Контакт

Европа

Франција, Британија и Германија бараат одржување седница на СБ на ОН за Сирија

Објавено пред

Франција, Велика Британија и Германија го повикаа Советот за безбедност на Обединетите нации да свика седница по повод турската офанзива во северна Сирија, изјави денеска државниот секретар за европски прашања во француското Министерство за надворешни работи, Амели де Моншален.

Таа рече дека трите држави финализираат заедничка изјава со која силно ја осудуваат турската офанзива, но дека сè уште не е договорено посебно соопштение на ЕУ, бидејќи некои земји сè уште не се вклучиле.

Во меѓувреме, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Твитер изрази надеж дека турските власти ќе бидат воздржани во воената операција Сирија.

„НАТО е информиран од турските власти за операцијата која во тек во северна Сирија. Сметам на Турција да делува воздржано и да се осигура дека победите кои ги издејствуваме во борбата против Исламска држава нема да бидат доведени во опасност. Ќе разговарам за ова прашање со претседателот Ердоган в петок“, напиша генералниот секретар на НАТО чија членка е Турција.

Европа

Емотивниот говор на кралицата го следеа повеќе од 23,5 милиони луѓе

Објавено пред

Говорот на британската кралица Елизабета Втора пред народот во врска со пандемијата на коронавирус го следеа повеќе од 23,5 милиони луѓе во неделата.

Многу Британци сметаат дека тоа е многу емотивен говор, кој кралицата го заврши со зборовите:

„Ќе се сретнеме повторно набргу“, пишува „Дејли мејл“. Пораката на кралицата беше емитувана од сите британски телевизии, а можеше да се гледа и на социјалните мрежи на кралското семејство, при што новинарите го следат кралското семејство истакнувајќи дека ова е еден од најславните моменти на кралицата во нејзиното 68-годишно владеење.

За кралицата се вели дека им покажала на жителите на Велика Британија и на земјите од Комонвелтот дека е сосема покрај нив, а некои дури и да го споредуваат нејзиниот гест со оној од Втората светска војна кога решила да остане во Лондон наместо да избега на безбедно место.

Кралицата ретко ѝ се обраќа на нацијата, освен со порака за секој Божик и луѓето од Велика Британија се задоволни од нејзината извонредна порака. Тие истакнуваат дека таа ги охрабрила и сите се надеваат оти пандемијата на коронавирусот ќе заврши набргу.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Шпанија украдени два милиона заштитни маски

Објавено пред

Бизнисмен од градот Сантијаго де Компостела е уапсен под сомнение за кражба на медицински материјали, вклучително и околу два милиона заштитни маски, пренесоа локалните весници.

Материјалот, вреден пет милиони евра, бил украден од магацин во индустриска област, а полицијата соопшти дека се сомнева оти крајната дестинација за препродажба е Португалија.

„Сè е исчезнато“, рече Алфонсо Пренса, потпретседател во регионалната влада на Галиција, во изјава за шпанската телевизија, ТВЕ.

Во магацинот, зад неговиот грб, телевизиските камери регистрирале расфрлани и испразнети кутии.

Бизнисменот од Сантијаго де Компостела бил ослободен откако бил сослушан од судија во Врховниот суд на Галиција, но тој и натаму е под истрага, јавуваат шпанските локални медиуми.

Прикажи повеќе...

Европа

Велика Британија и Франција станаа нови Италија и Шпанија: До крајот на неделата ќе има повеќе од 10.000 починати

Објавено пред

Статистичките податоци покажуваат дека Велика Британија и Франција го следат застрашувачкиот пат што веќе го поминаа Италија и Шпанија, објави британски „Скај њуз“.

Со 47.806 заразени и 5.000 починати, Велика Британија моментно е рангирана на осмото место во најтешко погодените земји во светот, но наскоро би можела да стане европски епицентар.

Според сегашниот раст, Велика Британија би можела да има повеќе од 10.000 мртви до крајот на неделата.

„Скај њуз“ објави табела на смртни случаи по земја, покажувајќи го зголемувањето на стапката на смртност во најтешко погодените земји откако биле пријавени првите 100 случаи.

Првите десет дена по 100 жртви, британската крива на смртност беше под италијанската и шпанската, што се сметаше за охрабрувачки знак, но потоа се случи пресврт.

И, како што почнаа да се исправаат шпанските и италијанските криви, британската почна нагло да се искачува.

Франција стана петта земја што ја престигна Кина во однос на бројот на заболени и трето по големина жариште во Европа, а потоа почна да бележи рекордни броеви на смртни случаи, пренесува „Скај њуз“.

Стапката на смртност скокна за 61 процент до викендот, а бројот на заразени лица се зголеми за 44.

Во моментов има 92.839 пациенти во земјава и 8.078 починати.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Главниот научник во ЕУ поднесе оставка

Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави...

Свет12 минути

Борис Џонсон е во стабилна состојба

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина и втората ноќ на интензивна нега, каде прима соодветна терапија поради коронавирусот. „Господинот Џонсон...

Свет14 минути

(Видео) Вухан излезе од изолација, луѓето ја пееја химната на мостовите

По речиси 11 недели или точно 76 дена, кинескиот град Вухан, каде почна пандемијата на коронавирусот, излезе од изолација. Кинеските...

Свет51 минута

Трамп ги шокира Американците: Ќе го прекинеме финансирањето на СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа одржа ретко видена прес-конференција во Белата куќа, на која се пресмета со противниците на најлошиот...

Регион1 час

Вучиќ: Полициски час преку цел викенд, вонредна состојба уште еден месец

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека вонредната состојба во Србија поради пандемијата на коронавирусот, би можела да биде укината во...

Македонија12 часа

Вработените во јавниот сектор, кои се ослободени од работа, нема да имаат лански одмор

На оваа седница Владата ја донесе уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за...

Македонија13 часа

45-годишен скопјанец почина од коронавирус на пат кон болница

Четириесет и петгодишен пациент од Скопје заболен од коронавирус починал на пат кон болницата „8 Септември“. Според информација од Институтот...

Економија13 часа

Македонската банкарска асоцијација апелира: Плаќајте преку интернет, користете картички место кеш

Македонската банкарска асоцијација информира дека банките и штедилниците интензивно преземаат активности за заштита на здравјето на клиентите. „Апелираме до граѓаните,...

Економија15 часа

ССМ: Поради солидарност, старите одмори да ги искористат сите вработени во приватниот сектор

Сојузот на синдикатите на Македонија и Државниот инспекторат за труд не ја толкуваат исто уредбата за користење на годишните одмори...

Свет15 часа

Крај на блокадата, Вухан отворен по 76 дена изолација

Кинеските власти ја укинаа блокадата на Вухан и ги одблокираа сите излези од градот кој беше жариште на епидемијата од...

Македонија15 часа

Коронавирусот и кај нас ќе се лекува со крвна плазма од оздравени пациенти

Изготвен е протоколот за лекување заболени од коронавирус со крвна плазма од излекувани пациенти, информира министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија16 часа

Филипче: Се влошува состојбата на родилката од Куманово

Се влошува состојбата на родилката од Куманово, која е заболена од коронавирусот, а чие бебе е негативно на Ковид-19, информира...

Македонија17 часа

Пендаровски-Столтенберг: Со здружени сили за справување со пандемијата на коронавирусот

Претседателот Стево Пендаровски оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски му се...

Македонија17 часа

Некои возови нема да сообраќаат, други ќе возат по нов распоред

Новонастанатата ситуација со полицискиот час, кој ќе почне од утре во 16 часот, а за време на викендот ќе трае...

Македонија18 часа

Адеми: Се разгледува одложување или укинување на државната матура

Министерот за образование, Арбер Адеми, изјави дека се разгледува и дискутира за тоа дали ќе се спроведе државната матура оваа...

Македонија18 часа

Интернет-картички за учениците од социјално загрозени семејства за онлајн настава

Над 18 илјади картички за мобилен интернет ќе овозможат околу 30 илјади семејства да имаат пристап до интернет за децата...

Македонија19 часа

За еден ден во земјава регистрирани пет смртни случаи од коронавирус

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести изминатите 24 часа починале четворица пациенти заболени од коронавирус. Станува...

Свет20 часа

Во Русија почнаа клинички испитувања на три препарати против Ковид-19

Во Русија почнаа клиничките испитувања на три препарати за лечење на пациентите заразени со Ковид-19, мефлохин, хидроксихлорикин и калидавир, соопшти...

Регион20 часа

Сите заразени со корона во Србија ќе мора да бидат хоспитализирани

Пациентите во Србија кај кои е потврдено дека се позитивни на Ковид-19 веќе нема да можат да се лечат во...

Македонија21 час

Долги редови пред банките во Куманово, се чека и по два часа

Метеж во сообраќајот, долги редици пред банките, маркетите и аптеките, оваа е сликата во Куманово веќе втор ден, по полицискиот...

Досие