Контакт

Свет

Француската влада им нуди 10.000 евра на работниците за да останат во париските забранети зони

Објавено пред

Како дел од акцискиот план за решавање на проблемите во проблематичното париско предградие Сен-Сан-Дени, француската влада им понуди 10.000 евра на работниците од јавниот скетор да останат да работат во таа област, пренесува „Ле Фигаро“.

dobivaj vesti na viber

Предлогот е една од 23-те мерки што владата ги презентира неделава за да ѝ помогне на областа, која е најсиромашниот дел во целата земја, и ќе регрутира уште 150 полицајци за да помогне во одржувањето на редот во областа.

Владата на претседателот Емануел Макрон исто така сака да ги подобри условите за домување во областа за локалните жители.

Бонусот од 10.000 евра ќе им биде достапен на работници во јавниот сектор, вклучително и на наставниците бидејќи студиите покажале дека стапката на заминување во областа е многу повисока од другите делови на Франција, при што работниците од Министерството за внатрешни работи остануваат во просек 2,7 години таму во споредба со Есон, на пример, каде што просекот е седум години.

Сличен предлог беше даден во т.н. ранливи области, честопати наведени како забранети зони во Шведска, каде што владата им понуди на наставниците зголемување на платите од 1.077 долари месечно за да останат да работат во криминалните и економски неповолни области.

Планот за Сен-Сан-Дени доаѓа по неколкумесечните студии на парламентарците и владините претставници во областа со голема миграција, каде што околу 20 отсто од жителите или 400.000 лица се нелегални имигранти.

За решавање на високата стапка на криминал во областа, планот исто така повикува на реновирање на полициските станици во Олнај-су-Боа и Епине-сур-Сен за вкупна цена од 30 милиони евра. Реновирањето се очекува да заврши до 2023 година. Уште 20 милиони евра ќе бидат вложени во напори за едукација.

Поранешниот француски државен секретар Филип де Вилиер е последниот политичар што го осуди растечкото насилство во Франција велејќи дека земјата е надвор од контрола. Во последните неколку години многумина изразија сериозна загриженост во врска со Сен-Сан-Дени и не само поради високите нивоа на исламистичка радикализација во областа.

Минатата година Де Вилиер тврдеше дека брат му, генералот Пјер де Вилиер, кој поднесе оставка во Генералштабот за одбрана во 2017 година, го предупредил претседателот Макрон за опасностите што се создаваат со зголемување на беззаконието во предградијата.

„Ако предградијата предизвикуваат натамошни и уште понасилни бунтови, нема да имаме начин да се справиме со нив: ни недостигаат средства, ни недостигаат луѓе. Ова е реалноста на француската политичка ситуација“, му рекол Де Вилиер на францускиот претседател.

Свет

Пукање во основно училиште во Тексас, има и застрелани

Објавено пред

Непознато лице извршило вооружен напад врз основно училиште во Увалде, Тексас, пренесуваат американските медиуми. Како што се додава, нападот бил пријавен во кампусот Роб.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот на Увалде, Дон Меклафлин, изјави за „Фокс њуз“ дека едно лице било застрелано и дека убиецот потоа истрчал до училиштето и се забарикадирал во него.

Засега не е јасно каде се случило пукањето и дали е убиен ученик или вработен во училиштето.

Непознат е и идентитетот на напаѓачот. Училиштето е затворено, а учениците се превезуваат во блиска област од каде ги преземаат нивните родители, стои на Фејсбук страницата на институцијата.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Орбан прогласи вонредна состојба во земјата

Објавено пред

Унгарската влада денеска прогласи вонредна состојба, соопшти премиерот Виктор Орбан.

dobivaj vesti na viber

Причина за прогласување вонредна состојба е војната во Украина, а таа ќе стапи на сила на полноќ.

Во видеото што го објави на Фејсбук неколку часа откако парламентот го усвои амандманот на уставот во кој се наведуваат конфликти, војна или хуманитарна катастрофа во соседна земја како причини за преземање таква мерка, Орбан рече дека војната во Украина претставува закана за Унгарија. физичка сигурност на своите граѓани, енергетски залихи и финансиска сигурност на семејствата и стопанството, јавува МТИ.

Тој нагласи дека Владата која денеска положи заклетва веднаш почна со работа и посочи дека се уште никој не го гледа крајот на војната во Украина.

„ Светот е на работ на економска криза. Унгарија мора да се држи настрана од оваа војна и да ја заштити финансиската сигурност на семејствата“, рече Орбан.

Тој додаде дека за да се направи тоа, Владата мора да биде способна да носи одлуки и брзо да реагира.

„ Вонредната состојба, слична на онаа воведена за време на пандемијата, ќе и овозможи на владата брзо да реагира и да ги искористи сите достапни методи за заштита на Унгарија и Унгарците“, рече Орбан.

