Контакт

Европа

Франција бара од Ирак да не погуби четири француски државјани

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриан, во вторникот рече дека Франција ги интензивира своите дипломатски напори за да спречи четири француски граѓани да бидат погубени во Ирак, откако тие беа осудени на смрт за припадност на Исламската држава.

Владата на претседателот Емануел Макрон изјави дека го почитува ирачкиот суверенитет, но се спротивставува на смртната казна.

Ирачките власти рекоа дека четворицата се осудени на смрт со бесење.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Истражување: 70 проценти од Германците сакаат да се вакцинирaат против коронавирусот

Објавено пред

Повеќето Германци сакаат да се вакцинираат против коронавирусот штом вакцината биде достапна, покажува студијата на германскиот Институт за економски истражувања (DIW).

Според тоа истражување, околу 70 проценти од Германците би сакале да бидат вакцинирани.

Исто така, половина од Германците сметаат дека треба да се воведе задолжително вакцинирање.

Тие истакнуваат дека задолжителното вакцинирање може да биде алтернатива на другите присилни мерки, како што се ограничување на контактите и скратеното работно време на угостителските објекти.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Австрија забрани да се носат визири, не штитат доволно од коронавирусот

Објавено пред

Во Австрија стапија во сила нови мерки за заштита и сузбивање на коронавирусот, а една од нив е забраната за носење визири.

Официјалните лица проценија дека маските кои добро се прилепуваат на лицето се единствената соодветна мерка за заштита во сите затворени простории, а другите заштити за лицето и носот не се доволни.

Причината за забрана на визирите и мини визирите што стојат на брадата и ја покриваат устата и повеќе или помалку носот и кои најчесто ги носат вработените во ресторани и продавници се студиите што наведуваат дека овој вид покривка не е доволен за да се спречи ширењето аеросоли во споредба со класичните маски, кои добро се прилепуваат за устата и носот.

„Механичките средства за заштита, како што се визирите или мини визирите, се покажаа несоодветни во спречувањето ширење на Ковид-19 и мора да бидат забранети“, се вели во соопштението на австриските власти.

Луѓето што не може да носат маски од здравствени причини ќе бидат изземени од ова правило.

Американска студија објавена во септември покажа дека од сите маски, визирите обезбедуваат најмала заштита од коронавирусот.

Германскиот Институт „Роберт Кох“ исто така издаде соопштение во кое се наведува дека употребата на визири не може да биде алтернатива за покривање на устата и носот бидејќи постојните студии покажуваат дека визирите не апсорбираат секретирани респираторни капки.

Прикажи повеќе...

Европа

Потпретседателот на Европската комисија има коронавирус

Објавено пред

Потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Схинас, е позитивен на коронавирусот.

Тој на „Твитер“ изјави дека поради здравствената состојба е во самоизолација.

„Само што открив за време на редовен тест на Ковид-19 дека сум позитивен. Затоа сум во самоизолација. Останете здрави“, напиша Схинас.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија2 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука4 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија5 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија5 часа

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија5 часа

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Македонија6 часа

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион6 часа

Коронавирус и во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус има и во Хрватска на одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица...

Регион7 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет7 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божикни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет7 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа8 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Македонија16 часа

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест на Ковид-19. „Би сакал да...

Свет19 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа20 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија21 час

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија1 ден

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија1 ден

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа1 ден

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет1 ден

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Досие