Контакт

Свет

Цените на горивата предизвикаа големи протести во Казахстан, владата поднесе оставка

Објавено пред

Казахстанската влада поднесе оставка по протестите предизвикани од зголемувањето на цените на горивата.

Полицијата со солзавец и шок-бомби доцна синоќа упадна на протест, при што од плоштад во Алмати протера стотици демонстранти, а немирите со часови продолжија во блиските населби од овој најголем град во Казахстан. За време на протестите беа повредени речиси стотина полицајци.

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев ја прифати оставката на владата и побара ограничување на цената на гасот, а потоа и на бензинот, дизелот и на другите социјално важни производи за широка потрошувачка. Тој исто така нареди да се размисли за замрзнување на цените на комуналните услуги и воведување субвенции за кирии за сиромашните семејства.

Свет

„Фокс њуз“: На семејствата на вработените во американската амбасада во Украина наредена им е евакуација

Објавено пред

„Фокс њуз“ објави дека на семејствата на персоналот на американската амбасада во Киев им било наредено да почнат да ја напуштаат земјата веќе в понеделник.

Стејт департментот на САД не го потврди тоа.

Портпаролот на Стејт департментот за „Спутник“ изјави дека граѓаните на САД „треба да бидат свесни за извештаите дека Русија планира значителна воена акција против Украина“.

„Ако се донесе одлука да го промениме нашиот однос кон американските дипломати и нивните семејства, американските граѓани не треба да очекуваат евакуација спонзорирана од американската влада. Моментално се достапни комерцијални летови“, изјави портпаролот за Спутник.

Соопштението дојде набргу откако новинар на Фокс њуз објави на Твитер, цитирајќи неименувани американски претставници, дека Стејт департментот „наредува семејствата на персоналот на американската амбасада во Украина да почнат да ја напуштаат земјата в понеделник“.

Според Фокс њуз, исто така се очекува и Стејт департментот да ги охрабри Американците да почнат да ја напуштаат Украина со комерцијални летови, „додека тие се уште се достапни“.

Си-Ен-Ен во петокот објави дека американската амбасада во Украина се обратила до Стејт департментот со барање да им се дозволи на секундарниот персонал да ја напушти земјата.

Прикажи повеќе...

Европа

Фридрих Мерц е новиот лидер на ЦДУ

Објавено пред

Членовите на германската централно-десничарска партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ) денеска го избраа Фридрих Мерц за лидер на партијата.

Генералниот секретар на ЦДУ, Пол Чимјак, рече дека Мерц добил речиси 95 отсто од гласовите на виртуелната партиска конференција.

Официјалните избори дојдоа по неформалното гласање минатиот месец во кое Мерц ги победи противниците Норберт Ротген и Хелга Браун.

Мерц го обвини германскиот канцелар Олаф Шолц дека нема јасна позиција во спорот со Русија поради акумулацијата на руските сили недалеку од границата со Украина.

Прикажи повеќе...

Регион

Почина Аки Рахимовски од „Парни Ваљак“

Објавено пред

Пејачот на групата Парни Ваљак, Аки Рахимовски почина на 66-годишна возраст.

Веста за смртта беше објавена и на официјалната страна на „Парни Ваљак“ на социјалните мрежи.

Тој пред три години преживеа мозочен удар.

Рахимовски беше еден од основачите на групата Парни Ваљак и беше вокал на 18 студиски албуми на групата. Засекогаш ќе остане запаметен по песните „Јесен у мени“, „Све још мирише на њу“, „Доџи“, „Моја је пјесма лагана“, „Ухвати Ритам“…

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Млад пациент доби срце, а кај двајца се трансплантираат бубрези од починат донор

Млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа се трансплантираат бубрезите од лице кое почина од мозочна смрт....

Регион4 часа

Почина Аки Рахимовски од „Парни Ваљак“

Пејачот на групата Парни Ваљак, Аки Рахимовски почина на 66-годишна возраст. Веста за смртта беше објавена и на официјалната страна...

