Контакт

Свет

Фон дер Лаен: ЕУ ќе организира конференција за руското киднапирање деца од Украина

Објавено пред

Европската Унија ќе организира конференција за лоцирање на децата од Украина кои беа киднапирани од Русија и ќе ги врати во нивната татковина, најави во Брисел претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е страшно потсетување на најмрачните периоди од нашата историја, на депортациите на децата што се случуваат таму. Тоа е воено злосторство“, изјави претседателката на ЕК по самитот во Брисел. „Знаеме дека 16.200 деца беа депортирани, само 300 од нив се вратија“, рече таа.

„Во партнерство со Украинците полскиот премиер Матеуш Моравјецки и јас поведовме иницијатива за враќање на децата киднапирани од Русија“, рече Фон дер Лаен на прес-конференција.

„За таа цел, ќе организираме конференција, сакаме да извршиме меѓународен притисок за да ги преземеме сите можни мерки за пронаоѓање на овие деца“, изјави претседателката на ЕК во Брисел по завршувањето на првиот ден од дводневниот самит на 27-те земји членки на Унијата.

Регион

Бугарското обвинителство побара одземање на имунитетот на Борисов

Објавено пред

Софиското градско обвинителство побара одземање на имунитетот на лидерот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов, за да биде ставен од истрага во случајот за перење пари, познат во Бугарија како „Барселонагејт“, пренесува „Еурактив“.

dobivaj vesti na viber

Истрагата почна пред речиси три години, додека Борисов сè уште беше премиер, кога во анонимна група на Фејсбук беше споделено видео за луксузен имот во богато предградие на Барселона каде што поранешната бугарска манекенка Борислава Јовчева живееше со своето дете.

Анонимниот клип алудираше дека детето е на Борисов, нешто што тој секогаш го негираше. Случајот прво го истражуваше шпанското обвинителство, кое откри индиректни траги на перење пари, но без директно поврзување со Борисов, а во 2021 година истрагата беше префрлена во Бугарија.

Бугарското обвинителство почна да покажува активен интерес во истрагата „Барселонагејт“ пред само три недели, откако партијата на Борисов објави дека ја поддржува долгоочекуваната судска реформа во земјата насочена кон намалување на овластувањата на бугарскиот јавен обвинител Иван Гешев.

Веднаш потоа Гешев се закани дека ќе го исчисти „политичкото ѓубре“.

Во вторникот, Градското обвинителство на Софија побара одземање на пратеничкиот имунитет на Борисов бидејќи постојат доволно докази за перење пари. Бугарските пратеници можат сами да се откажат од имунитетот или тој да им  биде одземен со гласање на парламентот

„Бев без имунитет две години. Сега категорично нема доброволно да се откажам од имунитетот, бидејќи треба да си слеп за да не видиш што се случува во моментов“, рече Борисов.

Според него, обвинителството дејствувало во вторникот за да спречи избор на редовна влада со поддршка на неговата партија и коалицијата „Промената продолжува – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), која ги поддржува судските реформи.

Тензиите околу Борисов и обвинителството се случуваат во екот на преговорите за формирање а редовна прозападна влада меѓу ГЕРБ и ПП-ДБ, што ќе стави крај на политичката криза во земјата која трае две и пол години. Се очекува гласањето да биде кон средината на следната недела.

„Не се грижам за „Барселонагејт“. Воопшто. Не сум имал, немам и нема да имам имот во Шпанија! Што повеќе да одговорам?“ изјави Борисов.

Клучен сведок во случајот е поранешната манекенка и мис на Бугарија, Ивајла Бакалова, која е пријателка на Јовчева и живеела во куќата во Барселона. Таа тврди дека Борисов е татко на детето на Јовчева и дека знае доволно за „Барселонагејт“.

На крајот на минатата недела, пратеничката група на ГЕРБ објави дека ќе ги бојкотира сите барања на обвинителството за одземање на имунитетот на бугарските пратеници. Кандидатот за премиер Николај Денков повика обвинителството да не се користи како политичка алатка.

„Обвинителството не треба да се користи како политички клуб. Мигот кога првите две политички сили ќе кажат дека се подготвени да владеат, ќе видите што ќе се случи“, рече Денков.

