Контакт

Свет

Холандскиот парламент бара истрага за улогата на Украина во несреќата на „МХ17“

Објавено пред

Претставничкиот дом на холандскиот парламент има намера да поведе детаљна истрага за улогата на Украина во случајот со соборувањето на авионот на летот „МХ17“ над Донбас во 2014 година, пренесува холандскиот портал Nos.nl.

Пратениците конкретно бараат владата да открие зошто украинските власти не го затвориле воздушниот простор над регионот. Иницијативата ја поддржаа осум фракции, но холандскиот шеф на дипломатијата, Стеф Блок, вели дека не гледа правна основа за истрага. Според Блок, проблемот е што за тоа ќе биде потребна соработка не само со Украина туку и со Русија.

Патничкиот авион „боинг 777“ на компанијата „Малезија ерлајнс“, кој леташе од Амстердам за Куала Лумпур, беше соборен на 17 јули 2014 година во близината на Донецк. Никој од 298 патници и членови на екипажот не преживеа.

Киев за катастрофата ги обвини бунтовниците во Донбас, кои изјавија дека немаат оружје со кое би можеле да го соборат авионот на таа висина. Без оглед на воените дејства, Киев не го затвори небото над Донбас за меѓународните патнички авиони.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Тачи побарал да се испита случајот со наводно затруените коверти од централна Србија

Објавено пред

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска ги повика надлежните институции во Приштина професионално да го испитаат случајот на наводно затруените коверти со гласачки ливчиња од централна Србија.

Тачи, според приштинскиот портал „Лајми’“ исто така побарал „да се преземат сите неопходни чекори за да се отстрани сомнежот дека со ковертите се труени членовите на ЦИК“.

За наводно затруените коверти реагирале само Албанците во ЦИК.

Претставниците на приштинските институции објавија дека испитувањето на примероците од ковертите земени во Центарот за броење гласови на ЦИК се очекува да заврши.

Според нивната изјава, резултатите ќе бидат објавени заедно со мислењето на меѓународните експерти.

Прикажи повеќе...

Свет

Канбера: Кабинетот на премиерот по грешка им испратил доверлив документ на новинарите

Објавено пред

Кабинетот на премиерот на Австралија погрешно испратил доверливи теми на разговори до медиумите, во обид да ги подготви пратениците за продолжување на работата на парламентот.
Наместо да испратат доверливи теми до своите членови на парламентот, испратен е внатрешен документ до новинарите и медиумите низ целата земја, вклучително и Ксинхуа.
        
Осврнувајќи се на повеќе теми, како порастот на барателите на азил, оданочувањето, конфликтот во Сирија, Парискиот договор и за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, имејлот им нуди на политичарите стратешки одговори на тешките прашања кои можат да им ги постават новинарите и опозициските пратеници.
        
Во документот кој содржи 8.200 зборови се вели дека доколку бидат запрашани за извештајот на Меѓународниот монетарен фонд во кој се наведува дека Австралија можеби нема да ги исполни своите цели во 2030 година, пратениците се замолени да изјават: ,,Ние ќе ја постигнеме нашата цел без да наметнеме данок на емисијата на јаглерод диоксид, а кога Лабуристите ќе бидат во владата и ќе воведат данок на емисиите на штетни гасови, цените ќе се зголемат и ќе има ризик да се преместат работни места надвор од земјата“.
       
Во друг дел од документот, се сугерира дека членовите на партијата стравуваат од експлоатација на австралиските работници откако неодамна официјалната статистика потврди дека рекорден број баратели на азил пристигнале во Австралија во текот на изминатите пет години, наведувајќи дека „експлоатирање на кој било работник во Австралија е нешто за коешто ќе имаат нула толеранција“.
        
Иако премиерот Скот Морисон сè уште не се огласил за протекувањето на доверлив документ, јавниот обвинител Кристијан Портер ја минимизираше грешката, велејќи „вакви работи се случуваат од време на време“ во светот на современата политика, пренесува Ксинхуа.

Прикажи повеќе...

Европа

Чавушоглу за „Њујорк тајмс“: Зошто Турција ја пресели борбата во Сирија

Објавено пред

Турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу, за престижниот американски весник „Њујорк тајмс“ напиша колумна насловена „Зошто Турција борбата ја пресели во Сирија“, која беше објавена на 11. октомври годинава.

Турската амбасада во земјава достави превод од истата, со цел состојбите да се расветлат и за нашите граѓани.

Во својата колумна турскиот министер објаснува дека разочарувачки е воената акција на Турција во североисточна Сирија да се толкува како да е напад врз Курдите, заслабување на борбата со остатоците на Исламска држава и наштетувачка врз кредибилитетот на Америка пред нејзините сојузници.

„Турција ја започна операцијата со цел да си ја обезбеди својата национална безбедност, елиминирајќи ја опасноста што терористите ја создадоа во пограничините области. Оваа операција, Сиријците кои живеат таму ќе ги спаси од тиранијата на терористичките организации и ќе ја елиминира заканата против територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија. Овие две новини, ќе го олеснат безбедното и доброволното враќање назад на Сиријците кои беа принудени на иселување“, пишува Чавушоглу алудирајќи на курдските сили со скратеници познати како ПЈД/ЈПГ, за кои вели дека се неразделен дел на Курдската работничка партија (ПКК) во Турција, која е призната како терористичка организација од страна на САД, Европската унија и НАТО.

