Свет
Хакирана централната банка на Нов Зеланд

Централната банка на Нов Зеланд беше мета на хакери, кои, како што беше објавено, веројатно успеале да добијат приватни податоци на корисниците, но и на банката.
Хакирана е и компанија која споделува информации од Резервната банка на Нов Зеланд, објави АП. Гувернерот Адријан Ор рече дека понатамошниот напредок во системот е запрен, а главните функции на банката треба да останат оперативни.
„Работиме на случај со експерти за компјутерски криминал и други релевантни тела, како дел од нашата истрага како дел од злонамерен напад“, рече Ор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кина планира до јули да вакцинира 40 проценти од своето население

Кина планира 40 проценти од своето население да вакцинира против коронавирус до крајот на јуни, изјави експертот за респираторни заболувања Џонг Наншан.
Тоа значи дека до јуни ќе бидат вакцинирани 548 милиони луѓе во Кина, која има 1,4 милијарда жители, објаснува „Си-ен-ен“.
Кина досега вакцинираше 3,56 проценти од своето население, што е околу 51 милион луѓе, додаде Џонг.
Свет
Саудиска Арабијa: За аџилак е потребен доказ за вакцинација

Министерството за здравство на Саудиска Арабија објави дека муслиманите кои сакаат да го извршат годишниот аџилак годинава мора да докажат дека се вакцинирани против Ковид-19.
Владата наведува дека вакцинацијата против коронавирус ќе се смета за главен услов за учество во аџилакот во Мека. Секој муслиман, според верските закони, е должен барем еднаш во животот на отиде на аџилак.
Во соопштението не беше прецизирано дали само аџиите од Саудиска Арабија ќе можат да учествуваат во аџилакот, кој започнува на крајот на јули.
Свет
Доналд и Меланија Трамп се вакцинирале уште во јануари

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија беа вакцинирани против Ковид-19 во јануари, додека сè уште биле во Белата куќа, се дознава од сигурни извори.
За разлика од Џо Бајден, кој беше вакциниран на 21 декември, што беше пренесувано преку телевизија во живо, неколку недели пред да дојде на власт, Трамп никогаш јавно не спомна дека е вакциниран.
„Претседателот Трамп и првата дама беа вакцинирани во Белата куќа во јануари“, изјави извор близок на поранешниот претседател за „Франс прес“, без да даде други детали.
Доналд Трамп, во својот прв говор по напуштањето на Белата куќа, рече дека сите треба да се вакцинираат.
Неговите изјави добија особено значење затоа што некои од неговите симпатизери беа многу сомничави кон вакцината.
Доналд Трамп, кој беше позитивен на Ковид-19 на почетокот на октомври, помина неколку дена во воената болница Валтер Рид во предградието на Вашингтон.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер