Свет
Харис: Трамп е стар и чуден; Трамп: Таа е лудa либералкa, дури и полошa од Бајден
Американскata потпретседателka Камала Харис го нарече републиканскиот противник Доналд Трамп „едноставно чуден“, додека Трамп ja опиша Харис како „злобнa, болнa и неспособнa“.
Воинствените настапи ја заокружија бурната недела во која Камала Харис се бореше за врвот на демократската листа на претседателски кандидати откако претседателот Џо Бајден (81) се откажа од својата кандидатура, под зголемен притисок од колегите демократи.
Серијата анкети покажуваат дека нејзиниот влез ја избриша предноста што Трамп ја имаше пред Бајден за само неколку дена. Харис, говорејќи на собирот за собирање средства во Питсфилд, Масачусетс, рече дека голем дел од реториката на Трамп и неговиот кандидат, сенаторот Џеј-Ди Венс, е „чудна“.
Нејзината повеќекратна употреба на зборот „чудно“ за да ги опише нејзините противници како бизарни е дел од новата стратегија на демократите. Таа за време на кампањата го нарече Трамп „стар и прилично чуден“, а нејзините поддржувачи на вчерашниот митинг се појавија со натписот „Трамп е чуден“.
Како што направи за време на бројните настапи оваа недела, Харис (59) повторно ја спореди својата судска кариера како обвинител со судското искуство на Трамп како осуденик и рече дека нејзиниот апел до гласачите е за иднината, додека Трамп (78) сака да ја врати земјата до „мрачното минато“.
Трамп изврши серија напади на митинг во Минесота, тврдејќи дека Харис ќе ја „уништи земјата“ и ја критикува за прашања кои се движат од јавната безбедност до имиграцијата. „Ако дојде луда либералка како Камала Харис, американскиот сон е мртов“, рече Трамп, додавајќи дека Харис е „уште полоша“ од Бајден.
„Сакам да бидам добар. Сите велат: „Мислам дека се смени“, рече Трамп. „Не, не се сменив. Можеби се влошив.“ Настапот на поранешниот претседател во арената за хокеј на мраз со 8.000 седишта беше во согласност со барањата на американската тајна служба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Господине Трамп, најдете си живот – Бајден лут поради коментарите на експретседателот за ураганот на Флорида
Американскиот претседател, Џо Бајден, одржа брифинг за новинарите за ураганот Милтон.
Тој рече дека обновата на погодената област ќе чини неколку милијарди долари и ќе трае долго.
Американскиот претседател се осврна и на коментарите на експретседателот на САД, Доналд Трамп, кој рече дека погодените од ураганот ќе добијат само 750 долари помош, нарекувајќи ги „бизарни“.
Запрашан дали разговарал со Трамп, Бајден одговори: „Се шегуваш?“, а потоа му понуди совет на републиканскиот претседателски кандидат.
„Господине Трамп, најдете си живот за себе. Помогнете им на овие луѓе“, изјави Бајден од Вашингтон.
Свет
Расте бројот на мртви од ураганот на Флорида
Бројот на загинати во ураганот на Флорида, САД, се искачи на 11 лица, јавува „Ен-би-си њуз“.
Последната жртва е возач на автомобил врз којшто паднало дрво во округот Цитрус.
Претходно, два смртни случаи беа пријавени во округот Пинелас, три во округот Волузија и пет во округот Сент Луси, од кои четири беа предизвикани од торнада.
Регион
Вучиќ го пречека Ердоган на аеродромот: „Добредојдовте во Србија, драг пријателe“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на аеродромот Никола Тесла го пречека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Според програмата на посетата, в петок во 11 часот ќе се одржи церемонија на пречек пред палатата „Србија“, по што ќе следи средба на двајцата претседатели, јавуваат српските медиуми.
Потоа ќе се одржи четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Република Србија и Република Турција, предводена од двајцата претседатели.
„Добредојдевте во Србија драг пријателe. Вашата возвратна посета е уште една можност за дополнително зајакнување на нашите пријателски односи и соработка. Верувам дека за време на вашиот престој во Белград ќе работиме заедно на подобрување на економските, културните и политичките врски меѓу нашите земји“, му порача претседателот Вучиќ на турскиот колега по пристигнувањето во Белград.
View this post on Instagram
Вучиќ и Ердоган ќе присуствуваат и на бизнис форум.