Унгарскиот парламент претходно денеска го усвои 10-тиот амандман на Уставот, со кој се дозволува владата да прогласи вонредна состојба во случај на вооружен конфликт, војна или хуманитарна катастрофа во соседна земја.

За амандманот гласаа 136 пратеници, а против беа 36.

Прикажи повеќе...

Свет

Соборен руски авион во Украина, загина висок генерал

Објавено пред

Пензионираниот генерал на руските воздухопловни сили Канамат Боташев загина откако неговиот авион беше соборен во воздушниот простор на Украина, пишува Би-Би-Си Русија.

dobivaj vesti na viber

Тој, наводно, е највисоко рангираниот руски пилот кој загинал во Украина.

Сето тоа наводно се случило во неделата на 22 мај.

Генералштабот на Украина соопшти дека рускиот напаѓачки авион Сухој бил соборен над Луганската област и дека пилотот не успеал да се катапултира од авионот.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа30 минути

(Видео) Орбан прогласи вонредна состојба во земјата

Унгарската влада денеска прогласи вонредна состојба, соопшти премиерот Виктор Орбан. Причина за прогласување вонредна состојба е војната во Украина, а...

Македонија1 час

(Видео) Пендаровски од Давос: Политиката на отворени врати не треба да важи само за НАТО, туку и за ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, денеска се обрати на...

Топ5 часа

Од водите на Вардар извлечен маж и итно пренесен во болница

Mеѓу зградата на МРТ и Железничкиот мост од водите на реката Вардар во Скопје бил изваден маж од Скопје, кој...

Македонија7 часа

Ковачевски: Автокефалноста на МПЦ– ОА е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата...

Македонија9 часа

Архиепископот Стефан: 55 години седевме и чекавме во тремот, сега имаме кој да ни нацрпи вода

Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан се заблагодари на Српската православна црква и српскиот Патријарх Порфириј за признавањето на автокефалноста...

Македонија10 часа

(Видео) Патријархот Порфириј упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија за МПЦ

Патријархот Порфириј на заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија на Македонската православна...

Економија11 час

Грција одлучи да го плати рускиот гас во рубли, објавија агенциите

Сите грчки компании кои увезуваат руски гас се префрлија на нова процедура за плаќање на „Гаспром“ во рубли и нема...

Македонија11 час

Пендаровски по повод 24 Мај: Сѐ уште има такви кои си земаат за право да имаат ексклузивитет врз заедничките добра

Денот посветен на солунските браќа, кои не само што ги поставија темелите на духовноста и на писменоста кај словенските народи...

Европа12 часа

СЗО за мајмунските сипаници: Нема да биде потребна масовна вакцинација

Од Светската здравствена организација осврнувајќи се на проблемот со мајмунски сипаници во неколку земји, наведуваат дека не веруваат дека епидемијата...

Европа13 часа

Зеленски: Единствениот руски функционер со кој би разговарал е Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера се обрати на Светскиот економски форум во Давос. Во своето обраќање преку видео врска, Зеленски...

Европа13 часа

Бајден: Ова е мрачен момент во нашата заедничка историја

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа имаше воведен говор на самитот во Јапонија, на кој присуствуваа лидерите на Индија, Австралија и...

Македонија14 часа

СПЦ и МПЦ со нова заедничка литургија во Скопје

Во соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје се одржува божествена литургија со која чиноначалствуваат поглаварот на МПЦ-OА г.г. Стефан...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Не можам да кажам дека има напредок со Бугарија во однос на заемно прифатлив документ

Во моментов не можам да кажам дека постои напредок во преговорите, во однос на  постигнување на заедно прифатив документ со...

Македонија1 ден

Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи

Најважно за двете влади е да имаат конструктивен дијалог и тој да продолжи. Ова го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков...

Свет1 ден

Италија развила план за мир во Украина, Москва го разгледува

Италија разви план за постигнување мир во Украина, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо. Првата цел е...

Македонија1 ден

Регистрирани 151 новoзаразен од коронавирус во последните три дена, нема починати лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена, од 20.5...

Топ1 ден

Кривична пријава за наставник од Струмица, кој на ученичка ѝ праќал пораки и ја допирал

Приведен наставник од Струмица за полов напад врз дете што не наполнило 14 години. Според информациите, 40-годишниот наставник ја допирал...

Европа1 ден

Зеленски во Давос: Ова е моментот кога се одлучува дали брутална сила ќе владее со светот

Украина се спротивстави на нападите подолго од очекуваното, но не би била принудена да ја преживува оваа војна со толку...

Економија1 ден

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните...

Македонија1 ден

Ангел Димитров: Проблемот е што македонските историчари се трудат да не прифатат заедничка историја

Бугарија не треба да дозволи притисок. Бугарската страна мора да покаже доверба во својот став, во своите аргументи и без...