Контакт

Свет

Хрватска предупредува дека 60.000 мигранти се подготвени да влезат во ЕУ

Објавено пред

Хрватската влада го алармира остатокот од Европската Унија со тврдењето дека балканската мигрантска рута во блиска иднина може повторно да се отвори и дека 60.000 мигранти се подготвени да влезат во европскиот блок. Хрватското Министерство за внатрешни работи предупреди дека мигрантите може да се обидат да пробијат нов пат низ балканските држави што ќе минува низ Грција до Албанија, потоа Црна Гора, Босна и низ Хрватска.

Министерството потоа ја повика ЕУ да обезбеди помош во зајакнувањето на заедничката надворешна граница за да се спречи потенцијалната хуманитарна криза, пишува „Ил џорнале“.

Процената за 60.000 мигранти доаѓа од словенечката полиција, која вели дека има многу мигранти што моментно се наоѓаат помеѓу Грција и Албанија и бараат безбеден пат за влез во Европската Унија.

Во првите четири месеци од 2018 година има значителен пораст во бројот на мигранти што се обиделе да ја преминат хрватската граница со Словенија. Во одреден временски период 1.266 мигранти се обиделе да ја преминат границата, што е зголемување од 280 отсто во споредба со минатата година. Заедно со речиси 60.000 мигранти, кои  веќе се на Балканот, бројот на мигранти што преминуваат од Турција во Грција исто така драматично се зголемил оваа година.

Димитрис Мавридес, градоначалник на Орестијада, град на грчко-турската копнена граница, предупреди: „Нашите приемни капацитети се преплавени и ситуацијата е речиси надвор од контрола. Многу повеќе мигранти доаѓаат отколку што всушност се регистрираат“.

Друг важен фактор што има потенцијал да предизвика нова мигрантска криза е неодамнешниот предлог на грчката влада да им се дозволи на мигрантите што се наоѓаат на островите во Егејското Море слободно да патуваат до копното. Предлогот доаѓа кога невладините организации и другите групи ја притиснаа владата поради сериозниот проблем со пренатрупаност на островите, што доведе до насилство во неколку случаи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Тереза Меј останува премиерка, го преживеа гласањето недоверба

Објавено пред

Со 200 гласа „за“ наспроти 117 „против“ британската премиерка, Тереза Меј, вечерва го преживеа гласањето недоверба. На Меј ѝ е сигурна позицијата една година, период во кој не смее да се одржи повторно гласање недоверба, пренесуваат британските медиуми.

Како што се наведува, на Меј ѝ биле потребни најмалку 159 гласа од пратениците од Конзервативната партија за да го преживее гласањето.

Таа претходно на пратениците им порача дека нема да распише вонредни избори и дека планира да се повлече пред следните избори, кои се најавени за 2022 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсени најблиските на терористот од Стразбур, се претпоставува дека тој е во Германија

Објавено пред

Германската полиција е во лов на двајца браќа, Чекат и Сами Шериф, по придружувањето на операцијата на француските колеги, кои приведоа четворица членови на семејството на терористот, кој пред два дена во Стразбур уби тројца, а рани 12 лица, извикувајќи „Алаху Акбар“.

Уапсни се мајката, таткото и двајца браќа на терористот, а се претпоставува дека тој е во Германија. Портпаролот на полицијата потврдил дека во радиус од 30 километри по должината на француско-германската граница се трага по двајца мажи за кои се претпоставува дека го извеле нападот, пишува ДПА.

Осомничениот, кој е идентификуван како Чекат Шериф (29), е роден во Стразбур, а во полициските документи со неговото име стои ознака С, што значи државна сигурност и се смета дека е исламистички радикализиран.

Француската полиција објави повик за помош во потрагата по осомничениот.

Тој претходно ѝ бил познат на полицијата како некој што преминал во екстремна форма на ислам, а бил во затвор за кривични дела, меѓу кои и за грабеж. Полицијата предупреди дека доколку некој го види осомничениот, да не му се приближува, туку само да се јави во полиција и да пријави.

Прикажи повеќе...

Свет

Словачка купува „Ф-16“ од „Локид Мартин“

Објавено пред

Словачка ќе купи 14 воени авиони „Ф-16“ од „Локид Мартин“ за да ги замени советските „мигови“. Словачкиот министер за одбрана, Петер Гајдош, потпиша договор со потпретседателот за меѓународен развој на „Локид Мартин“, Асном Вуговски, според кој првите четири авиони ќе бидат испорачани до 2022 година, а остатокот в година, пренесе АП.

