Свет
Француски научници тестираат дали никотинот може да заштити од коронавирус

Истражувањата во Франција покажале дека никотинот може да заштити од коронавирус, а во тек се превентивни и терапевтски студии на пациентите кои ќе се спроведат во париската болница „Ла Питие-Салпетриере“.
Хипотезата за заштитниот ефект на никотинот е поддржана од нискиот процент на пушачи меѓу пациентите хоспитализирани поради Ковид-19 ширум светот, а добила и потврда во новата француска студија на 350 пациенти на болничко лекување и уште 150 кои имаат поблаги симптоми.
„Само пет проценти од нив се пушачи, што е несразмерно помалку отколку во вкупното население“, рече Захир Амура, професор по интерна медицина, кој ја спроведе студијата.
Веднаш штом се добие зелено светло од министерот за здравство, Оливие Веран, ќе се применуваат никотински фластери во различни дози на три испитувања – како превентива за медицинските работници, како терапија за хоспитализирани пациенти да утврдат дали ги ублажуваат симптомите и за пациенти со тешка клиничка слика кои се на интензивна нега, рече професорот Амура.
Студијата, се разбира, не треба да ги поттикнува луѓето да пушат цигари, велат истражувачите. Никотинот е сè уште штетен за белите дробови, срцето и општата здравствена состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Нов гаф на Бајден: Повеќе од половина од жените во мојата администрација се жени

Американскиот претседател Џозеф Бајден направи нов гаф на јавен настап, велејќи дека „половина од жените во администрацијата се жени“.
Снимката од говорот на американскиот претседател по повод 30-годишнината од Законот за семејство и болести стана хит на социјалните мрежи.
Бајден, по којзнае кој пат по ред, ги измеша зборовите за време на својот говор:
„Повеќе од половина од жените во мојот кабинет, повеќе од половина од луѓето во мојот кабинет, повеќе од половина од жените во мојата администрација се жени“ – изјави Бајден.
Biden: "More than half the women in my administration are women." pic.twitter.com/v0dPOE5iiG
— Greg Price (@greg_price11) February 2, 2023
Европа
Зеленски: Украина заслужува оваа година да започне преговори за членство во ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен најави нов пакет помош за Украина во вредност од 450 милиони евра.
Беше објавено и дека земјите од ЕУ планираат да обучат 30.000 украински војници.
Шефот на Комисијата на состанокот во Киев рече дека во Хаг ќе се формира меѓународен центар за гонење на злосторствата во Украина.
Лидерите на ЕУ ја пофалија Украина за „значајните напори“ во напредокот кон членството, но Киев треба да спроведе повеќе реформи, се вели во соопштението објавено по самитот во Киев.
„Верувам дека Украина заслужува да ги започне преговорите за членство во ЕУ веќе оваа година. И благодарам на претседателката на Европската комисија, нејзините колеги и нашите пријатели во ЕУ за значајната поддршка на патот на интеграцијата и заштитата на нашата земја и народ“ – рече Зеленски.
Регион
Делегација предводена од бугарскиот в.д. вицепремиер Демерџиев ќе оддаде почит на гробот на Гоце Делчев во Скопје

Официјална делегација од Република Бугарија, предводена од вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, утре ќе положи венец и ќе му оддаде почит на гробот на Гоце Делчев во Скопје, се наведува во ставот на бугарското Министерство за надворешни работи.
Поводот е прославата на 151-годишнината од раѓањето на револуционерот.
Во согласност со дипломатската практика, бугарската амбасада во Скопје официјално ги известила властите во Северна Македонија со три вербални ноти – една од 2 февруари и две од 3 февруари, посочуваат од тамошното МНР.
Министрите за внатрешни работи на Бугарија и на С. Македонија се во постојан контакт, како и амбасадата на Бугарија во Скопје со македонското МНР, соопштија од бугарското МНР.
„Очекуваме властите на Република Северна Македонија да обезбедат непречен пристап до црквата Св. Спас“, каде што е гробот на Гоце Делчев, и на официјалната бугарска делегација и на Бугарите од Бугарија и Северна Македонија кои сакаат да се поклонат“, додаваат од бугарското Министерството за надворешни работи.
Оттаму соопштија дека Иван Демерџиев и заменик министерот Венцислав Катинов ќе положат цвеќе во дворот на црквата Свети Спас во Скопје.