Македонија4 часа

Стоилковски извади списоци: „Паркинг не плаќале стотици функционери од Демократскиот сојуз, СДСМ и ДУИ“

Стотици автомобили на функционери од власта и членови на Демократскиот сојуз, на СДСМ, на ДУИ биле ослободени од плаќање паркинг...

Македонија5 часа

Пецаков вели дека не се изолирал и на Водици излегол оти побарал тест заради патување

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков вели дека не се изолирал по тестирањето за Ковид-19 и на Водици излегол да ја...

Македонија7 часа

Родители бараат укинување на задолжителното носење маски во училиштата

Иницијативата „Стоп за носењето маски во училиштата“ која обединува 12.000 родители, преку допис до медиумите тврди дека имаат поддршка од...

Свет7 часа

Првата пратка на американско оружје пристигна во Украина

Првата пратка оружје од американскиот пакет безбедносна поддршка за Украина во вредност од 200 милиони долари пристигна во Киев, соопшти...

Македонија8 часа

Спасовски и МВР му дадоа македонски пасош на Звицер кој сакал да изврши атентат врз Вучиќ, oбвини ВМРО-ДПМНЕ

Скандал го тресе МВР по информациите на Европол дека е откриен заговор за атентат врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од...

Свет8 часа

СЗО: Повеќе од 340 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус

Бројот на регистрирани случаи на зараза со коронавирус во светот надмина 340 милиони луѓе, соопшти Светската здравствена организација. Според информациите,...

Македонија9 часа

Во притвор е спроведен возачот кој ја усмрти 24-годишната радовишанка на „Партизанска“

Судот доцна синоќа му одреди 30-дневен притвор на 22-годишниот Јордан Ѓ. кој со автомобил „цитроен Ц4“ ја усмрти 24-годишната радовишанка...

Македонија23 часа

Регистрирани 2.071 нов случај на Ковид-19 и 11 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на...

Македонија1 ден

Комисијата за заразни болести со препорака периодот за изолација да се намали на 7 дена

Намалување на периодот на изолција од 10 на 7 дена за ковид-позитивните пациенти е ставот што произлезе од денешната вонредна...

Македонија1 ден

Фон дер Лајен до Ковачевски: Лично сум подготвена да помогнам во процесот со Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски попладневно остварил телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која му го честитала...

Македонија1 ден

Опасност од одрон на карпа тешка 20 тони врз кањонот Матка – од ЦУК велат нема простор за паника

Центарот за управување со кризи доби известување од ЕВН за опасност од одрон на голема карпа над кањонот Матка. Директорот...

Регион1 ден

Петков: Бугарија сама одлучува за својата одбрана

Бугарија сама ќе одлучува за плановите за одбрана во координација со партнерите од НАТО, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков....

Свет1 ден

Лавров по средбата со Блинкен: Следната недела од САД ќе добиеме писмени одговори

САД ќе ѝ дадат писмени одговори на Русија на барањата за безбедносни гаранции следната недела, изјави рускиот министер за надворешни работи,...

Македонија1 ден

Плевнелиев: Не сакаме да ги внесеме Тито и Сталин во ЕУ

Северна Македонија не ги спроведе потребните реформи за почеток на преговорите со Европската Унија. Македонските тајни служби се разгранок на...

Топ1 ден

Нова трагедија кај Струма: возач загина во сообраќајна несреќа со македонски камион

Возач на автомобил загина по сообраќајна несреќа што се случила со македонски камион на патот помеѓу Благоевград и граничниот премин...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на предвремени избори, од СДСМ велат дека барањето е од пуста желба за власт

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска порача дека е неопходно да се одржат предвремени парламентарни избори. Тие инсистираат на брзи избори, без...

Македонија1 ден

Снег и забрана за товарни возила на дел од патиштата

Утрово, поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила кај планинскиот премини Стража, патниот правец Деве...

Свет1 ден

Властите во Калифорнија предлагаат тинејџерите да се вакцинираат без согласност од родителите

Калифорнија треба да дозволи вакцинација на деца на возраст од 12 и повеќе години без согласност од родителите, предложи синоќа...

Досие