Свет
Хутите бомбардирале бегалски камп во Јемен

Милициите на Хутите во Јемен бомбардирале во понеделникот бегалски камп во областа Сарвах, западно од Мариб, изјави јеменскиот министер за информации, Моамер ал-Еријани.
„Милицијатата на Хутите, поддржана од Иран, повторно ги таргетира бегалските логори во Мариб и со артилериски гранати го бомбардира кампот за раселени лица во Тина, во областа Сарвах западно од Мариб, во кој се сместени 700 семејства од разни региони, неколку часа откако го нападнаа кампот Ал-Зур со балистички ракети ‘катјуша’“, твитна Ал-Ерјани.
САД ги повикаа Хутите да ги запрат своите напади врз Мариб ако се сериозни во своите напори да се стави крај на војната и да се постигне мир.
„САД ги повикуваат Хутите да го запрат напредувањето кон Мариб и да престанат со сите воени операции и да се свртат кон преговори. Нападот на Хутите врз Мариб е потег на група што не е посветена на мирот или на ставање крај на војната што го мачи народот на Јемен“, се вели во соопштението објавено од американскиот Стејт департмент.
УНОЦХА проценува дека приближно еден милион Јеменци побарале засолниште во Мариб од почеток на војната за да се избегне насилството на Хутите. Овој напад само ќе го зголеми бројот на внатрешно раселени лица и ќе ја влоши хуманитарната криза во Јемен, кој веќе ја преживува најголемата хуманитарна катастрофа во светот.
„Ако Хутите се сериозни во врска со политичко решение со преговори, мора да престанат со сите воени дејства и да се воздржат од други дестабилизирачки и потенцијално смртоносни активности, вклучително и прекугранични напади врз Саудиска Арабија.
Тие мора да се посветат на конструктивно учество во политичкиот процес предводен од ОН и сериозно да се вклучат во дипломатските напори предводени од специјалниот пратеник на САД за Јемен, Тим Лендеркинг. Времето да се стави крај на овој конфликт е сега. Нема воено решение“, се додава во изјавата од САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Србија денеска ќе ѝ донира 100.000 дози вакцини на Босна и Херцеговина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на аеродромот во Сараево ќе го предаде контингентот вакцини на компанијата „Астразенека“, што Србија ѝ ги донира на Босна и Херцеговина.
Донацијата на вакцини ќе ја поздрават претседателот и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, Жеjко Комшиќ и Сефик Џаферовиќ.
Предавањето на контингентот вакцини, неопходен за имунизација на граѓаните на Босна и Херцеговина против коронавирусот, ќе биде организиран на Меѓународниот аеродром во Сараево, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Републиката.
Вучиќ претходно најави дека на Босна и Херцеговина ќе ѝ бидат дадени 10.000 дози од вакцината „АстраЗенека“, што ги набави Србија.
Свет
Шок бомби, кациги и импровизирани шлемови на протестите во Мјанмар

Полицијата во Мјанмар активираше шок-бомби за да ги растера демонстрантите во Јангон, најголемиот град во Мјанмар. Тие се собраа пред состанокот на шефовите на дипломатиите на соседните земји со претставниците на армијата на оваа земја.
Според Ројтерс, повикувајќи се на очевидци, досега не е соопштено дека има повредени.
Демонстранти, многумина со шлемови и импровизирани штитови, се собраа зад барикадите во различни делови на Јангон, извикувајќи пароли против владеењето на воената хунта.
Според извештаите на медиумите, демонстрантите се собрале и во други делови на земјата. Протестите се одржаа во пресрет на средбата на шефовите на дипломатиите на соседните земји со претставниците на армијата на Мјанмар, чија цел е да ја смират насилната состојба во земјата.
Разговорите ќе се одржат два дена по најкрвавите немири во Мјанмар, откако армијата ја собори избраната влада на Аунг Сан Су Чи пред еден месец, што предизвика масовни протести на улиците низ Мјанмар.
Свет
Проработи вулкан во Индонезија, ги покри со пепел околните села

Еруптираше вулканот Синабунг во Индонезија исфрлајќи вулкански материјал висок 5.000 метри, кој ги покри околните села со пепел. Никој не е евакуиран, ниту е соопштено дека ерупцијата ги нарушила летовите во провинцијата Северна Суматра, каде што се наоѓа вулканот.
Планината Синабунг, висока 2.600 метри, не беше активна четири века, сè до ерупцијата во 2010 година, во која починаа две лица.
Во ерупцијата во 2014 година загинаа 17 лица, а седум убиени во ерупцијата во 2016 година. Ова е еден од двата активни вулкани во Индонезија.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер