Свет
Хрватска со повик до своите граѓани: Веднаш да го напуштите Либан
Хрватското Министерство за надворешни и европски работи ги повика хрватските граѓани да го напуштат Либан, со што се приклучија на голем број земји кои претходно ги повикаа своите граѓани веднаш да ја напуштат блискоисточната земја поради очекуваната ескалација на конфликтот со Израел.
„Поради влошената безбедносна состојба, Министерство за надворешни и европски работи ги повикува хрватските граѓани да го напуштат Либан со комерцијални летови“, напиша Министерството на платформата Икс.
🚨 Zbog pogoršanja sigurnosne situacije, MVEP poziva hrvatske državljane da napuste Libanon komercijalnim letovima.
Nadležno veleposlanstvo:
Veleposlanstvo RH u Egiptu
3, Abou El Feda St., Zamalek, Cairo
📞 +202 – 273 83 155
📱 0-24: +20 128 140 0344— MVEP/MFEA 🇭🇷 (@MVEP_hr) August 4, 2024
САД, Обединетото Кралство, Австралија, Франција, Канада, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Јапонија, Турција и Јордан се меѓу земјите кои веќе ги повикаа своите граѓани да ја напуштат блискоисточната земја.
Во своите повици, САД и Британија им порачаа на своите граѓани да ја напуштат земјата со било кој можен лет.
Меѓународната заедница очекува ескалација на досега само спорадичните прекугранични конфликти меѓу Израел и Либан, откако во Техеран беше убиен политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханија, а во Бејрут беше убиен командантот на Хезболах Фуад Шукр.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Портпаролот на Путин за атентатот на Трамп: Играњето со оган има последици
Кремљ денеска соопшти дека поврзаноста меѓу Украина и осомничениот напаѓач во обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп покажува дека играњето со оган има последици.
Запрашан за тоа што ФБИ го нарече обид за атентат врз Трамп, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече: „Не треба да размислуваме ние, туку американското разузнавање. Во секој случај, играњето со оган има последици“.
Коментарот се однесуваше на поддршката на Соединетите Американски Држави за Украина во војната против Русија.
Си-ен-ен, „Фокс њуз“ и „Њујорк тајмс“ го идентификуваа осомничениот како 58-годишниот Рајан Весли Роут од Хаваи повикувајќи се на неименувани службеници за спроведување на законот.
Три профили на социјалните мрежи со името на Рут сугерираат дека тој бил жесток поддржувач на Украина во нејзината војна против Русија.
„Њујорк тајмс“ објави дека го интервјуирал Рут во 2023 година за напис за Американците што доброволно се пријавиле да им помогнат на украинските воени напори.
Рут за „Тајмс“ изјавил дека отпатувал во Украина и таму поминал неколку месеци во 2022 година и дека се обидувал да регрутира авганистански војници, кои избегале од талибанците за да се борат во Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди обидот за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат Трамп и рече дека политичкото насилство е секогаш неприфатливо.
„Мило ми е што слушнав дека Доналд Трамп е безбеден и неповреден. Ги испраќам моите најдобри желби до него и неговото семејство“, рече Зеленски на социјалната платформа „Икс“.
Свет
Министерот за одбрана на Израел: Времето за договор со Хезболах истекува
Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, денеска изјави дека истекува времето за договор со Хезболах за запирање на судирите по должината на израелско-либанската граница.
Во разговор со својот американски колега Лојд Остин, Галант истакна дека „можноста за договор во северната арена е при крај бидејќи Хезболах продолжува да се здружува со Хамас“, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Галант исто така му рекол на американскиот министер за одбрана дека „какво и да е сценариото, израелските одбранбени сили ќе продолжат да дејствуваат со цел да го уништат Хамас и да обезбедат враќање на заложниците што Хамас ги држи во Газа“, објави кабинетот на Галант, пренесува „Танјуг“.
Хезболах лансира ракети и беспилотни летала кон северен Израел по избувнувањето на конфликтот во Газа по нападот врз Израел од страна на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври минатата година, пренесуваат медиумите.
Хезболах најави дека ќе ги запре нападите доколку се постигне прекин на огнот во Газа, но, според написите, повеќемесечните преговори со посредство на САД, Катар и Египет се во застој.
Свет
Осомничениот за обидот за убиство рекол дека Трамп го разочарал како претседател и дека сака да ги направи Американците робови
Рајан Весли Раут (58), кој беше уапсен поради безбедносен инцидент на Флорида, што ФБИ го истражува како обид за убиство на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, има богато криминално минато и исклучиво ги поддржува демократските кандидати од 2019 година, јавуваат американските медиуми.
Според „Њујорк пост“, Раут, кој е од Северна Каролина, често објавувал коментари за политиката на социјалните мрежи, а во април на мрежата Х напишал дека „демократијата е на гласачкото ливче“ оваа година.
„Не можеме да загубиме“, напиша тој повторувајќи ја реториката против Трамп, според весникот.
За Трамп рече дека го разочарал како претседател и дека „сака да ги направи Американците робови“.