Свет
Хантер Бајден, синот на актуелниот американски претседател, се изјасни за виновен
Хантер Бајден, син на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден, се изјасни за виновен за федералните даночни обвиненија против него во САД.
Со ова тој ја промени претходната изјава од јануари 2024 година кога изјави дека е невин, пренесува „Гласот на Америка“.
Тој се изјасни за виновен по сите девет точки од обвинението, а беше обвинет за проневера на вкупно 1,4 милион долари, а во исто време парите ги трошел на наркотици, проституција и луксузни предмети, пренесуваат светските медиуми.
Судијата Марк Скарси рече дека синот на Бајден се изјаснил за виновен и дека не постигнал договор со обвинителите за намалување на казната.
Според судијата Скарси, максималната затворска казна пропишана за ова дело е 17 години затвор, а паричната казна е до 450.000 долари.
Во изјавата по сослушувањето Хантер Бајден изјави дека се изјаснил за виновен за да ги поштеди родителите од непријатните детали од делот од својот живот, во кој ги претрпел последиците од зависноста од дрога.
„Со оглед на сето она што го направив во претходните години, сакав да ги поштедам“, рече Хантер Бајден истакнувајќи дека го исплатил својот даночен долг.
Неговото признание за вина на денот кога се очекува да почне процесот е предуслов за да се избегне судење за време на кое сигурно ќе бидат обелоденети компромитирачките детали од неговиот живот – непосредно пред претседателските избори во САД на 5 ноември, според „Гласот на Америка“.
Во јуни 2024 година Бајден Јуниор беше осуден во американската држава Делавер под обвинение за нелегално купување оружје додека бил корисник на дрога.
На таа пресуда тој поднел жалба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Господине Трамп, најдете си живот – Бајден лут поради коментарите на експретседателот за ураганот на Флорида
Американскиот претседател, Џо Бајден, одржа брифинг за новинарите за ураганот Милтон.
Тој рече дека обновата на погодената област ќе чини неколку милијарди долари и ќе трае долго.
Американскиот претседател се осврна и на коментарите на експретседателот на САД, Доналд Трамп, кој рече дека погодените од ураганот ќе добијат само 750 долари помош, нарекувајќи ги „бизарни“.
Запрашан дали разговарал со Трамп, Бајден одговори: „Се шегуваш?“, а потоа му понуди совет на републиканскиот претседателски кандидат.
„Господине Трамп, најдете си живот за себе. Помогнете им на овие луѓе“, изјави Бајден од Вашингтон.
Свет
Расте бројот на мртви од ураганот на Флорида
Бројот на загинати во ураганот на Флорида, САД, се искачи на 11 лица, јавува „Ен-би-си њуз“.
Последната жртва е возач на автомобил врз којшто паднало дрво во округот Цитрус.
Претходно, два смртни случаи беа пријавени во округот Пинелас, три во округот Волузија и пет во округот Сент Луси, од кои четири беа предизвикани од торнада.
Регион
Вучиќ го пречека Ердоган на аеродромот: „Добредојдовте во Србија, драг пријателe“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на аеродромот Никола Тесла го пречека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Според програмата на посетата, в петок во 11 часот ќе се одржи церемонија на пречек пред палатата „Србија“, по што ќе следи средба на двајцата претседатели, јавуваат српските медиуми.
Потоа ќе се одржи четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Република Србија и Република Турција, предводена од двајцата претседатели.
„Добредојдевте во Србија драг пријателe. Вашата возвратна посета е уште една можност за дополнително зајакнување на нашите пријателски односи и соработка. Верувам дека за време на вашиот престој во Белград ќе работиме заедно на подобрување на економските, културните и политичките врски меѓу нашите земји“, му порача претседателот Вучиќ на турскиот колега по пристигнувањето во Белград.
View this post on Instagram
Вучиќ и Ердоган ќе присуствуваат и на бизнис форум.