските воени сили на границата со Украина.
„ Бајден ја истакна непоколебливата посветеност на САД за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, се заклучува во соопштението.
Свет
Бајден одлучи: Американските трупи го напуштаат Авганистан до 11 септември

Американскиот претседател, Џо Бајден, одлучи да ги повлече американските трупи од Авганистан до 11 септември 2021 година.
И тоа е 20 години откако нападите на Ал Каеда ја започнаа најдолгата американска војна.
Повлекувањето, сепак, ќе се заснова на одредени гаранции за безбедност и почитување на човековите права, велат извори, под услов тие да не бидат именувани пред официјализирањето на одлуката.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и американскиот министер за одбрана Лојд Остин се очекува утре да ги известат сојузниците на НАТО во Брисел.
Бајден може да ја објави својата одлука јавно, велат изворите.
Неговата одлука, доколку биде потврдена, ќе го надмине рокот за повлекување од 1 мај, договорен со талибанските бунтовници од администрацијата на неговиот претходник Доналд Трамп.
Во изјавата минатиот месец талибанците се заканија дека ќе продолжат со непријателствата против странските трупи во Авганистан, доколку не го исполнат крајниот рок за повлекување до 1 мај.
Свет
Прекината седницата на Советот за безбедност, Русија реагираше на знамето на Косово

Седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово и Метохија беше прекината набргу откако започна, бидејќи претставникот на Русија, Димитриј Полјански, побара претставникот на Приштина да го смени или отстрани знамето на Косово, затоа што, како што нагласи, т.н. Косово не е универзално призната држава.
„Тоа е територија и осум членки на Советот за безбедност на ООН не го признаваат Косово како држава“, нагласи Полјански.
Тој додаде дека Русија не е против учеството на претставниците на Косово на состанокот. Полјански побара претставникот на Косово „ да ја смени позадината или да го отстрани знамето“ со цел да ја продолжи сесијата, по што зборуваше претставникот на Велика Британија.
Британскиот претставник одговори дека оваа сесија не е официјален состанок на Советот за безбедност на кој се применуваат тие правила и додаде дека последниот состанок има иста позадина како и денес, поради што, како што рече, „не гледа причина“ да побара од приштинскиот претставник да ја смени позадината на знамето на Косово.
Српскиот министер за надворешни работи, Никола Селаковиќ, протестираше поради злоупотребата на видеоформатот на седницата од страна на Приштина, со цел промовирање на симболи на, како што рече, „лажната држава“.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш