Контакт

Свет

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Објавено пред

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат да штрајкуваат сè додека претседателот Емануел Макрон не се откаже од планираната пензиска реформа.

Штрајкот го спротивстави Макрон, 41-годишен поранешен банкар, кој дојде на власт во 2017 година со ветување за отворање високорегулирана француска економија, со моќни синдикати кои велат дека тоа ќе го влоши статусот на работниците.

Исходот ќе зависи од тоа кој ќе попушти прв – синдикатите кои ризикуваат да изгубат поддршка од јавноста доколку дневните нарушувања траат премногу долго или владата што се плаши гласачите да застанат зад синдикатите и да ја обвинат за хаосот на улиците.

Железничките синдикати гласаа за продолжување на штрајкот до петок, додека синдикатите на јавниот превоз во Париз одлучија тој да трае до понеделник. Останатите работници ќе одлучат за времетраењето на штрајкот денеска.

Десетици илјади луѓе вчера излегоа на улиците на француската престолнина – полицијата проценува дека 65.000 луѓе протестирале во Париз и дека имало 806.000 демонстранти низ цела Франција. Синдикатите имаат поголема бројка.

Безбедносните сили во Париз употребија солзавец откако демонстрантите фрлаа пиротехника кон полицијата, уништија автобуски станици и запалија контејнери за ѓубре. Неколку десетици лица се уапсени, а синдикатите истакнуваат дека оние што вршат насилство не се поврзани со нив.

Свет

Трамп : Хамнеј да внимава што зборува

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди иранскиот верски водач да биде претпазлив во врска со изјавите.

„Таканаречениот супериорен лидер во Иран, кој и не е така супериорен во последно време, кажа некои непријатни работи за Соединетите Американски Држави и за Европа. Иранската економија се распаѓа и нивните луѓе страдаат. Тој треба да биде многу внимателен при изборот на зборови“, порача Трамп на Твитер.

Тензиите во односите меѓу САД и Иран се ескалираа по неодамнешниот американски воздушен напад, во кој во Багдад загина иранскиот генерал Касем Сулејмани. Иран одговори со ракетни напади врз две американски бази во Ирак.
        
Верскиот лидер во Иран, ајатолахот Али Хамнеј најави жесток одговор на САД во врска со убиството на генералот, којшто тој лично го одликуваше минатата година.

Прикажи повеќе...

Регион

Тирана: Повеќе од 5.000 мигранти побарале азил во Албанија

Објавено пред

Во 2019 година повеќе од 5.000 бегалци и мигранти побараат азил во Албанија. Мигрантите обично ја користат рутата преку Девол и Корч, но заради студеното време, трасата се пренасочува кон Саранда.
        
Според албанската телевизија Топ центар, мигрантите, најверојатно, доаѓаат од бегалските кампови во Грција, ја минуваат Албанија за да влезат во Црна Гора и Хрватска, а потоа и во земјите на ЕУ. Минатата година во Албанија беа откриени над 10.000 мигранти, што е за 50% повеќе од 2018 година.
        
Покрај албанските полицајци, 66 полицајци од 12 земји членки на ЕУ, членки на Европската агенција за гранична безбедност, вршат контроли на албанско-грчката граница.

Полициската статистика во Албанија потврдува дека во 2018 година, рекорден број мигранти во земјата поднеле барање за азил – 4.095, најголем број се државјани на Сирија, во споредба со 307 во 2017 година.Во 2019 година повеќе од 5.000 бегалци и мигранти побарале азил во Албанија.

Прикажи повеќе...

Свет

Пукање во САД: Убиени четири лица, еден ранет

Објавено пред

Четири лица загинаа, а едно е повредено во пукање што се случи во американската сојузна држава Јута, соопшти полицијата. Пукањето се случило во градот Грантсвил, а осомничениот напаѓач е уапсен.
       
Повредениот бил згрижен во болницата, јавува Си-ен-ен. Полицијата соопшти дека имало еден напаѓач, но неговиот идентитет, како и имињата на жртвите, не е објавен.
       
Не е познато дали тие се поврзани на кој било начин, или кој е мотивот за нападот.Грантсвил е град со околу 11.000 луѓе и се наоѓа на околу 60 километри од Солт Лејк Сити.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура48 минути

Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња. What a perfect...

Економија2 часа

Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова...

Економија3 часа

Комората на сметководители препорачува: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или...

Свет3 часа

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за...

Спорт3 часа

Михајловиќ: Имав напади на паника во болница, сакав да побегнам низ прозорец!

Екс-српскиот фудбалер, а сега актуелен тренер на калчолигашот Болоња, Синиша Михајловиќ за тв емисијата „Verisimo” раскажа досега непознати детали од...

Свет3 часа

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф...

Свет16 часа

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Европа19 часа

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да...

Македонија20 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Европа22 часа

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа...

Свет24 часа

Еден милион морски птици умреле над Тихиот Океан

Дури еден милион морски птици умреле над Пацификот за помалку од 12 месеци, а експертите велат дека е виновна топлата...

Регион1 ден

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ1 ден

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет1 ден

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија1 ден

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија1 ден

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет1 ден

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион1 ден

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во јужниот дел на Мексико, кој според медиумите...

Свет1 ден

Oслободени новинарите на „Анадолија“ коишто беа уапсени во Каиро

Новинарите на турската државна новинска агенција „Анадолија“, кои во средата беа уапсени во Каиро, се ослободени откако платија кауција од...

Досие