Вести
Хаос во парламентот на Јужна Африка(ВИДЕО)

Говорот за состојбата на нацијата на јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума, кој е под притисок на опозицијата која го повикува да отстапи од должноста, предизвика во четвртокот општ метеж во парламентот по исфрлањето на пратениците кои се обидоа да го спречат говорот на шефот на државата.
Триесетина припадници на обезбедувањето на парламентот ги исфрлија опозициските пратеници од партијата на радикалната левица Борци за економска слобода (EEF). Тие цел час ги попречуваа обраќањето на претседателот на земјата Џејкоб Зума.
„Пред нас седи непоправлив човек, расипан до сржта“, изјави челникот на EFF, Џулиус Малема алудирајќи на претседателот Зума.
Во март минатата 2016 година судот утврди дека шефот на државата го прекршил уставот кога министерството за финансии му го платило реновирањето на неговата приватна резиденција во КваЗулу-Натал, на истокот од Јужноафриканската Република. Од тогаш Зума врати само незначителен дел од вкупната сума.
По кавгата во парламентот, на работ на тешка физичка пресмета, пратениците на главната опозициска партија Демократски сојуз, во знак на протест го напуштија парламентот.
Сега во 75-та година од животот, Џејкоб Зума има пет сопруги. Тој ѝ припаѓа на Зулу заедницата во чијашто култура мажите често во својата поодмината возраст се женат за уште една жена, најчесто помлада и поагилна сестра на една од повозрасните сопруги.
Во оваа култура одговорноста за грижата за мажот во неговите старечки денови паѓа на последната сопруга, којашто обично е помлада од другите жени и поподвижна во евентуален итен случај.
Зума има дваесетина деца и се женеше шест пати. Сите негови сегашни сопруги живеат на сметка на државата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Вести
Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.
Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.
Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.