Контакт

Свет

Хаменеи рече дека Иран ќе продолжи со непридржување до обврските од нуклеарниот договор

Објавено пред

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, во вторникот изјави дека Иран ќе продолжи да ги намалува своите обврски во рамките на нуклеарниот договор обвинувајќи ги европските партнери дека не ги исполнуваат своите обврски.

Хаменеи рече дека Европа не почитува ниту една од своите 11 обврски од договорот, а Иран се придржуваше кон своите обврски.

„Сега кога почнавме да ги намалуваме нашите обврски, тие се противат на тоа. Каква дрскост! Вие не ги почитувате вашите обврски!“, рече Хаменеи во изјавата објавена на неговата веб-страница.

Европската Унија во понеделникот се обиде да ја смири загриженоста велејќи дека заканите на Иран не довеле до значително прекршување на обвските од договорт.

„Договорот од 2015 година не е во најдобра состојба, но сè уште е жив“, изјави за новинарите шефицата на надворешната политика на ЕУ, Федерика Могерини.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) За време на посетата на Нетанјаху на Украина, неговата сопруга одбила да јаде леб и сол

Објавено пред

Посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Украина не започнала со бонтон манири, а главен актер била неговата сопруга Сара, според тамошните медиуми.

Госпоѓа Нетанјаху првично била незадоволна од однесувањето на персоналот на израелскиот аеродром и го опоменала капетанот на авионот кој не ја поздравил во авионот.

Таа станала од своето место и се упатила кон пилотската кабина, каде што не смее да се влегува според пропис, што дополнително ја налутило сопругата на премиерот.
Инцидентот завршил со тоа што капетанот на екипажот повторно ја поздравил брачната двојка Нетанјаху, 45 минути пред да слета во Киев. Тој тврди дека исто така ги поздравил Сара Нетанјаху и нејзиниот сопруг кога влегле во авионот, но дека таа не го слушнала.

Кога израелскиот премиер и неговата сопруга слетале на аеродромот во Киев, каде што им бил приреден традиционален пречек во духот на земјата, се случил нов инцидент.

Господин и госпоѓа Нетанјаху беа пречекани од три девојки во украински народни носии со сол и леб.

Додека Бенџамин Нетанјаху го натопил лебот во солта и го изел, Сара зела парче леб и го фрлила на подот, јавуваат украинските медиуми.

Снимката подоцна се појави на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Европа

Расте бројот на самоубиства меѓу француските полицајци

Објавено пред

Тројца членови на единицата за интервенции, еден постар офицер и наставник во Полициската академија се меѓу осумте француски полицајци кои неодамна извршиле самоубиство, со што бројот на вакви случаи во земјата годинава се искачи на 64.

Бројот на самоубиства меѓу француските полицајци сега е поголем од бројот на оние кои загинале на должност, пренесе агенцијата АП.

И на заштитниците им е потребна заштита, велат полициските синдикати, кои бараат поголема помош во стопирањето на овој негативен тренд, најлош во последните 30 години.

Оние кои избрале да посегнат по својот живот доаѓаат од сите делови на Франција и се на различна возраст.

Собраниското испитување објавено во јули покажува дека најчести причини за самоубиствата, наводно биле стресот и очајот меѓу припадниците на француската полиција, меѓудругото предизвикани и од прекувремената работа по серијата терористички напади од 2015 година, а честопати и од насилните антивладини протести од ноември минатата година.

Во извештајот се наведува дека бројот на полициските самоубиства е дури за 36 проценти повисок од оној кој се бележи кај целокупното француското население.

Самоубиствaта кај полицајците се проблем во многу земји, но во Франција бројот е исклучително голем.

Прикажи повеќе...

Европа

Исланд подигна споменик во чест на исчезнат глечер

Објавено пред

Исланд официјално му подигна споменик на својот прв исчезнат глечер, жртва на климатското затоплување.

Окјокул, првиот целосно истопен глечер на островот, е симбол на предупредувањето на научниците за ефектите од климатските промени.

„Тоа е прв споменик подигнат во чест на глечер што исчезнал поради глобалните климатски промени“, рече Симен Ху, професорка по антропологија на Универзитетот Рајс во Соединетите Држави, која го иницираше подигнувањето на споменикот.

Со плочата на која со златни букви на исландски и англиски јазик е напишано „Писмо за иднината“, научниците се надеваат дека ќе ја истакнат опасноста од исчезнувањето на глечерите и ефектите од климатските промени.

Научниците се загрижени поради  очекуваното исчезнување на 400 глечери на тој субарктички остров во рок од 200 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ9 минути

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-Свети Николе. Како што соопшти полицијата, возачот изгубил...

Македонија14 минути

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР телото...

Свет47 минути

ОН: Во светот во моментот има дури 70 милиони бегалци, што е рекорд по Втората светска војна

Бројот на бегалци во светот достигна рекорден број од 70 милиони, што е најмногу од Втората светска војна, соопштија ОН....

Македонија57 минути

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“, рече дека не сака да се меша во...

Европа1 час

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет2 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија13 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет15 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет15 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија15 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет16 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт18 часа

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија22 часа

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион22 часа

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет23 часа

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет1 ден

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 ден

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет2 дена

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет2 дена

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Досие