Контакт

Европа

Франција забрани пестициди што убиваат пчели

Објавено пред

В сабота во Франција ќе стапи во сила забраната на пет вида неоникотиноидни пестициди, со што оваа земја го презема водечкото место во борбата против хемикалиите што се одговорни за драматично намалување на бројот на пчелите.

Одлуката на француските власти е поздравена од пчеларите и активистите за заштита на животната средина, но на неа се противат одгледувачите на житни култури и шеќерот тврдејќи дека немаат ефективна алтернатива за заштита на нивните култури од паразити.

Во Европската Унија постои забрана за три типа неоникотиноиди во култури – клотијанидин, имидаклоприд и тијаметоксам.

Франција отиде чекор подалеку и забрани уште два вида, тијаклоприд и ацетампирид, но не само во отворени полиња, туку и во оранжериите.

И Канада најави дека има намера да ги отстрани клотијанидинот и тијаметоксамот од употреба.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Се слави на улиците, Маѓар им се обрати на поддржувачите: „Унгарија победи“

Објавено пред

Фејсбук-страницата на Петер Маѓар го емитува во живо неговото пристигнување кај поддржувачите. „Унгарија победи“, напиша тој покрај видеото.

Прикажи повеќе...

Европа

Кој е Петар Маѓар? Човекот кој го победи Орбан

Објавено пред

Орбан го призна поразот на денешните унгарски избори. Кој е човекот што го победи – Петер Маѓар?

Маѓар им се допадна на гласачите разочарани од економската стагнација, кризата со трошоците за живот и корупцијата. Тој е 45-годишен адвокат кој до неодамна беше дел од системот на Орбан. Тој имал позиции поврзани со државните институции и бил близок до владејачките структури. Тој беше најпрепознатлив во јавноста како сопруг на министерката за правда на Орбан, Јудит Варга, членка на Фидес.

Тој доби пошироко внимание дури на почетокот на 2024 година, во средината на скандалот околу претседателското помилување во случај на прикривање на педофилија, што доведе до оставка на неговата поранешна сопруга Варга од функцијата министер.

Потоа Маѓар објави снимка од нивниот разговор, која тајно ја снимил, во која Варга потврдува дека врвни владини помошници интервенирале во досиејата на обвинителството во уште еден голем корупциски скандал. Со ова драматично раскинување со елитата, тој започна метеорски подем од релативна анонимност. Тој го презеде раководството на претходно непознатата партија Тиса и почна да прави енергични јавни настапи.

Бројни ветувања
„Тој изгради опозициско движење неверојатно брзо. Никогаш не сме виделе партија да порасне толку брзо од посттранзициската Унгарија“, изјави Габор Ѓери од Полиси Солушнс, институт за истражување на политики со седиште во Будимпешта, за „Гардијан“ неколку дена пред изборите.

Маѓар вети дека ќе ги отфрли многу од најпроблематичните делови од програмата на Орбан. Тој вети дека ќе ги врати демократските контроли и рамнотежа и ќе ги поправи односите со ЕУ за да ги ослободи замрзнатите средства. Еден од првите чекори би можел да биде приклучувањето на Унгарија кон Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (EPPO).

Тој, исто така, вети дека ќе ја прекине зависноста од руската енергија до 2035 година (целта на ЕУ за ова е 2027 година).

Близок со Орбан по некои прашања

Но, кога станува збор за миграцијата, тој вети дека ќе заземе поцврст став од Орбан, најавувајќи го крајот на системот за увоз на странски работници, според „Гардијан“. Маѓар веќе изјави дека ќе се спротивстави на миграцискиот пакт на ЕУ.

Иако Маѓар ги критикуваше врските на Орбан со Русија за време на кампањата, кога станува збор за Украина, тој ќе ја продолжи својата политика на спротивставување на испраќањето оружје во таа земја и забрзаниот влез на Киев во ЕУ.

И покрај недостатокот на драматично зголемување на поддршката за Украина, аналитичарите како оние од тинк-тенкот „German Marshall Fund“ веруваат дека Унгарија би можела да стане попредвидлив партнер на ЕУ под новата влада.

Кога станува збор за други клучни прашања, како што се Орбан и напорите на неговата влада да ги забрани настаните на Прајд, Маѓар останува нејасен.

„Тој едноставно не се занимава со родовите и сексуалните малцинства. Сите претпоставуваат дека тој ќе биде многу попријателски настроен по овие прашања отколку што беше владата на Фидес, и тоа веројатно е вистина, но тој едноставно не зборува за нив“, рече Ѓер.

Би-Би-Си пишува дека Маѓар не е либерал, потсетувајќи дека отворено ја исмејувал либералната опозиција која се обидела да му се спротивстави на Орбан во минатото.

Според анализата на гласањето во Европскиот парламент спроведена од „Еулитикс“ за Европскиот политички центар, европратениците од Тиса се во голема мера усогласени со проевропските политички опции, но за политички чувствителни прашања како што се Украина, миграцијата и земјоделството, тие често заземаат позиции блиски до Фидес.

Прикажи повеќе...

Европа

Маѓар доби честитки од германскиот канцелар и генералниот секретар на НАТО

Објавено пред

Петер Маѓар објави на својата Фејсбук страница дека добил телефонски честитки од германскиот канцелар Фридрих Мерц и генералниот секретар на НАТО Марк Руте за победата на неговата партија.

Претходно, тој објави дека добил телефонски честитки за победата од францускиот претседател Емануел Макрон и Манфред Вебер, претседател на Европската народна партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Карни обезбеди парламентарно мнозинство во Канада

Канадскиот премиер Марк Карни вчера обезбеди парламентарно мнозинство на локалните избори, една година по преземањето на функцијата, што му дава...

Свет7 минути

(Видео) Протести во Њујорк против продажбата на оружје на Израел: „90 лица беа приведени“

Неколку десетици демонстранти беа приведени вчера во Њујорк за време на демонстрациите со кои се бараше прекин на продажбата на...

Свет20 минути

Лавров до Аракчи: Клучно е да се спречи обновување на сите непријателства на Блискиот Исток

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера му порача на својот ирански колега Абас Аракчи дека е клучно да...

Свет22 минути

Трамп го нападна папата, папата одговори; Венс: Ватикан треба да се држи до моралните прашања

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс вчера го повика Ватикан да „се држи до моралните прашања“ откако папата Лав XIV изјави дека...

Свет26 минути

Танкер санкциониран од САД помина низ Ормускиот теснец и покрај блокадата

Танкер под санкции на САД помина низ Ормускиот теснец и покрај блокадата на клучниот бродски пат од страна на САД,...

Македонија38 минути

До четврток времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални...

Спорт7 часа

(Видео) Фиорентина бега од опасната зона

Фиорентина славеше победа над Лацио (1:0) во последниот натпревар од 32-то коло на Серија А и освоија исклучително важни бодови...

Спорт7 часа

(Видео) Голем триумф на Лидс во борбата за опстанок, победија на „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Лидс го победија Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, во последниот натпревар од 32-то коло од Премиер...

Регион9 часа

Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна...