Свет
Фон дер Лајен: ЕУ ќе ги зголеми санкциите кон Русија, вклучувајќи ги и „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека Европската Унија ќе го зголеми притисокот врз Русија и дека работи на нов пакет-санкции, вклучувајќи санкции против „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“.
„Тој (рускиот претседател Владимир Путин) повика на прекин на огнот за време на годишнината по повод 9 Мај, што самиот тој никогаш не го почитуваше. Потоа Украина повика на прекин на огнот, што беше поддржано од Европската Унија и САД, но претседателот Путин одби. И, конечно, Путин предложи директна средба меѓу Украина и Русија во Турција. Претседателот Зеленски беше подготвен за средбата, но претседателот Путин никогаш не се појави“, рече Фон дер Лајен во пресрет на самитот на европската политичка заедница во Тирана.
Според неа, ова ги покажува вистинските верувања на Путин. „Значи, ќе го зголемиме притисокот. Работиме на нов пакет-санкции, на санкции што ги вклучуваат и „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, но и намалување на горната граница на цената на нафтата. И, конечно, повеќе финансиски санкции врз рускиот финансиски сектор“, истакна таа.
Таа нагласи дека ЕУ сака мир и дека мора да се зголеми притисокот врз претседателот Путин, пренесува „Танјуг“.
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, исто така во Тирана изјави дека ЕУ „веќе размислува за следниот пакет-санкции“.
Самитот на Европската политичка унија ги собира лидерите од цела Европа – 27 членки на ЕУ и 20 земји кои не се членки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Заради исклучен доток на гориво во моторите се урнал авионот на „Ер Индија“

Прелиминарниот извештај за несреќата на авионот на компанијата „Ер Индија“, во која минатиот месец загинаа 260 лица, покажа дека три секунди по полетувањето, прекинувачите за гориво на моторите се префрлиле од позиција „вклучено“ во позиција „исклучено“, лишувајќи ги моторите од гориво.
Авионот „Боинг 787- Дримлајнер“ веднаш почнал да губи висина, покажува извештајот објавен од индиските истражители на воздухопловни несреќи.
На снимката од пилотската кабина, може да се слушне како еден од пилотите го прашува другиот зошто го исклучил горивото. Вториот пилот одговорил дека не го сторил тоа, се наведува во извештајот. Не е наведено кој го упатил повикот за помош непосредно пред несреќата, пилотот или копилотот.
И двајцата пилоти биле искусни, со вкупно околу 19.000 часа лет, вклучувајќи повеќе од 9.000 часа во „Боинг 787“.
Префрлањето на прекинувачот во позиција „исклучено“ ги запира моторите речиси веднаш.
Свет
Зеленски: Продолжуваат испораките на оружје од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека добил ветување дека Украина ќе добие нови испораки на оружје од САД и европските сојузници, јави ДПА.
-Според сите извештаи, суспендираните испораки на оружје се обновени, рече Зеленски.
ДПА пренесува дека разговорите за продолжување на воената поддршка се планирани за следната недела, меѓу другите, и со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.
-Исто така, подготвуваме нови европски пакети за оружје, рече Зеленски, потенцирајќи дека, исто така, очекува „силни чекори во врска со новите санкции против Русија“.
САД минатата недела накратко воведоа делумно запирање на испораките на оружје што веќе беа ветени.
Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.