Вести
Франција: Ќе го признаеме Гуаидо, ако Мадуро до полноќ не распише избори

Франција ќе го признае лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо како привремен претседател на Венецуела, ако претседателот, Николас Мадуро не распише предвремени претседателски избори до полноќ, изјави француската министерка за европски прашања, Натали Лоазо.
„Ако до полноќ венецуелскиот претседател Николас Мадуро не се посвети на организирање на претседателските избори, во тој случај, Франција ќе го смета Хуан Гуаидо за легитимен претседател”, изјави Лоазо за француската телевизија LCI.
Како што пренесоа тамошните медиуми таа, како фарса, го отфрлила предлогот на Мадуро да организира предвремени парламентарни избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Унгарија продава 19 ловци „миг-29“

Министерството за одбрана на Унгарија одлучи на аукција да ги продаде своите ловци „миг-29“. Унгарските медиуми објавија дека на аукција ќе се најдат сите летала од советско производство кои не се во оперативна употреба од 2010 година.
Сите 19 ловци се продаваат во пакет, а некои од нив се делумно демонтирани. Во пакетот има и 20 мотори и уште 300 други делови вклучувајќи и авионски топови.
Почетната цена на пакетот е 2,8 милијарди форинти или околу 10 милиони долари. Но, пред да бидат официјално понудени на продажба, потребна е дозвола од Русија.
„Миг-29“ е советски повеќенаменски ловец. Унгарија во 1993 година добила 28 авиони од овој тип.
Вести
Елизабет Ворен влегува во трката за претседател на САД

Демократската сенаторка Елизабет Ворен и официјално ја најави својата кандидатура за претседател на САД. Кампањата за изборите што ќе се одржат во 2020 година ја заснова на популистичкиот повик на борбата против економската нееднаквост и создавање на Америка која ќе биде добра за сите.
Ворен повика на промени, го осуди „теснецот“ во кој се нашла средната класа и ситуацијата во која богатите не мора да сносат одговорност, а сите останати добиваат премалку прилики за успех.
Таа и нејзините приврзаници се надеваат дека оваа порака ќе ја одвои од останатите бројни кандидати за претседателска номинација од Демократската партија.
Ворен инаку е првиот истакнат демократ кој покажа интерес да се вклучи во трката за Белата куќа.
Вести
Трамп одби да се состане со Мадуро

Американскиот претседател, Доналд Трамп рече дека постои можност да се испратат војници во Венецуела, американскиот претседател посочи и дека тој го одбил барањето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро за средба.
„Секако дека е опција”, вели Трамп во интервјуто за телевизијата Си-би-ес, додека зборуваше за можно испраќање на војници во Венецуела.
Според Трамп, Мадуро побарал средба со него, но тој го одбил бидејќи, како што посочи тој, отишле далеку во процесот.
Во интервјуто, американскиот претседател, исто така говореше и за американската база во Иран, за која тој посочи дека е многу важно да се задржи, така што Вашингтон да може внимателно да го следи Иран.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал