Контакт

Свет

ФСБ уапсила припадник на ИСИС ангажиран од Украина да убие еден од лидерите на Донбас

Објавено пред

Руската безбедносна служба (ФСБ) уапсила оперативец на Исламската држава кој планирал да убие еден од лидерите на самопрогласената Донецска Народна Република (ДНР) во име на украинските власти, пренесува „Раша тудеј“. Осомничениот терорист биле идентификуван како Меџид Магомедов, роден 1988 година во руската република Дагестан. Тој бил уапсен во неделата во рускиот регион Смоленск.

Осомничениот изјавил дека бил вмешан во заговор за атентат врз висок командант на украинските бунтовници кој живее во Русија и дека за мисијата бил ангажиран од безбедносната служба на Украина (СБУ) во координација со десничарските екстремисти од движењето Десен сектор, објави ФСБ. Магомедов исто така изјавил дека националните специјални служби на Украина на своја територија им обезбедуваат активна поддршка на борците на Исламската држава нудејќи им безбедност, финансирање, оружје и експлозиви за организирање терористички напади на територијата на Русија“, се додава во изјавата на ФСБ.

Магомедов, наводно, ја посетил Украина во почетокот на 2018 година барајќи помош за група поврзана со Исламската држава која оперира во јужна Русија. Украинската разузнавачка агенција подоцна го ангажирала за атентат врз воениот командант на единицата на бунтовничките милиции во самопрогласената Донецска народна република (ДНР), кој живее во Смоленскиот Регион во Русија.

По пристигнувањето во Русија, Магомедов ги добил потребните работи за планираниот криминал вклучувајќи информации и оружје со кое ќе ја убие целта. За време на апсењето кај него биле запленети импровизирана експлозивна направа еквивалентна на 1,5 килограм ТНТ, пиштол, придушувач и муниција.

Одговарајќи на руските обвинувања, СБУ го нарече случајот најнова измама на ФСБ, која е премногу смешна за коментар, објави украинската новинска агенција УНН.

ДНР, ентитет во источна Украина кој се побунил против Киев кога по вооружениот државен удар беше сменета централната влада на земјата, се најде во фокусот на вниманието на крајот на август кога нејзиниот избран лидер Александар Захарченко беше убиен во експлозија.

 

Европа

Еден работник загина, 11 се повредени на градилиште на хотелот „Риц“ во Мадрид

Објавено пред

Од

На градилиштето на луксузниот хотел „Риц“ во центарот на Мадрид вчера загина работник откако се урнало скелето на кое работел, а најмалку единаесет други се повредени.

Според Службата за итна помош, железното скеле на шестиот кат на хотелот „Риц“ паднало околу 16 часот, притоа уривајќи ја конструкција и работниците кои биле на неа пет ката подолу, објави АП.

Повеќето работници се спасиле и добиле лекарска помош, а двајца хоспитализирани се во лоша состојба.

Пожарникарите извадиле три лица со мали повреди од урнатините, и се обиделе да го извадат телото на загинатиот работник.

Локалната полиција ги испитува причините за несреќата, која службите за итни случаи  ја опишаа на „Твитер“ како „несреќа на работа”.

Овој хотел беше затворен поради реновирање во март.

Прикажи повеќе...

Свет

Над 100 мртви во катастрофалните поплави во Нигерија

Објавено пред

Од

Повеќе од 100 луѓе загинаа во поплавите што ја погодија Нигерија откако распукаа браните на две реки, соопштија официјални претставници.

Според Националниот центар за вонредни состојби, силниот дожд предизвикал преливање на реките Нигер и Бенуе.

Нигерија со поплавите се бори веќе две недели, а илјадници лица се евакуирани.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп ги поздрави „многу возбудливите” договори на двете Кореи

Објавено пред

Од

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во средата ги поздрави низата договори постигнати на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг, нарекувајќи ги „многу возбудливи”.

„Ким Јонг-ун се согласи со нуклеарните инспекции кои се предмет на конечни преговори и трајното затворање на полигонот за нуклеарни тестирања во присуство на меѓународни експерти”, напиша Трамп на „Твитер“ мислејќи на договорите што ги постигна лидерот на Северна Кореја во разговорите со претседателот на Јужна Кореја, Мун Јае-ин.

„Во меѓувреме нема да има ракетни или нуклеарни тестови”, додаде Трамп.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Мнозинството уставни судии не се согласуваат дека одлуката за референдум е неуставна

Мнозинството од судиите не се согласуваат со предлогот на Гошева, Уставниот суд да поведе постапка и да изрече времена мерка...

Македонија26 минути

За Гошева, одлуката за референдум е неуставна, предлага Уставниот суд да поведе постапка

За Елена Гошева, одлуката за референдум е неуставна, предлага да стопираат сите активности и Уставниот суд да поведе постапка. Таа...

Вести2 часа

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија2 часа

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија2 часа

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија22 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура23 часа

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ24 часа

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија1 ден

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет1 ден

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа2 дена

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет2 дена

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет2 дена

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Daily news2 дена

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за...

Македонија2 дена

Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во болницата во Бардовци оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња...

Македонија2 дена

Ги уценувале со илјадници евра за да не објават текстови за Драган Даравелски и Минчо Јорданов

Во кривичниот суд во Скопје, повторно, од почеток почна судењето за случајот „Шпион“, кое го застапува специјалното јавно обвинителство. Во...

Свет2 дена

Милијардерот Марк Бениоф го купува магазинот „Тајм“

Списанието „Тајм“ повторно ја менува својата сопственичка структура, речиси осум месеци откако беше продадено на американската медиумска група „Мередит корпорејшн“....

Досие