Контакт

Свет

Француските старски домови се соочуваат со истрага за убиство

Објавено пред

Роднините на старите лица кои не ја преживеаја епидемијата на Ковид-19 во старските домови во Франција, сакаат менаџментот да биде повикан на одговорност за „неактивност и прикривање што довело до смрт на нивните најблиски“, изјави нивниот адвокат за РТ.

Неколку француски пензионери починаа во старечките домови во Шавил, Кламар и Клиши-ла-Гарен во март и во април, во екот на епидемијата на коронавирус која сè уште ја пустоши Франција. Сега, нивните семејства покренаа кривична постапка против нив.

Според локалните медиуми, кои се повикувааат на соопштение од канцеларијата на Јавното обвинителство, истражителите сега ќе проверуваат дали има некаква основа за отворање кривични дела како убиство, непомагање на лице во опасност и загрозување на животот на другите.

Во тужбите, роднините велат дека забележале влошување на условите за грижа и алармирале поради недостигот од основна заштитна опрема како што се маски и ракавици, но очигледно залудно.

Адвокатот Фабиен Аракелијан, кој ги застапува тужителите, откри детали од тужбата во која, исто така, се обвинуваат старските домови дека се вчудовидувачки бавни во тестирањето и заштитата на постарите лица. Нивниот бес се фокусира на отсуството или недоволна примена на правилата за безбедност, како и тестовите за Ковид-19 кои воопшто ги немало или биле спроведени премногу доцна. Во некои случаи, тврдат тие, установите прикривале информации  што значи дека семејствата не биле информирани за здравствената состојба на нивните најблиски.

„Смртните случаи не се изолирани инциденти, туку некаков системски неуспех. Иако тужбата е против менаџментот на старечки домови, засегнати се и регионалните здравствени власти, но нејзиниот опсег може да биде далеку поширок“, вели адвокатот.

Неопходно е се добие правда и да се расветли овој случај, што, искрено, е скандал во здравството во услови на епидемиска криза. Аракелијан даде изјава кусот кратко време откако француските обвинители отворија истраги во домовите за стари лица во департманот Хот-де-Сен, што ги опфаќа западните внатрешни предградија на Париз.

Ова не е прва правна акција поврзана со коронавирусот во Франција. Во март, француските лекари побараа гонење на премиерот Едуард Филип и на екс-министерот за солидарност и здравје, Агнес Бужин, за небрежност и неспособност за дејствување соочени со кризата на Ковид-19, која го турна системот за здравствена заштита на работ.

„Во одреден момент треба да се каже вистината, а тоа е дека овие луѓе нè лажеа уште од самиот почеток“, изјави нивниот адвокат Фабрис ди Визио.

Свет

Од коронавирус починале повеќе Американци отколку за време на епидемијата на СИДА

Објавено пред

Од коронавирусот починале повеќе од 100.000 луѓе во САД, иако во последно време се намали бројот на смртни случаи, а населението започна со делумно нормализирање на животот по двомесечен застој, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Околу 1.400 Американци просечно умирале секој ден во мај, што е сепак помалку од максимумот од 2.000 луѓе на ден во април.

За само три месеци, повеќе Американци умреле од коронавирус отколку во Корејската и Виетнамската војна, односно за време на војната во Ирак од 2003 до 2011 година.

Новата болест која го напаѓа респираторниот систем, исто така, убила повеќе луѓе отколку епидемијата на СИДА, од 1981 до 1989 година.

Бројот на заразени со корона во САД е повеќе од 1,7 милиони жители, додека, во светски рамки, бројот на заразени надминува 5,6 милиони. Епидемијата започна од Кина, а потоа пристигна во Европа и САД. Јужна Америка сега е во исклучително сериозна состојба, според бројот на заразени.

 

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Во Украина објавена снимка со детали од апсењето на напаѓачите на водачот на Кавачкиот клан

Објавено пред

Украинската полиција објави видео од апсењето на напаѓачите на наводниот водач на Кавачкиот мафијашки клан од Црна Гора, Радоје Звицер.

Подолгата снимка, објавена на налогот на националната полиција на Украина, ја опфаќа целата акција, почнувајќи од снимките од надзорните камери на обидот за егзекуција во центарот на Киев, па сè до испрашувањето во станица.

На снимките, може да се види и увидот од истрагата каде е прикажано и користеното оружје, а потоа и „ловот“ односно потрагата по осомничените во текот на ноќта.

„Од каде си?“, прашува полицаец еден од уапсените на снимката.

„Од Македонија“, одговара човекот со лисици на рацете.

Второто лице на видеото одговара дека е од Србија и дека разбира зошто е уапсен.

Подоцна, меѓу другото, во полициската станица прикажан е еден од уапсените со српски пасош.

Според тамошните медиуми, украинската полиција ги уапсила осомничените вчера во Одеса, а при апсењето тие се спротивставиле и се обиделе да избегаат. Тие се обиделе да стигнат до границата со Молдавија и така да избегаат од украинската полиција.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО преку своја фондација ќе ги финансира своите активности

Објавено пред

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, најави формирање фондација што ќе и овозможи на организацијата да користи нови извори на финансирање.

Фондацијата на СЗО ќе биде независна организација која ќе дава донации и која ќе ги поддржува напорите на СЗО за соочување со најтешките глобални здравствени предизвици преку собирање нови средства од „нетрадиционални извори”.

Тедрос рече дека основањето на Фондацијата СЗО нема никаква врска со неодамнешните проблеми со финансирањето. Тој нагласи дека годишниот буџет на СЗО од околу 2,3 милијарди американски долари е многу мал за една глобална агенција. Исто така, како што рече, изворите на финансирање се премногу несигурни и се потпираат премногу на „флексибилно финансирање”.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Кафеаните ќе работат до 22 часот, на маса ќе можат да седат четворица само ако се од исто семејство

Со одлука на Владата од утре може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови...

Македонија14 часа

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа15 часа

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа18 часа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион18 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија18 часа

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија19 часа

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија20 часа

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија20 часа

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија20 часа

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија22 часа

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет22 часа

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет23 часа

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија24 часа

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Економија1 ден

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија1 ден

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава1 ден

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Македонија2 дена

Караџовски: Изминатите 14 дена беше намален бројот на новозаболени затоа препорачавме олеснување

Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести ги објасни причините зошто Комисијата се одлучила...

Македонија2 дена

Филипче: Да бидеме одговорни, за да не се вратиме пак на рестриктивните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат...

Македонија2 дена

Османи: И покрај пропустите, државата добро се справи со коронавирусот

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека и покрај тоа што имало одредени пропусти, прекршувања на мерките и одредени критики, државата добро...

Досие