Контакт

Европа

Франција ги укинува полицискиот час и носењето маски на отворено

Објавено пред

Франција, в недела (20 јуни), ќе го укине задолжителното носење маски на отворен простор и ќе стави крај на воведениот осуммесечен полициски час со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Најавата на францускиот премиер Жан Кастекс доаѓа во време кога во Франција на дневно ниво се регистрираат околу 3.900 новозаразени лица, што е многу помалку од 35.000 колку што имаше на врвот на инфекцијата во март и април, пренесува „Ројтерс“.

Кастекс ја поздрави добрата вест и рече дека полицискиот час ќе биде откажан в недела, 10 дена порано од предвиденото.

Повеќе од 58 проценти од возрасната француска популација примиле барем една доза од вакцините против Ковид-19.

Во вторникот Франција почна програма за вакцинација за деца на возраст од 12 до 18 години како дел од напорите за заштита на нацијата бидејќи постепено се укинуваат ограничувањата.

Европа

Фон дер Лаен: Недостигаат валидни податоци за одобрување на руската вакцина „спутник В“

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, верува дека Европа е добро подготвена за можна администрација на третата доза од вакцината против коронавирус и посочува дека недостигаат валидни податоци за одобрување на руската вакцина „спутник В“.

„Нарачавме 1,8 милијарда дози од ‘Фајзер’ до 2023 година. Тоа е најголемата порачка во светот и е доволно за спроведување можна трета доза од вакцинацијата во ЕУ“, објасни таа.
Кога станува збор за одобрување на руската вакцина „спутник В“ од Европската агенција за лекови (ЕМА), таа посочи дека овој процес е сѐ уште неизвесен.

„Досега производителот не можеше да достави доволно валидни податоци за да ја докаже безбедноста на вакцината“, објасни Фон дер Лаен додавајќи дека ова иницира голем број прашања.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека Москва е свесна за кампањата на западните земји против руските вакцини против Ковид-19 и смета дека таа е неоснована.

„Забележавме неосновани напади на многубројни западни земји врз руските вакцини. Во исто време, би сакал да нагласам дека Рускиот фонд за директни инвестиции и експерти од Рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија ‘Гамалеја’ веднаш дадоа детаљни одговори на сите конкретни прашања во врска со ова“, рече Лавров во интервју за рускиот весник „Комсомолскаја правда“.
Претходно, на вебинар за руската надворешна политика на 23 јули Лавров рече дека Русија е отворена за предлогот на Европската Унија за меѓусебно признавање на вакцините против Ковид-19 и сертификатите за вакцинација.

Прикажи повеќе...

Европа

СЗО бара 11,5 милијарди долари за борба против делта-сојот

Објавено пред

Светската здравствена организација бара 11,5 милијарди долари итни средства за борба против позаразниот делта-сој на коронавирусот, се наведува во нацрт-извештајот до кој „Ројтерс“ имаше пристап.

Голем дел од парите што се бараат од партнерите на СЗО е потребн за купување тестови, кислород и маски за лице за посиромашните земји, според документот, кој се очекува да биде објавен оваа недела.

Како што е соопштено, извештајот, кој сѐ уште може да се промени, ги прикажува резултатите и финансиските потреби на програмата ACT за поддршка на вакцините, третманот и дијагнозата на Ковид-19 во светот.

Програмата, која беше воспоставена на почетокот на пандемијата, сѐ уште е недоволно финансирана, а нејзините координатори стравуваат дека ќе остане таква, изјавил неименуван претставник на ACT за „Ројтерс“.

Како резултат на тоа, СЗО намали речиси 5 милијарди долари во вкупните барања за дополнителни средства, покажува документот, а сепак ѝ се потребни 16,8 милијарди долари, речиси онолку колку што досега се собрани. Итно се потребни 7,7 милијарди долари.

Во документот исто така се бараат дополнителни 3,8 милијарди долари, така што в година ќе може да се испорачаат 760 милиони дози вакцина против Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Европа

Евакуација во четири населени места во Турција поради пожарите

Објавено пред

Пожар во станбена област во јужна Турција принуди голем број жители да се евакуираат бидејќи противпожарните служби продолжуваат да се борат со големите пламени јазици на јужниот и југозападниот брег на земјата, јавија денеска турските агенции.

Пожарот избувна во населбата Бејчилер во провинцијата Мугла и се прошири на четири населени места во областа Бодрум стигнувајќи до населбите Туркевлери и Орен.

Пламените јазици, кои бргу се проширија од силниот ветер, ги принудија жителите да ги напуштат своите домови, а новинарите спасија мачка заробена на балкон.

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, вчера изјави дека 16.603 жители од 3.219 домаќинства во 28 населени места се евакуирани поради пожарите на југот на земјата.

Најмалку осум лица го загубија животот во пожарите што избувнаа во средата, 28 јули.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ5 часа

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион7 часа

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа7 часа

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија7 часа

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија7 часа

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион8 часа

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет8 часа

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Топ20 часа

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија22 часа

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија1 ден

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија1 ден

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија1 ден

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Македонија1 ден

Жителите на Кочани што побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани, кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување чад како последица од...

Свет1 ден

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Европа1 ден

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Речиси 28 проценти од Европејците не може да си дозволат една седмица одмор надвор од своето место на живеење, а...

Македонија1 ден

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија1 ден

Од денес стапува во сила целосната забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија2 дена

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Досие