Пратениците од другите политички партии, популистичката Има таков народ и проруските БСП и Вазраждане повикаа да се укине имунитетот на Борисов за да може да биде под истрага за „Барселонагејт“.

„Ако тој тврди дека е невин, тоа треба да го докаже во транспарентен судски процес“, рече лидерката на БСП, Корнелија Нинова.

Прикажи повеќе...

Регион

Вјоса Османи: На Србија не и е местото меѓу европските народи

Објавено пред

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на самитот на европската политичка заедница што се одржува во Кишињев, изјави за „Данас“ дека Србија и криминалните структури се одговорни за ескалацијата на насилството на Косово и дека на Србија не и е местотона овој европски самит, ниту во европската заедница на народи.

dobivaj vesti na viber

„Србија не припаѓа на европската заедница“, рече Османи и додаде дека членовите на криминалните структури на северот на Косово се под меѓународна потерница и дека српските власти се во многу блиски односи со нив.

Пред Османи, на црвениот тепих кај претседателката на Молдавија, Маја Санда, свечен пречек имаше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој на новинарско прашање дали ќе се сретне со некој од косовските функционери рече дека не знаеше кој е таму од Косово.

„Отсекогаш сум бил лидер кој се залага за мир и правиме многу за да ги зачуваме мирот и стабилноста во регионот“, изјави Вучиќ за новинарите во замокот Мими во близина на Кишињев.

Тој по пристигнувањето на Самитот рече дека средбите со францускиот претседател и германскиот канцелар Емануел Макрон и Олаф Шолц нема да бидат лесни, но дека се важни и дека ќе се обиде да ги врати работите во нормала, ситуацијата во Косово да се деескалира, како и да се зачува мирот и стабилноста.

„За танго се потребни двајца, не зависи се од нас“, изјави претседателот на Србија. Вучиќ изјави дека утринава разговарал и со Србите од северот на Косово и дека ги моли да бидат „решени да истраат на правото и правдата“.

Прикажи повеќе...

Европа

„Ова е геноцид, а не војна“: Моментот кога жена дознала дека ги изгубила ќерката и внуката во руското гранатирање

Објавено пред

Во воздушен напад врз Киев во четвртокот утрото, загинаа три лица, меѓу кои две деца, соопштија градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и воените власти.

dobivaj vesti na viber

„Три лица загинаа, а четворица се ранети во областа Деснијан“, објави воената управа на Киев на Телеграм, пренесуваат медиумите во регионот.

Во соопштението се додава, дека две деца, помеѓу пет и шест и 12 и 13 години се меѓу загинатите во областа Дешњан.

„Според првичните информации добиени од спасувачките екипи, во тој дел на Киев се пронајдени тројца мртви, меѓу кои две деца и четворица ранети“, напиша Кличко на Телеграм.

Фоторепортерите снимиле постара жена како се приближува до местото каде паднала руска ракета и каде на земја лежеле безживотни тела. Набргу старицата сфатила дека тоа се нејзината ќерка и внука.

„Ова не е војна, ова е геноцид! На луѓето им е доста, тие се лути. Ова е чист геноцид врз Украина и украинскиот народ од Русија“, рече Виталиј Кличко.
Рано утрото руски проектили погодија градинка и три училишта, а детонации ја потресоа метрополата само четири минути откако се вклучија сирените.

„Видовте сè. Руската политика е терористичка политика“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 минута

Бугарското обвинителство побара одземање на имунитетот на Борисов

Софиското градско обвинителство побара одземање на имунитетот на лидерот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов, за да биде...

Македонија49 минути

Уапсен скопјанец за убиството на Жила во Чаршија, се поврзува со запалениот автомобил искористен за бегството

Скопјанец е уапсен за двојното убиство во скопската Чаршија во „Шиша бар“ кое се случи пред три месеци, дознава „Макфакс“....

Свет1 час

Зеленски му постави ултиматум на НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да се појави на самитот на НАТО во Литванија во јули освен ако Алијансата не...