Премиерот Петер Пелегрини рече дека неговата земја ќе ги плати авионите повеќе од 1,6 милијарда евра.

Договорот вклучува и муниција, обука на пилоти и друг персонал и логистички сервиси.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа4 часа

Тереза Меј останува премиерка, го преживеа гласањето недоверба

Со 200 гласа „за“ наспроти 117 „против“ британската премиерка, Тереза Меј, вечерва го преживеа гласањето недоверба. На Меј ѝ е сигурна...

Европа4 часа

Уапсени најблиските на терористот од Стразбур, се претпоставува дека тој е во Германија

Германската полиција е во лов на двајца браќа, Чекат и Сами Шериф, по придружувањето на операцијата на француските колеги, кои...

Македонија6 часа

Мицкоски до Заев: Избeри време, место и медиум, ќе дојдам таму каде што ти сакаш

Пред повеќе од 6 месеци, точно овде на платото пред Владата на Република Македонија, на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата...

Свет6 часа

Три години затвор за поранешниот адвокат на Трамп

Поранешниот адвокат на американскиот претседател, Доналд Трамп, е осуден на казна затвор од 36 месеци. Мајкл Коен, адвокатот што изјави...

Бегството на Груевски7 часа

Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Унгарија

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од...

Бегството на Груевски11 час

(Видео) Груевски лоциран од новинари во скап унгарски ресторан

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан....

Македонија14 часа

(Видео)Рамчиловиќ: Најдовме правна формулација и јасна дистинкција меѓу насилниците и организаторите во предлогот за амнестија

Работната група за помирување го подготви предлогот за законско решение за амнестија за 27 април. Обвинетите ќе потпишат изјава дека...

Македонија14 часа

(Видео) Власта ќе бара 80 пратеници за продолжен мандат за СЈО

Министерката за правда, Рената Треневска-Дескоска, изјави дека двата предлог-закона за специјалното јавно обвинителство и за Јавното обвинителство се достапни за...

Македонија15 часа

Обвинителството нема да го гони сопственикот на менувачницата што уби двајца крадци

Обвинителстото ја отфрли кривичната пријава против сопственикот на менувачницата во Кисела Вода кој лани уби две лица при обид за...

Македонија15 часа

Непознато лице до Јанакиески: 500 евра дневно ни одат за честење неопределени по кафулиња

Во една од СМС-комуникациите помеѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески со непознато лице направена на 3 април...

Бегството на Груевски15 часа

(Видео) Рускоска: Синоќа ја видов фотографијата со Груевски, ќе видиме кој ја сликал и од каде потекнува

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, рече дека синоќа ја видела фотографијата со Груевски од Будимпешта....

Топ16 часа

Мајка моли да се пронајде нејзиниот син, исчезнал пред два дена во Скопје

Дваесет и шестгодишно момче исчезнало во Скопје, откако пред два дена заминало од дома, по што не се вратило. Семејството...

Топ16 часа

Експлозивна направа, куршуми, оружје и дрога пронајдени во неколку куќи во Скопје

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во текот на вчерашниот ден по издадени наредби од Основен суд Скопје 1...

Македонија17 часа

Стара градска ќе го намалува бројот на пациенти, нов обид за реновирање

Старата градска болница, односно ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, ќе го намалува бројот на пациенти оти...

Европа18 часа

Терористички напад во Стразбур – убиени најмалку четири, а ранети 12 лица

Четири лица загинаа, а 12 се повредени во нападот во Стразбур, за кој надлежните сметаат дека е терористички чин. Напаѓачот...

Македонија19 часа

Посебен сообраќаен режим за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи информира дека поради протестот што го најави ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен сообраќаен режим на дел од...

Свет1 ден

(Видео) Бразил: Вооружен маж пукал во верници во катедрала – шестмина мртви

Вооружен маж пукал во верници во катедрала во близина на Сао Пауло на југот на Бразил, при што убил пет...

Бегството на Груевски1 ден

На интернет се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега унгарски азилант, како се шета низ Будимпешта, се прошири на социјалните...

Крвав четврток1 ден

Села: Претседателите на партиите што не присуствуваа на 27 април, најверојатно, се и организатори

„Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина...

Крвав четврток1 ден

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видеонадзор

Судењето за крвавиот четврток, по паузата, продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била...

Досие