Свет
„Форбс“: 50 лекари и научници станаа милијардери за време на пандемијата

Списанието „Форбс“ најде 50 нови милијардери во здравствениот сектор оваа година. Најзначајните нови лица се научниците што стојат зад двете најуспешни вакцини против коронавирусот – едната развиена од „Фајзер“ и „Бајонтек“ и другата откриена од „Модерна“.
Угур Шахин, извршен директор на „Бајонтек“, кој ја основа компанијата со сопругата Озлем Туречи, сега вреди 4,2 милијарди долари. Стефан Банцел, директор на „Модерна“, има 4,1 милијарди долари. Вртоглавиот подем на „Модерна“ создаде уште двајца милијардери од нејзините први инвеститори, имунологот од „Харвард“, Тимоти Спрингер, и научникот од МИТ, Роберт Лангер.
Но, заработката не беше само на вакцините. Компаниите што биле вклучени во развојот на лекови што помагаат да се потиснат симптомите на Ковид-19 исто така профитирале на пазарот. Карл Хансен, извршен директор на канадската компанија за биотехнологија AbCellera, сега вреди 2,9 милијарди долари откако неговата компанија излезе во јавноста на 11 декември со лекување со антитела, кое го разви со фармацевтскиот гигант „Ели Лили“, а за кое доби одобрение од американската Агенција за храна и лекови.
Се збогатија и компаниите што работеа зад сцената, односно им помагаа на поголемите компании да тестираат нови лекови. Значи, Август Троендл, основач и извршен директор на фирмата за истражување договори со седиште во Синсинати, „Медпејс“, сега вреди 1,3 милијарда долари.
Новите милијардери потекнуваат од 11 земји, но повеќето живеат во Кина, раниот епицентар на Ковид-19. Меѓу нив, најистакнат е Ху Кун, претседател на производителот на медицински помагала „Контек медикал системс“. Заработката на „Контек“ се зголеми речиси 150 % поради силната продажба во странство на производи како што се пулсни оксиметри или апарати што ја анализираат состојбата на белите дробови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Олеснување на мерките во Австралија, 11 дена без нови случаи на коронавирус

Мерките заради коронавирусот на границите меѓу трите најнаселени федерални држави во Австралија треба да се олеснат бидејќи веќе 11 дена нема нови случаи на Ковид-19, објавија австралиските власти.
Австралија воведе карантин и строги контроли за патниците од државата Нов Јужен Велс (НСВ) по избувнувањето на епидемијата во Сиднеј кон крајот на декември, и бидејќи жариштата во овој град сега се под контрола, тоа им дава можност на другите делови од земјата кои немаат нови слушаи да ги отворат своите граници за жителите на НСВ, пренесува „Ројтерс“.
Премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашчук потврди дека нејзината земја ќе ги прима жителите на НСВ од 1 февруари.
„Сакам да ги видам семејството и пријателите како се обединуваат“, рече Палашчук на прес-конференцијата, пренесува агенцијата.
So Proud of where I live 🥰 South Australia 🇦🇺 Latest COVID update makes me Smile 😊 pic.twitter.com/KjZDyOm2cF
— Neen (@Killjoyneen) January 28, 2021
Југоисточната држава Викторија, која е домаќин на тенискиот турнир „Австралија опен“, посочи дека во петок може да ги промени мерките што се на сила на границата со НСВ.
Немало локални случаи на инфекција со Ковид-19 во овој дел на Австралија 22 дена, а во Викторија постои систем на дозволи за сите патници во кои државните области се означени како зелена, портокалова или црвена во согласност со нивната епидемиолошка ситуација.
Патниците од црвената зона не смеат да влезат во Викторија, додека оние од портокаловата зона ќе треба да направат тест за коронавирус во рок од три дена по пристигнувањето.
„Се надевам дека до крајот на утрешниот ден нема да има црвени зони во Нов Јужен Велс“, рече премиерот на Викторија, Даниел Ендрус.
Австралија од март пријавила повеќе од 22.000 локални случаи на смртност од Ковид-19 и 909 смртни случаи и е меѓу 10-те најуспешни земји во борбата против пандемијата на коронавирус, ннаведува „Ројтерс“.
Европа
УНХЦР бара да прекине насилството врз бегалците по должина на границите на Европа