Македонија2 часа

(Видео) Со полиција се затрупува градилиштето зад Универзалната сала, кое проголта дел од улицата 9 Мај

Со полициска асистенција, градоначалникот Горан Герасимовски и службите на Општина Центар отидоа да интервенираат на градилиштето зад Универзална сала, кое...

Македонија2 часа

Стапуваат во сила три договори од берлинскиот процес

Во Македонија, Албанија и Косово стапуваат на сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година, во рамките на Берлинскиот...

Македонија2 часа

Родителите од градинката „Детска радост“: Директорката трошела државни пари за луксузен мебел, најавуваме отпор

Родителите на децата во градинката „Детска радост“ најавуваат отпор против директорката Анета Петровска која беше разрешена од градоначаникот на Гази Баба,...

Вести3 часа

Бодликава жица, зовриена атмоссфера, блокирани општини – Србите четврти ден протестираат на северот на Косово

Четврти ден КФОР ги контролира зградите на четири општини на северот на Косово. Вработените во локалните самоуправи не можат да...

Вести4 часа

Серија експлозии во Киев, две деца загинаа: Путин го нападна главниот град на Украина четири пати оваа недела, но никогаш толку брутално како ноќеска

Во воздушен напад врз главниот град на Украина рано наутро загинаа три лица, меѓу кои две деца, објавија градоначалникот Виталиј...

Топ14 часа

(Видео) Пет лица повредени, двајца потешко – епилог од несреќата на автопатот Тетово-Скопје

Пет лица се повредени во несреќата кај тетовски Групчин, велат од МВР за „Макфакс“. Според информациите од терен, две лица...

Топ16 часа

(Видео) Еден загинат, повеќе повредени во тешката сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Еден загинат и повеќе повредени лица е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Ботун, на патот Охрид-Кичево....

Топ17 часа

Ја удирал вонбрачната партнерка со тупаници и клоци по главата и телото, скопјанец осомничен за семејно насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено...

Топ19 часа

Уапсен старец од Скопје кој допирал малолетничката во автобус

Старец од Скопје, допирал малолетничка во автобус, информира МВР. Имено, вчера во 12.45 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски...

Македонија21 час

Фон дер Лaјен: Уставните измени се во корист на Северна Македонија и регионот, ЕУ дава поддршка

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен, во Братислава, каде што учествуваат на...

Македонија24 часа

(Видео) Адвокатот зборуваше за повредите на Пендиков, болниот се смееше зад грб на прашањата

Додека адвокатот Стефан Карамишевски зборуваше за повредите на Христијан Пендиков, болниот зад грб се смееше на новинарските прашања. Карамишевски не...

Македонија1 ден

Министерот за здравство без магичен стап: Тоа нема да се случи преку ноќ, но се стремиме да ги изградиме болниците

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во ново јавно појавување одново се жалеше од состојбите во секторот со кој раководи. Пред...

Македонија1 ден

Почина Драги Христов, познат како Драги Шпага

Драги Христов, кого сите го познаваа по прекарот Драги Шпага, почина на 52 години по кусо и тешко боледување. На...

Македонија1 ден

(Видео) Пендиков веќе не се плаши, пред новинарите се пожали, на сè не одговара: Не е убаво да ве пцујат

Христијан Пендиков застана пред македонските новинари, но адвокатот Стефан Карамишевски не му дозволи да одговара на прашања што не се...

Македонија1 ден

Кратка драма на судењето за Пендиков: судијата не даде одлагање, адвокатите на обвинетиот си излегоа од судницата за да го запрат судењето

Нов доказ предложен од охридското Обвинителство против обвинетиот Илија Спасевски е доставен до судот во случајот со натепувањето на Христијан...

Свет1 ден

Медведев: Лондон де факто војува со Русија, британските власти се легитимна воена цел

Лондон практично води необјавена војна против Москва, што значи дека секој британски функционер може да се смета за легитимна воена...

Македонија1 ден

По потпишувањето на договорот, Груби почна да носи патики што чинат колку една македонска плата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Артан Груби е човек без срам. Очигледно стандардот на облекување на Артан Груби порасна со потпишувањето на договорот за коридорите...