Контакт

Вести

Хејли: Политиката на САД во Сирија веќе не е насочена на заминување на претседателот Асад

Објавено пред

САД повеќе не инсистираат на заминување на сирискиот претседател Башар ал-Асад, во својата политика кон оваа земја во којашто од март 2011 година ја разорува бруталната војна, објави постојаната американска претставничка во Обединетите нации, Ники Хејли.

„Нашиот приоритет повеќе не е да седиме таму (во Сирија) концентрирани на заминувањето на (сирискиот претседател Башар ал-) Асад. Нашиот приоритет е вистински да се проучи како да се дејствува и со кој да се соработува за навистина нешто да сториме за сирискиот народ“, истакнала американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.

„Не можеме да бидеме по секоја цена концентрирани Асад на начинот на кој тоа го правеше претходната администрација“, на демократскиот претседател Барак Обама, заклучила американската амбасадорка, пренесува Reuters.

Претходно во четвртокот, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон при посетата на Турција и по разговорите со турскиот министер за надорешни работи Мевлут Чавушоглу и претседателот Реџеп Тајип Ердоган, кога станува збор за Сирија, изјави дека на турските соговорници им порачал дека ќе се расправа во насоката по којашто ќе оди таа земја, но дека за статусот на сирискиот претседател Башар ал-Асад мора да одлучи сирискиот народ, што е став на неговиот најголем поддржувач Русија.

Асад во февруари годинава истакна дека американската војска би била „добредојдена“ во Сирија во борбата против џихадистичката групација Исламска држава, доколку тоа би била координирала со Дамаск и би го признала суверенитетот на неговата влада.

Вашингтон под водство на претседателот Барак Обама инсистираше на заминување на претседателот Асад, и ги поддржуваа сунитските вооружени опозициски групи кои војуваа против него./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон и исполнување на клучни услови

СДСМ бара за најавата за отворање рудник со антимон во кривопаланечко Луке да има поширока јавна дебата и директно изјаснување...

Свет1 час

„Го вовлече Трамп во конфликт со Иран“: Харис со остра критика до Нетанјаху

Во говор на настан во Детроит, во американската сојузна држава Мичиген, поранешната кандидатка за претседателка на САД, Камала Харис изјави...

Свет1 час

Русија подготвена да го отстрани збогатениот ураниум од Иран

Една од клучните точки на несогласување меѓу САД и Иран се однесува на ураниумот. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека...

Регион2 часа

Бугарија во нов изборен круг: Осми избори за пет години, Радев се смета за фаворит

Бугарите денес излегуваат на осми парламентарни избори во последните пет години, а се очекува коалицијата на поранешниот претседател Румен Радев...

Свет2 часа

„Храбар и лојален сојузник“: Трамп го фали Израел, а индиректно ги напаѓа другите партнери

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го пофали Израел како голем сојузник, истовремено критикувајќи други, неименувани земји. Во објава на „Трут...

Свет2 часа

Иран: Сè уште сме далеку од конечен договор со САД

Главниот ирански преговарач и претседател на парламентот, Мохамад Багер Галбаф, изјави дека во преговорите со САД, кои се водат преку...

Македонија2 часа

И денес сончево време, од утре дожд и пад на температурите

Времето денес сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен...

Спорт9 часа

Трагедија на тренинг, возач загина додека Ферстапен се подготвуваше да излезе на патеката

Светот на автомобилизмот го потресе веста за страшната несреќа на легендарната патека Нирбургринг, во која животот го загуби искусниот шведски...

Спорт10 часа

Јокиќ и Мареј ја решија Минесота – Денвер води со 1:0 во среијата до четири победи

Денвер Нагетс ги победија Минесота Тимбервулвс во првиот натпревар од воведното коло од плејофот за шампионската титула во НБА. Нагетс...