Контакт

Свет

Француски државјанки кои избегале од џихадистички камп сакаат да се вратат дома

Објавено пред

Три Французинки кои побегнале од камп со осомничени џихадисти на северот на Сирија сакаат да се вратат во родната земја. Тие сакаат да се соочат со правна постапка поради наводни врски со Исламска држава.

Француските државјанки, кои биле интервјуирани во сирискиот град Сулук, кој е под контрола на силите кои ги поддржува Турција, наведуваат дека избегале во хаосот кој владеел за време на минатомесечната турска операција и дека им се предале на турските сили со надеж дека ќе се вратат дома.

Тие рекле дека се спремни да се вратат во Франција поради нивните деца, додавајќи дека условите во кампот Аин Иса, кој е под контрола на Сириските демократски сили кои ги поддржуваат САД, се многу лоши.

„Сакаме да се вратиме за да продолжиме со нашите животи. Тука сум пет години и сакам да се вратам, да го вратам изгубеното време“, рекла една од нив.

Друга истакнала дека сака што побргу да се врати дома и дека не ѝ е проблем што и да одлучат француските судови. Таа рекла дека во камповите немало доволно храна и дека децата многу често се разболувале.

„Ројтерс“ напоменува дека жените не сакале да се идентификуваат, ниту изнеле детали за нивните животи пред да бидат притворени. Се верува дека тие биле меѓу жените и децата на поранешни борци на ИД кои се убиени или уапсени откако оваа џихадистичка група беше протерана од нивните засолништа во Ирак и Сирија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Откриена тајната на мистериозниот кратер на Јамал во Сибир

Објавено пред

Руските научници го откриле потеклото на мистериозниот кратер откриен на полуостровот Јамал во Сибир во 2017 година, пренесува „Спутник“.

Резултатите од истражувањата покажале дека тој се создал поради емисиите метан што може да се последица на глобалното загревање, пишува магазинот „Гео сајенс“.

Експертите собрале податоци во текот на експедицијата во долината на реката е Јоркута-Јаха во јуни 2017 година, во текот на која било вршено набљудување и земање примероци од вечниот мраз од дното на кратерот.

Примероците биле проверувани за присуство на јаглероден диоксид, метан и други гасови.

Овој феномен е поврзан со емисијата гасови од земјата што се ослободуваат со топењето на вечниот мраз. Резултатите од истражувањето покажале намалена концентрација на метанот во споредба со јаглеродниот диоксид. Во овој случај, гасот се појавил од подлабок извор.

Научниците дошле до заклучок дека кратерот на Јамал се создал како последица на различни процеси кои се одвивале на голема длабочина и во близина на површината.

Метанот се собирал во слоевите земја кои не мрзнат, а се нарекуваат талик, додека таликот бил опкружен со мраз. Поради акумулирањето на гасот, притисокот во природната комора се зголемувал сè додека не дошло до експлозија проследена со ерупција на вода и мраз.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Следат големи притисоци поради Косово, ни треба силна влада

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека очекува големи притисоци по прашањето за решавање на косовскиот проблем и дека е важно Србија по изборите да добие силна влада, пренесува „Вечерње новости“.

Тој посочи дека притоа сигурно нема да ѝ биде лесно на државата, но нагласи дека ќе мора и Србија да се прашува во процесот.

„Сите имаат свои решенија, а нас уште никој ништо не нè прашал, како да не станува збор за наша земја и за нешто за што сме заинтересирани и ние и Албанците. Богами, ќе мора да нè прашате и нас што сме оттука и што живееме тука“, истакна тој.

Вучиќ рече дека не може и да се постапува неодговорно и да се вели „многу сме јаки и сите ќе ги згазиме“.

„Ние ли ќе згазиме и ќе победиме кога нешто ќе ви речат заедно Германија, Русија, САД. Дајте луѓе, запрете. Мора да се обидеме низ иглени уши да протнеме дел од нашите барања и да видиме што можеме да добиеме и да се бориме да ги зачуваме мирот и иднината“, рече тој.

