Контакт

Свет

Холандскиот суд: Нема основа за кривична истрага против тутунските компании

Објавено пред

Холанскиот суд го одби барањето да биде покрената кривична истрага против тутунските компании. Судот наведе дека цигарите не се нелегални бидејќи се под регулатива на Европската Унија, па оттука не постои кривично дело.

„Фактот дека цигарите создаваат зависност и можат да претставуваат ризик по здравјето не менува ништо“, наведе судот во пресудата, пренесе „Асоушиејтед прес“.

Холандската правничка Бенедикт Фиц во 2016 година побара да биде покрената кривична истрага во името на поранешните пушачи и организации за спречување на пушењето меѓу младите луѓе. Кон повикот се приклучија болниците, докторите и други групи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Курдите ги гаѓаа американските сили со расипан зеленчук

Објавено пред

Курдските цивили го изразија своето незадоволство, против повлекувањето на воените сили на САД. Додека американски конвој ја напушташе Сирија се движеше кон Ирак, Курдите кон него фрлаа расипан зеленчук, објави Си-ен-ен.

Како што се наведува, цивилите сметаат дека САД ги напушта и остава на цедило.

Си-ен-ен известува дека американските трупи ни самите не се задоволни што ги оставаат своите досегашни сојузници, со кои се бореа против Исламска држава.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Тајландскиот крал ја казнил својата кралска придружничка поради нелојалност, ѝ ги одзел сите титули и воениот чин

Објавено пред

Тајландскиот крал ги одзел титулите и воениот чин на неговата кралска придружничка, обвинувајќи ја дека заради лична корист се обидува да ја поткопа позицијата на неговата официјална сопруга и сегашна кралица.

Кралот, 67-годишниот Маха Ваџиралонгкорн, ја издал наредбата само три месеци откако на Сининатра Вонгуваирабхакди (34) ѝ ја доделил титулата придружничка на монархот, со што ја оживеал старата традиција на земање друга сопруга.

На Сининатра ѝ била одземена титулата Чао Кун Фра Синанитра Биласакалајани, како и други кралски и воени титули и почести.

Таа, наводно, се побунила кога кралот ја именувал својата долгогодишна партнерка за кралица.

Во мај, кралот ја назначил својата партнерка Сутида Ваџиралонгкорн На Ајџуџ за кралица кога се венчале неколку дена пред неговoто официјално крунисување.

И Сутида и Сининатра (41) служеле како високи офицери во безбедносните единици на палатата.

Прикажи повеќе...

Регион

Помпео: Трамп е подготвен да употреби целосна воена сила против Турција

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да употреби воена сила ако биде потребно, изјави државниот секретар Мајк Помпео. Кризата се создаде по турската офанзива во северна Сирија, каде се наоѓаат Курдите – тамошен сојузник на САД. Трамп одлучи да ги повлече американските трупи од Сирија, со што ги остави Курдите на цедило.

„Ние повеќе сакаме мир отколку војна“ рекол Помпео за Си-ен-би-си.
„Но во случај ако е потребна кинетичка акција (ауфемизам за активна примена на смртоносна воена сила) или воена акција, треба да знаете дека претседателот Трамп в целост е подготвен да преземе таква акција“, порача Помпео.

Трамп се најде на удар на критики поради неговата одлука да ги повлече американските сили од Сирија. Нивното повлекување овозможи упад на Турција во пограничната зона, при што загинаа над 120 цивили, наведува сириската „Опсерваторија за човекови права“.

Помпео одби да каже што е црвена линија, која би испровоцирала американска акција, нагласувајќи дека не сака да „истрчува пред одлуката на претседателот за тоа дали ќе преземе страотен потфат со користење американска воена сила“.

„Економска сила сме користеле и ќе користиме. Ќе користиме и свои дипломатски сили“, рекол Помпео.

Трамп вчера на состанок со новинарите рече дека САД никогаш не прифатиле доживотно да ги штитат Курдите. „Нема да избираме страна. Сами нека се борат“, рекол Трамп.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Вебер: Од Скопје и Тирана баравме многу, а сега вратата им е затворена пред носот

Лидерите на најголемите политички групи во Европскиот Парламент едногласно ја осудија одлуката за одложување на преговорите со Северна Македонија и...

Македонија17 минути

Заев: Не треба да го одложуваме пописот, ќе разговараме со директорот за термините

Пописот не треба да го одложиме, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање. Тој најави дека следната недела ќе...

Македонија1 час

„Тортура“ почнува од почеток по година и 8 месеци судење

Поради смена на поротник и поради истек на 90 дена, судењето за предметот „Тортура“ на СЈО почна од почеток. Судијката...

Македонија1 час

Туск пред пратениците во ЕП: Голема грешка е одлуката за Северна Македонија и Албанија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска пред пратениците во Европскиот парламент рече дека е голема грешка тоа што не...

Свет2 часа

Нарухито прогласен за јапонски цар, помилувани половина милион осуденици

Јапонската влада помилува околу 550.000 осуденици за помали кривични дела по повод востоличувањето на императорот Нарухито. Одлуката, одобрена од владата...

Свет3 часа

„Фејсбук“ ги објави новите мерки за претседателските избори во САД

„Фејсбук“ најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата“ и се обидуваат да манипулираат со расположението...

Регион3 часа

Грчката полиција изнесе малолетници од кино на филмот „Џокер“

Во Грција изби широка полемика зошто полицијата минатиот викенд изнела малолетници од две кина во Атина, во кои се прикажувал...

Свет3 часа

Торнадо остави неколку илјади домаќинства без струја во Далас

Десетина илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо што го погоди овој американски град. Ударите...

Регион3 часа

Чавушоглу: Санкциите и заканите нема да нè спречат во офанзивата во Сирија

Меѓународните санкции или закани со санкции нема да ја присилат Турција да ја спречи својата афанзива во Северна Сирија, изјави...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион16 часа

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет17 часа

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија19 часа

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ20 часа

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија21 час

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија23 часа

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Македонија23 часа

Столтенберг телефонски разговараше со Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот твитер-профил денеска напиша дека имал добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев...

Топ23 часа

Возило удри во две девојки – возачот прво побегнал, па потоа сам се пријавил во полиција

Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал,...

Македонија1 ден

(Видео) Татко му на Боки 13: Не сум Сталоне па да тепам луѓе за една минута

Поради отсуство на скопската обвинителка Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13,...

Досие