Контакт

Свет

Франција бара истрага дали Сирија употребува хемиско оружје

Објавено пред

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека мора да се разгледаат последните тврдења дека сириската влада употребува хемиско оружје.

Министерството се огласи откако во вторникот американскиот Стејт департмент наведе дека има знаци дека сириската влада можеби користи хемиско оружје, вклучувајќи го и наводниот напад со хлор во неделата во северозападна Сирија.

,,Ги примивме со вознемирување овие обвинувања, коишто треба да се разгледаат”, соопшти француското Министерство за надворешни работи на онлајн прес-брифинг.Тие порачаа дека имаат целосна доверба во Организацијата за забрана на хемиско оружје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

На 96 години почина модната икона Глорија Вандербилт

Објавено пред

Глорија Вандербилт американска наследничка, модна икона и дизајнерка почина на возраст од 96, објави нејзиниот син кој е новинар во Си-ен-ен, Андерсон Купер.
        
Таа беше правнука на финансиерот Корнелиус Вандербилт, а нејзиниот живот беше застапен на сензационалните насловни страници на магазините уште од нејзиното детство, преку нејзините четири брака и три разводи. Таа беше единствената ќерка на магнатот Реџиндалд Вандербилт и неговата втора жена. Таа беше во центарот на скандалозна борба за старателство на 1930-тите и позната дизајнерка на фармерки во 1970-тите и 1980-тите години.
        
Ја започна својата кариера како театарска актерка и модел. Подоцна се сврте кон работата на моден дизајнер, во што беше многу успешна. Особено популарни беа фармерките со нејзиниот потпис. Постои, исто така, парфем којшто го носи нејзиното име.
        
Си-ен-ен објави дека таа починала во нејзиниот дом, а боледувала од рак на стомакот.

Прикажи повеќе...

Европа

Доналд Туск сослушан поради затајување данок

Објавено пред

Претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, одговара пред полската комисија која ги истражува големите случаи на затајување данок во времето кога тој беше премиер на земјата.
Сослушувањето на Туск се смета како обид на владејачката Партија на право и правда, неговиот најголем ривал да го дискредитира пред есенските избори.

Членовите на комисијата го запрашаа Туск зошто неговата влада не ги запрела нелегалните дела на приватните претприемачи од 2007 до 2014 година, предизвикувајќи големи загуби во државниот буџет.Претходно, друга комисија го испитуваше Туск за авионската несреќа во 2010 година во која беше убиен тогашниот претседател Лех Качински, братот близнак на лидерот на Партијата на право и правда, Јарослав Качински.

Прикажи повеќе...

Свет

Поранешниот претседател на Египет почина во судница

Објавено пред

Поранешниот претседател на Египет, Мохамед Морси почина ненадејно откако му се слошило во судницата, за време на судењето кое се води против него.

Според агенциите, 67 – годишниот Морси починал денеска откако му се слошило. Тој се онесвестил за време на судскиот процес против него. Морси беше на чело на Египет во периодот од јуни 2012 и јули 2013 година. Со државен удар беше симнат од власт на 3 јули 2013 година, на што му претходеа масовни протести. Против Морси се водеше судски процес за корупција и злоупотреба на власта. Поранешниот египетски претседател беше во затвор од 2013 година, обвинет за разни злосторства.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток2 часа

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија2 часа

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија6 часа

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија8 часа

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија9 часа

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија9 часа

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски10 часа

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион11 час

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести1 ден

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт1 ден

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести1 ден

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт1 ден

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет1 ден

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ1 ден

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет1 ден

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет1 ден

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет1 ден

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет1 ден

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Досие