Свет
(Фото) Ги користела животните како перница: двегодишно девојче залутало далеку од дома, пронајдено во шума со кучиња во Мичиген
Двегодишно девојче, кое талкаше босо на речиси три милји од својот дом со двете кучиња на семејството, беше пронајдено како спие покрај шумска патека во Мичиген користејќи го помалото куче како перница, соопштија локалните власти.
Во полиција било пријавено дека Теа Чејс исчезнала од куќата во руралниот град во Мичиген – Фејтторн.
„Теа Чејс залутала подалеку од семејната куќа“, изјави за Си-ен-ен поручникот Марк Џанунцио од полицијата на државата Мичиген.
Missing toddler found sleeping in woods using her dog as a pillow after walking 3 miles barefoot – CNN https://t.co/Fy7JkjrZDJ
— gopalkpuri (@gopalkpuri) September 24, 2023
Мајката на Теа рече дека почувствувала дека нешто не е во ред кога отишла да ја провери ќерка си, која си играла во дворот, а потоа дознала дека девојчето не влегло дома кога вујко ѝ ја повикал да ѝ облече патики.
📣BREAKING: MISSING TODDLER FOUND SLEEPING IN WOODS USING HER DOG AS A PILLOW AFTER WALKING 3 MILES BAREFOOT.
MORE DETAILS ⤵️
📰 Cr: CNN pic.twitter.com/NVwc1LQJYw
— Thediversedigest (@TDD_HQ) September 24, 2023
Двегодишното девојче потоа беше пронајдено во шумата како спие на земјата со главата потпрена на Хартли, семејниот англиски шпрингер шпаниел. Кога возачот на теренецот се обидел да се доближи до девојчето за да го разбуди, помалото куче за’ржало, рече Чејс, објаснувајќи дека „девојчето ги има двете семејни кучиња околу малиот прст и тие безрезервно ја слушаат“.
Мајката на девојчето исто така рече дека таа била во магла околу четири часа додека тимовите за пребарување ја барале нејзината ќерка.
Теа се врати дома на задното седиште од теренецот на семеен пријател и во тој момент само се насмеа и рече: „Здраво, мамо“.
Откриено е дека таа е добро по медицинската евалуација, рече Џанунцио.
Државната полиција на Мичиген испрати барања за беспилотни летала, тимови за пребарување и спасување и тимови со кучиња, а членовите на локалната заедница формираа своја група за пребарување за да помогнат во лоцирањето на детето за кое се веруваше дека е некаде во шумската област во близина на куќата, рече Џанунцио.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