Загрижени од зачестените протерувања и неформални враќања на бегалци и баратели на азил на европските копнени и морски граници, УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, ги повикува земјите да ги истражат и прекинат овие практики.
„УНХЦР добива постојани извештаи за европски земји кои го ограничуваат пристапот до азил, враќајќи луѓе откако пристигнале на територијата или територијалните води и употребувајќи насилство врз нив на границите“, изјави помошник-високиот комесар за заштита при УНХЦР, Џилијан Тригс.
„Неформалните враќањата се одвиваат на насилен и очигледно систематичен начин. Чамците со бегалци се влечени наназад. Луѓето, штом стигнат на копно, се собирани и потоа враќани на море. Многумина пријавуваат насилство и злоупотреби од страна на државните сили. Исто така, лицата кои пристигнуваат по копнен пат се неформално притворани и насилно враќани во соседни земји без да се земе предвид нивната потреба за меѓународна заштита.
Конвенцијата за бегалци од 1951 година, Европската конвенција за човекови права и законите на ЕУ бараат од земјите тие да ги заштитат правата на лицата кои бараат азил и заштита од враќање, дури и ако влезат по нерегуларен пат. Властите не можат по автоматизам да не дозволуваат влез или да ги враќаат луѓето без да извршат индивидуална проценка на лицата на кои им е потребна заштита.
Почитта кон човечките животи и правата на бегалците не е прашање на избор, туку правна и морална обврска. Иако земјите имаат легитимно право да управуваат со своите граници во согласност со меѓународното право, тие исто така мораат да ги почитуваат и човековите права. Неформалните враќања се едноставно незаконски“, рече Тригс.
Правото на барање азил е основно човеково право. Пандемијата со Ковид-19 не е исклучок, можно е да се обезбеди заштита од пандемијата и да се осигури пристап до правична и брза постапка за азил.
УНХЦР јасно ја изрази својата загриженост пред европските држави. Агенцијата за бегалци повикува итно да се истражат наводните прекршувања и малтретирање, кои се засноваат на веродостојни сведоштва и се потврдени од невладините организации, медиумите и извештаи од отворени извори. „Се залагаме за независни национални механизми за мониторирање кои ќе го осигураат пристапот до азил, ќе го спречат кршењето на права на границите и ќе обезбедат одговорност. Независното мониторирање се предлага и од Пактот на ЕУ и апелираме до земјите членки на ЕУ да го поддржат“, рече Тригс.
Бројот на пристигнувања во ЕУ продолжува да опаѓа секоја година. Бројот на лица кои пристигнале по воден и копнен пат во 2020 (95.000) е намален за 23 проценти во споредба со 2019 (123.700 лица) и за 33 проценти во споредба со 2018 (141.500).
Со толку малку пристигнувања во Европа, оваа состојба би требало да е под контрола. Жално е дека прашањето на азил продолжува да се политизира и да создава поделби и покрај ваквите бројки во опаѓање. УНХЦР согледува дека одредени земји носат непропорционална одговорност во однос на прифатот на новопристигнати луѓе. УНХЦР ги повикува останатите европски држави да покажат солидарност и да ги поддржат. УНХЦР исто така ги повикува европските земји да ги почитуваат своите постојни заложби за заштита на бегалците со тоа што ќе ги примаат барателите на азил на своите граници, ќе ги спасуваат на море и ќе дозволат нивно префрлање на копно и регистрација, како и поддршка на новите баратели на азил. УНХЦР е подготвена да им помогне на државите да ги достигнат овие меѓународни обврски во областа на азилот.
Свет
По 14 дена во карантин, СЗО конечно влезе во Вухан

Тимот на СЗО излезе од карантинот во Вухан за да започне со работа на терен за откривање на фактите за потеклото на вирусот што ја предизвика пандемијата на Ковид-19. Истражувачите, кои по пристигнувањето во Кина морале да поминат 14 дена во карантин, биле видени како излегуваат од хотелот и се качуваат во автобусот, но не е познато каде се упатиле.
Мисијата е под политички притисок, бидејќи Кина се обидува да избегне обвинување за наводни грешки во раниот одговор на пандемијата.Главното прашање е каде кинеската страна ќе им дозволи на истражувачите да одат и со кого ќе можат да разговараат.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома