Контакт

Европа

Француските обвинители испрашуваат три жртви на Епстајн

Објавено пред

Три наводни жртви на починатиот американски финансиер Џефри Епстајн беа сослушани како дел од француската истрага за тоа дали Епстајн извршил какви било сексуални злосторства во Франција, соопшти во средата париското Обвинителство.

Трите жртви беа сослушани во последните неколку недели, а на социјалните медиуми се појави и апел за други жртви да стапат во контакт, соопшти Обвинителството.

Покојниот финансиер имал луксузен стан во Париз во близина на Триумфалната капија.

Епстајн се изјасни за невин по обвиненијата во САД за трговија со луѓе, во кои беа вклучени десетици малолетни девојчиња. Тој почина на 10 август во својата затворска ќелија во Њујорк на 66-годишна возраст.

Во извештајот од обдукцијата се наведува дека тој се обесил.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Министрите за финансии на ЕУ го поддржуваат поедноставувањето на фискалните правила

Објавено пред

Министрите за финансии на Европската Унија (ЕУ) поддржаа поедноставување на фискалните правила што ќе ги направи потранспарентни и предвидливи.Висок официјален претставник на Европската комисија (ЕК) рече дека е потребно уште многу за да се усогласат околу овие промени.
        
Потпретседателот на Еврокомисијата, Валдис Домбровскис, по состанокот на министрите за финансии во Хелсинки рече дека начелно е прифатена идејата којашто ја изнесел независниот Европски фискален одбор (ЕФБ) да се фокусираат на правилата за долгот и државната потрошувачка. Тој истакна дека многу земји-членки се за поедноставување на правилата со цел да се зголеми транспарентноста и предвидливоста.
        
По измените во 2005, 2011 и 2013 година, правилата станаа толку сложени што Комисијата објавува прирачник од скоро 100 страници секоја година за да објасни како функционира сето тоа, заедно со многу исклучоци. Клучните два елементи на правилото се ограничување на буџетскиот дефицит од три проценти на бруто домашниот производ (БДП) и максималното ниво на јавен долг од 60 проценти.

Прикажи повеќе...

Европа

Белгискиот кандидат за еврокомесар обвинет за перење пари

Објавено пред

Белгискиот кандидат за местото на нов еврокомесар за правда, кој е министер за надворешни работи на земјата, Дидие Рејндерс, се соочува со истрага поради обвинение за перење пари во Конго.

Обвиненијата против Рејндерс ги изнесе поранешен припадник на белгиската разузнавачка служба. Весниците Л’Еко и Де Тијд, кои први информираа за случајот, наведуваат дека истрагата е се уште во почетна фаза.

Сослушувањето во Европскиот парламент за подобноста на кандидатите за еврокомесари е закажана за 30 септември.

Прикажи повеќе...

Европа

Турција го доби и вториот дел од рускиот ракетен систем С-400

Објавено пред

Турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу, денеска изјави дека е завршена испораката на вториот дел од рускиот ракетен систем С-400 и додаде дека системот ќе стане оперативен во април следната година.

Првите делови од системот беа испорачани во јули и покрај предупредувањата од САД дека Анкара ќе се соочи со можни санкции, потестува агенцијата „Ројтерс“.

Заради набавката на рускиот ракетен систем, за кој Вашингтон тврди дека не е компатибилен со стандардите на НАТО, САД се заканија дека ќе ја исклучат Турција од програмата за производство на борбени авиони Ф-35.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Регион7 часа

Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира...

Македонија9 часа

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Македонија13 часа

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија14 часа

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет15 часа

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија16 часа

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Европа17 часа

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но...

Европа18 часа

Сноуден: Нѐ следат на секој чекор

Погрешно би било подемот на политичарите како Доналд Трамп, Борис Џонсон или десничарската Алтернатива за Германија, да го гледаме само...

Култура1 ден

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата,...

Македонија1 ден

Целосно завршен процесот за разрешување на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена за...

Спорт1 ден

Победнички старт за Вардар во Лигата на шампионите

Европскиот првак Вардар со победа ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Во Монпелје, дуелот на победниците во...

Европа1 ден

Околу 25.000 луѓе протестираа за еколошки транспорт на Саемот за автомобили во Франкфурт

Илјадници демонстранти се собраа денес, поради Саемот за автомобили во Франкфурт (IAA), истакнувајќи ги своите барања за зголемување на еколошкиот...

Топ1 ден

Во „порше“ кај Куманово пронајдени 16 мигранти

Шеснаесет мигранти од кои две деца биле пронајдени при полициска контрола на автопатот Куманово – премин Табановце, во раните утрински...

Македонија2 дена

(Видео) Собранието ја разреши Катица Јанева

Со 102 гласа ,,за”, и ниту еден глас ,,воздржан” и ,,против” пратениците денеска донесоа одлука за разрешување на специјалната јавна...

Македонија2 дена

Стотина пожарникари и волонтери ги гаснеа пожарите во Прилепско, зафатени се 400 хектари шума

Пожарите кои вчера избувнаа на територијата на општина Прилеп се ставени под контрола. Во нивното гаснење учествуваа Територијалната противпожарна единица...

Свет2 дена

(Видео) Дронови нападнале нафтени постројки во Саудиска Арабија, предизвикувајќи пожари

Саудиска Арабија соопшти дека две големи нафтени постројки во земјата биле нападнати од дронови, што предизвикале пожари. Пожарите избувнаа во...

Спорт2 дена

УЕФА: Во преодниот рок се потрошени четири милијарди евра

Европските клубови во летниот преоден рок на трансфери потрошиле 3,98 милијарди евра, објави Европската фудбалска унија (УЕФА). УЕФА наведува дека...

Свет2 дена

(Видео) Сноуден проговори за неговиот живот во Русија: Тајно се оженив и не стравувам дека можат да ме убијат на улица

Поранешниот американски разузнавач и свиркач Едвард Сноуден, кој избега во Русија, вели дека благодарение на неговите откритија, тој сега живее...

Свет2 дена

Иранка се запали со бензин откако била фатена дека се облекува како маж за да гледа фудбал

Иранка се запали со бензин откако била приведена поради тоа што се облекувала како маж за да може да влезе...

Досие