Европа
Фон дер Лаен: Договор со Велика Британија, но не по секоја цена
ЕУ ќе продолжи да работи на договорот со Лондон, но не по секоја цена, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.
Фон дер Лаен беше првиот официјален претставник на ЕУ кој реагира на пораката на британскиот премиер Борис Џонсон, кој рече дека доколку не дојде до фундаментална промена во пристапот на ЕУ, Велика Британија треба да се подготви да го заврши преодниот рок на 31 декември без договор за идните односи.
Претседателката на Европската комисија забележува дека преговарачкиот тим на ЕУ, како што е планирано, следната недела ќе отпатува во Лондон со цел да ги интензивира преговорите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