„Нашите американски соговорници изгледаше дека беа убедени дека овие сили треба да бидат извадени надвор од деловите блиски до нашите граници, дури и се согласивме за датумите. Од неодамна, воените разговори во август, резултираа со взаемни заложби за обезбедување на безбедна зона со што ќе се извади ПЈД/ЈПГ. Меѓутоа САД ова не го резултираа, со тоа што кај нас остави силен впечаток дека терористичката група се обидува да добие во време за да уште повеќе ја зајакне својата позиција во Сирија“, објаснува шефот на турската дипломатија додавајќи дека ПЈД/ЈПГ пред светот може да врши обид за да се претстави како група која војува против „Исламска држава“, но, како што вели тој, факт е дека обезбедува и експлозив на ПКК со копање тунели на турско тло.

Колку за потсетување, идеологијата на ПКК првобитно претставувала мешавина од револуционерен социјализам, курдски национализам и барање основа за независна држава во регионот познат како Курдистан.

Во колумната, Чавушоглу им се обраќа и на оние кои изразуваат загриженост за безбедноста на курдското население во Сирија.

„Би сакал да повторам и да нагласам дека борбата на Турција не е против Курдите. Нашата борба е против терористите. Презентирањето на состојбата како ‘Турците против Курдите’ е злонамерно и погрешно. Курдите не се наши непријатели“, објаснува тој.

Како што вели Чавушоглу, цел на турската офанзива „Извор на мирот“ е против терористичката структура што ПКК и ПЈД/ЈПГ заедно ја спроведуваат, каде ги вооружуваат децата војници во области под нивна контрола, ја потиснуваат опозицијата, ја менуваат демографската структура и присилуваат на задолжителна воена служба.

„Ние како Турција, веруваме дека го подготвуваме теренот за враќање на бегалците од Сирија во своите домови и обезбедуваме средина со што Исламска држава и другите терористички организации нема одново да се појават“, пишува тој во колумната за „Њујорк тајмс“.

На крајот, турскиот министер додава дека наспроти погрешните перцепирања кои преовладуваат, верува дека акцијата ќе помогне за наслонување кон човечката димензија на проблемот, зачувување на интегритетот на земјата и ќе придонесе за нормални политички процеси.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Свет2 часа

(Видео) Шест години затвор за мајка што лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции

Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции иако воопшто не било...

Топ3 часа

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден кога вчера, качувајќи се по патека кон врвот на Илинден, се...

Топ3 часа

Истрага за случајот во Богданци: се опијаниле, па со стол сакал да го убие соседот

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишен жител на Богданци поради постоење основано сомневање дека...

Македонија3 часа

Катица Јанева се враќа во притворот во Шуто Оризари

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, денеска од болница ќе биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Јанева, која е...

Македонија5 часа

Владата денешната седница ќе ја одржи во Битола

Владата својата редовна 159-та седница денеска ќе ја одржи во Битола, во зградата на Општина Битола. Со оваа прва седница...

Европа5 часа

Право и правда победи на изборите во Полска

Владејачката полска конзервативна партија Право и правда освои најголем број гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во парлментот, покажаа...

Европа5 часа

Орбан ја загуби Будимпешта, Карашони нов градоначалник

Унгарската опозиција победи на локалните избори во главниот град Будимпешта, нанесувајќи му го првиот пораз на премиерот Виктор Орбан од...

Спорт15 часа

Македонија не издржа во Варшава, Полска се пласираше на ЕУРО 2020 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва загуби во Варшава од Полска 2-0 (0-0) во рамките на осмото квалификациско коло за пласман на...

Македонија20 часа

Димитров патува за Брисел во пресрет на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 14 до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се...

Топ22 часа

Во тешката сообраќајна несреќа кај Струмица загина 19-годишна девојка, возачот е во болница

Деветнаесетгодишна девојка од Струмица, со иницијали С.Т. го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4...

Регион22 часа

„Дали сум оптимист? Не“, одговори Рама за почетокот на преговорите со ЕУ

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека не е оптимист за почеток на преговорите со Европската Унија. „Дали сум оптимист?...

Култура23 часа

(Видео) „Визија Скопје“ понуди поглед на плоштадот без фонтаната со воин на коњ

На плоштадот Македонија во Скопје викендов граѓаните имаа уникатна можност преку слики нацртани на тенка проѕирна пластика место на платно,...

Македонија1 ден

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти“. Вака министерката за одбрана го коментира прислушуваниот разговор што беше...

Македонија1 ден

„Ел Чека“ објави нова бомба – Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави прислушуван разговор од локалните избори во 2013 година. Објавувачот на материјалот, Ел Чека, објаснува...

Европа1 ден

Протести на Курдите ширум Европа, во Грција запален постер со ликот на Ердоган

Десетици илјади Курди вчера демонстрираа низ цела Европа против турската воена офанзива во северна Сирија, а протести се одржаа во...

Македонија1 ден

Пожар во куќа кај Дом на градежници

Утрово избувна пожар во куќа, во близина на Домот на градежници во Скопје. На терен се испратени противпожарни возила, кои...

Свет1 ден

Разорен тајфун ја погоди Јапонија, најмалку 18 жртви

Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се водат за исчезнати во тајфунот Хагибис што ја погоди Јапонија. Налетите на ветрот...

Македонија2 дена

Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот на СДСМ и премиер,...

Македонија2 дена

Се демонтира угостителскиот објект од покривот на ГТЦ

Согласно одлуката на Градоначалникот Петре Шилегов, денеска почна демонтажата на угостителскиот објект на кровот на ГТЦ. Со овие активности, велат...

Досие