Контакт

Европа

Фон дер Лајен побара од земјите од ЕУ да предложат по двајца кандидати за еврокомесар – жена и маж

Објавено пред

Земјите од ЕУ да предложат по двајца кандидати за еврокомесар – жена и маж, побара новоизбраниот претседател на Европската комија, Урсула фон дер Лајен, потврди заменик-претседателот на ЕК, Франс Тимерманс, кој ќе остане на истата функција и во идниот состав на ЕК.

Лајен изјави дека новата Комисија ќе има ист број еврокомесари мажи и жени. Таа настојува државите да ги предложат најдобрите кандидати и предупреди дека ќе отфрли кој било предлог доколку утврди дека не одговара на поставените обврски.

Пред речиси еден месец тогашниот претседател на ЕК, Жан-Клод Јункер, првпат откри дека во 2014 година отфрлил шестмина кандидати за еврокомесари, а 10 кандидати предложил сам. Тој објасни дека досега тоа никому не му го кажал со цел да се избегнат внатрешнополитички последици.

Јункер настојува за ограничување на бројот на еврокомесарите, што според него треба да изнесува повеќе од 17 и помалку од 20.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Пoтрага по исчезнатите спелеолози во Полска

Објавено пред

По неколкучасовна потрага по двајца спелеолози, кои поради пораст на водата беа заробени во најголемата пештера во Полска, спасувачите велат дека стравуваат за нивните животи.

Десетици спасувачи во текот на ноќта трагаа по исчезнатите истражувачи, пренесува АП.

Тие биле заробени додека истражувале непознати делови на Големата снежна пештера на Татрите, најдолгата и најголема пештера во Полска.

Шефот на тимот за спасување, Јан Кристоф, изјави дека неговиот тим немал контакт со исчезнатите спелеолози и може само да претпоставува каде би можеле да бидат.

Спасувачите напредуваат бавно користејќи мала количина експлозив за да ги разбијат карпите и да ги прошират премините во пештерата. Исто така, потребно е да поминат три часа помеѓу експлозиите за да се расчисти воздухот во пештерата.

Прикажи повеќе...

Европа

Пациент уби пет лица во психијатриска болница во Романија

Објавено пред

Пациент во психијатриска болница во Романија претепал до смрт пет други пациенти со сталак за инфузија и повредил уште неколкумина, соопштија денеска официјалните лица.

Сè се случило во неделата во болницата во Сапока, североисточна Романија.

Според АП, 38-годишен пациент убил три лица на самото место. Четвртиот починал вчера во болницата, а денес уште една 88-годишна жена.

По овој инцидент, шефот на болницата, Виорика Михаласку, поднесе оставка.

Романското Министерство за здравство соопшти дека против вработените во болницата ќе биде поднесена кривична пријава за небрежност на работното место.

Романскиот портал romaniajournal известува дека девет лица се повредени, од кои некои во кома.

Сите жртви, наводно, биле постари лица шро биле примени во болницата поради деменција и затоа не реагирале кога биле нападнати.

Полицијата го уапси напаѓачот и тој е во притвор.

Прикажи повеќе...

Европа

Од здравствени причини Јункер не учествува на Г7

Објавено пред

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, нема да присуствува на самитот на Г7 оваа недела од здравствени причини, изјави денеска портпаролката Наташа Берто.

Таа рече дека Јункер имал успешна операција на жолчното кесе во текот на викендот, но лекарите го советувале да не патува.

Таа додаде дека Јункер ќе разговара за прашањата на Г7 пред самитот со своите домаќини – францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пренесува АП.

Самитот на Г7 се одржува од сабота до понеделник во Бијариц.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија4 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ4 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија4 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Свет5 часа

ОН: Во светот во моментот има дури 70 милиони бегалци, што е рекорд по Втората светска војна

Бројот на бегалци во светот достигна рекорден број од 70 милиони, што е најмногу од Втората светска војна, соопштија ОН....

Македонија5 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа5 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет6 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија17 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет18 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет19 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија19 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет19 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт22 часа

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија1 ден

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион1 ден

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет1 ден

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет1 ден

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 ден

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Досие