Контакт

Европа

(Фото) Објавенo што сè е украдено во неверојатниот грабеж во „Лувр“: спасена круната на царицата Евгенија

Објавено пред

Музејот „Лувр“ во Париз вчерутро беше местото на еден од најспектакуларните и најдрски грабежи во неговата историја. За седум минути, околу 9.30 часот наутро, група неидентификувани крадци провалија во галеријата „Аполо“, простор познат по изложбата на кралски накит, и украдоа осум непроценливи историски накити.

Според официјалното соопштение од француското Министерство за култура, целта биле две високообезбедени витрини, во кои се чува накит од колекциите на француските кралици и царици.

„Осум парчиња накит беа исчезнати, вклучувајќи тијари и ѓердани од кралските колекции“, соопшти министерството. Деветтиот предмет, круната на царицата Евгенија, која ‘Лувр’ ја опишува како ‘симбол на сјајот на Второто Царство’, сепак беше зачувана. Круната подоцна беше пронајдена во близина на познатиот музеј, заедно со нејзината кутија. Таа беше оштетена во грабежот.

Според информациите објавени од париската обвинителка Лаура Бекуо, крадците пристигнале со сопствена опрема, вклучувајќи мобилен кран или платформа, што ја користеле за да се искачат до прозорците на галеријата. Тие сами ја влечеле платформата, само неколку минути пред провалата, а потоа ја напуштиле додека бегале.

Француското Министерство за култура потврди дека се украдени осум предмети, а адвокатот Бекуау откри детален список на скапоценостите на ВФМТВ.

Што е украдено
Пленот, кој историчарите го нарекуваат „непроценливо парче од француската историја“, вклучува скапоцености од неколку кралски колекции:
Од колекцијата на Мари-Луиз, сопруга на Наполеон Бонапарта: ѓердан и чифт обетки со смарагди.
Од колекцијата на кралиците Мари-Амели и Хортенза: тијара, ѓердан и чифт обетки од сет со сафири.
Од колекцијата на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон III: два броша (од кои едниот е реликвијар), декоративен јазол за корсет и тијара.

Според извори блиски до истрагата, крадците се обиделе да ја земат и круната на сопругата на Наполеон III, царицата Евгенија, но ја оставиле во брзањето. Круната, висока 13 сантиметри и широка 15 сантиметри, содржи дури 1.354 дијаманти, 1.136 розети и 56 смарагди. Ја изработил познатиот париски јувелир Александар-Габриел Лемоние за Светскиот саем во 1855 година.

фотo: принтскрин

Најново

Спорт8 часа

Ван Гал сака да биде селектор на Холандија

Славниот холандски тренер Луј ван Гал повторно би можел да стане кандидат за функцијата селектор на холандската репрезентација. Искусниот стручњак...

Спорт8 часа

Монако го раскина договорот со Погба

Монако го раскина договорот со Пол Погба, објавува „Ле Паризиен“. Светскиот шампион со Франција во 2018 година минува низ бројни...

Спорт8 часа

(Видео) „Делиите“ ги избркаа играчите на Црвена звезда во соблекувалната

Црвена звезда доживеа дебакл против Хапоел Бер Шева и остана без Лигата на шампионите. Навивачите тешко ја поднесоа елиминацијата. По...

Забава10 часа

Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез

Кристијано Роналдо (41) се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32). Португалската фудбалска ѕвезда и манекенката се венчаа на...

Свет10 часа

Прашањето на германскиoт новинар до Зеленски предизвика бура од реакции

„Што можеме ние Европејците конкретно да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси? Секако, повеќе руски војници?“ Ова...

Свет11 часа

ОН: Авганистан е единствената земја во светот каде девојчињата не смеат во средно училиште

Пет години по доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан, околу 2,4 милиони девојчиња и натаму немаат пристап до средно...

Македонија11 часа

Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е...

Регион12 часа

Грчкиот премиер Мицотакис примен во болница по пад од велосипед

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил примен во болница по несреќа што ја доживеал додека возел велосипед. Според локалните медиуми, Мицотакис...

Свет12 часа

Либан ја укинува смртната казна

Либанскиот парламент денеска изгласа укинување на смртната казна, со што земјата би станала првата на Блискиот Исток што официјално го...