Контакт

Свет

Францускиот министер за внатрешни работи вели дека ризикот од тероризам е сè уште многу висок

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер, предупреди дека ризикот од тероризам во Франција останува висок до многу висок и денови по смртоносниот напад во Париз, што резултира со смрт на четворица полицајци, пренесува „Спутник“.

Кастанер исто така призна дека убиството на офицерите можело да се спречи, но таа можност била пропуштена. Обраќајќи ѝ се на опозицијата, која го повикува да си даде оставка, тој истакна дека нема да се повлече од функцијата.

Кастанер истакна дека од 2003 година полицијата спречила 59 терористички напади вклучувајќи три обиди од почетокот на оваа година.

Минатиот четврток софтверскиот инженер Мишел Харпон со нож уби четворица полицајци на работното место во центарот на француската престолнина. Националниот француски обвинител за борба против тероризмот, Жан Франсоа Рикар, подоцна рече дека Харпон бил радикализиран исламист.

Инцидентот ги натера француските обвинители да отворат терористичка истрага за смртоносниот напад. Покрај тоа, премиерот Едуард Филип во неделата рече дека француските специјални служби ќе подлежат на темелни процени.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Објавено пред

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна Сирија, со што ќе се стави крај на осумдневната турска офанзива против силите предводени од Курдите.

Сите воени операции ќе бидат стопирани на 120 часа или пет дена, а САД ќе овозможат повлекување на курдските сили од просторот што Турција го нарече безбедна зона.

„Турските воени операции ќе прекинат кога повлекувањето ќе биде целосно. Турција и САД се согласија за прекин на огнот во Сирија“, изјави Пенс на прес-конференција.

Договорот со Ердоган исто така обезбедува Турција да не води воени операции во сирискиот пограничен град Кобани.

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер му се заблагодари на турскиот колега, порачувајќи дека од Анкара стигнале прекрасни вести и дека ќе бидат спасени милиони животи.

„Моравме да покажеме малку „груба љубов“ за да дојде до договор. Ова е прекрасно за сите. Горд сум на сите“ напиша Трамп.

Прикажи повеќе...

Свет

Рекордна затворска казна од 374 години за детска порнографија

Објавено пред

Маж од Тајланд (31) е осуден на рекордни 374 години затвор и парична казна од 26.000 долари поради трговија со деца кои ги користел за правење порнографски материјали.

Тој е прогласен за виновен откако е утврдено дека намамил деца на возраст од седум до 12 години преку видеоигри да дојдат во неговата куќа каде што снимал порнографски материјали со нив, а потоа ги продавал видео снимките преку апликации, соопшти полицијата.

Како што е наведено, ова е втор случај некој да биде осуден на толку висока казна во Тајланд, каде што минатата година еден маж беше осуден на 309 години затвор.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Верувам дека Франција ќе остане на својот став за Северна Македонија и Албанија

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ во емисијата „24 сати“ на ТВ Пинк вели дека верува оти Франција ќе остане на својот став и дека бараат нова методологија за ЕУ.

„Ги поддржувам Северна Македонија и Албанија да добијат датум за почеток на преговорите, но се плашам дека нема да добијат, а и за нас ќе бидат потешки процедурите. Верувам дека во ноември ќе се видам со претседателот Макрон во Париз и тогаш ќе можам детално да разговарам со него, по што ќе се состанам и со Путин“, рече Вулиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион2 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија3 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет4 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион5 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија5 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија7 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија7 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ8 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија9 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ9 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија9 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа9 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија10 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа12 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион12 часа

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет13 часа

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа13 часа

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија23 часа

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија1 ден

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Досие