Вучиќ додаде дека Србите на Косово го разбираат тоа и не велат дека луѓето на власт се предавници, туку дека тоа го кажуваат од кафеаните зашто тоа е многу полесно, а одговорност нема.

„Прашањето е премногу сериозно и тешко, и во следните шест месеци и во наредните години ќе биде клучно политичко прашање“, посочи тој.

Вучиќ повтори дека Белград е секогаш подготвен за разговори, но дека Косово мора прво да ги укине таксите. Според него, Белград може да ја прекине кампањата за повлекување на признавањето на Косово, но само ако Приштина ја прекине кампањата за влез во меѓународните организации.

„Тоа им го нудев изминатите години за да немаме зла крв, за да ги заштитам луѓето и таа зла крв да не се одмазди никаде. Секогаш се трудев да добиеме што повеќе на мирен начин, но унилатерално не можеме ништо“, додаде тој.

Вучиќ потсети дека најмоќните земји од ЕУ ја признале косовската независност и дека ни Франција, ни Германија, ни Италија како ни САД нема да го сменат ставот по тоа прашање, така што нема смисла да ги лаже граѓаните дека такво нешто ќе се случи.

Прикажи повеќе...

Свет

Германските обвинители велат дека Медлин Мекен е веројатно мртва

Објавено пред

Германските јавни обвинители кои го истражуваат исчезнувањето на Медлин Мекен изјавија дека претпоставуваат оти девојчето е мртво, пренесува „Спутник“.

Тринаесет години стариот случај на британското девојче кое исчезна во Португалија, доби нов импулс неделава откако еден германски педофил беше идентификуван како нов клучен осомничен. Државниот обвинител на Брауншвајг, Ханс Кристијан Волтерс, во изјавата рече дека 43-годишен германски државјанин, кој сега е првоосомничен, е под истрага под сомнение за убиство.

„Од ова може да се види дека претпоставуваме оти девојчето е мртво“, додаде тој.

Медлин Мекен исчезна на одморот во португалското одморалиште во Праја да Луз на 3 мај 2007 година, девет дена пред својот четврти роденден. Нејзините родители вечерале со пријателите во блискиот ресторан.

Локалната полиција заклучила дека осомничениот провалил во станот и ја киднапирал Медлин, но нејзиното тело никогаш не беше пронајдено. Никој не е обвинет за случајот. Родителите на девојчето се ослободени од каква било вина.

Напредокот се случи оваа недела откако британските и германските власти соопштија дека имаат осомничен 43-годишен педофил, кој во моментот издржува затворска казна за неповрзано сексуално злосторство и има две претходни осуди за сексуална злоупотреба на деца.

Човекот, кој не е јавно именуван, престојувал во куќа во Праја де Луз и возел кампер-комбе во одморалиштето во деновите пред исчезнувањето на Медлин, соопшти полицијата. Родителите на Мекен во четвртокот рекоа дека се надеваат на затворање во случајот откако ќе се открие осомничениот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство доц.д-р. Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите бидејќи...

Македонија2 часа

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион2 часа

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Македонија3 часа

Отфрлена кривичната пријава против кумановскиот градоначалник за непочитување на мерките за заштита

Кумановското основно јавно обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и раководителот на...

Македонија3 часа

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една...

Топ3 часа

Пукање на улицата Џон Кенеди во Чаир, полицијата го истражува случајот

Истрели од огнено оружје се слушале утрово во скопски Чаир, што ги вознемирило жителите, кои подоцна настанот го пријавиле во...

Македонија4 часа

Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе...

Регион6 часа

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет7 часа

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет7 часа

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет8 часа

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија9 часа

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија19 часа

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија19 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија20 часа

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ24 часа

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија1 ден

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија1 ден

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија1 ден

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија1 ден

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Досие