Контакт

Вести

Чавушоглу: Нетанјаху е убиец на бебиња

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу, повторно го критикува премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, нарекувајќи го убиец на бебиња.

Ова е продолжение на вербалниот конфликт меѓу турските власти и израелскиот лидер, кој стана сè потензичен минатиот викенд.

Чавушоглу на прес-конференција со министерот за надворешни работи на Тунис за време на посетата на земјата нападите од Нетанјаху ги опиша како негов неуспех во обидите да се подели Сирија преку користење на вооружените борци на Курдската работничка партија, која Туција ја смета за терористичка организација.

„Нетанјаху е загрижен бидејќи премногу доцна заклучи дека Сирија не може да се подели. Тој и ПКК делат нешто друго заедничко – тие се и убијци на бебиња“, рече турскиот министер, пренесуваат израелските медиуми.

Курдистанската работничка партија, која беше прогласена за незаконска, води бунт во Турција од 1984 година.

Денешната изјава на Чавушоглу е по повод најновиот вербален напад во конфликтот што почна во саботата кога претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, го обвини Израел за напад врз невини Палестинци.

Нетанјаху одговори обвинувајќи ја Турција дека убива Курди на границата со Сирија. Конфликтот продолжи и во неделата, кога Чавашоглу на „Твитер“ напиша дека „окупатор што малтретира луѓе додека лежат на земја лесно се навредува“.

На овој удар возврати и изрелскиот премиер, кој на турскиот претседател вчера му порача дека Ердоган е окупаторот на северен Кипар, чија армија ги масакририра жените и децата во курдските села во Турција и надвор од неа и тој не треба да му се обраќа на Израел, рече Нетанјаху.

Ердоган долго време го критикува Израел и ги споредува потезите на земјата кон Палестинците со нацистичкото убивање на Евреите во холокаустот во Втората светска војна, пишуваат израелските медиуми.

Односите меѓу Израел и Турција, некогашни блиски сојузници, повторно се влошија во мај кога Израелците одговорија на насилните палестински протести по должината на границата на Појасот Газа во кои загинаа десетици Палестинци.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет38 минути

Иран: Се договоривме со Кина за Ормускиот теснец

Иран почна да дозволува одредени кинески бродови да минуваат низ Ормускиот теснец откако постигна договор за правилата на Иран за...

Македонија54 минути

Стефковски: Безбедноста во училиштата во Општина Гази Баба е на високо ниво

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, соопшти дека денеска се одржа седница на Локалниот совет за превенција во проширен...

Македонија55 минути

Македонија е опасно место за живеење за жените, новиот фемицид во Битола е уште еден аларм за институциите, велат од Мрежата за заштита од дискриминација

Граѓанските организации, најостро го осудуваат новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот...

Топ1 час

Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка

Полицијата уапси 86-годишен старец кој нападнал малолетничка во парк во Ѓорче Петров. Според информациите на МВР, вчера во 13:00 часот...

Македонија1 час

(Видео) Филипче: Сиљановска призна, ВМРО со години ги лажеше граѓаните за идентитетот и Преспанскиот договор

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова со изјавата за Преспанскиот договор, призна...

Црна хроника1 час

12-годишно девојче под закана испраќало експлицитни фотографии на малолетник

12-годишно девојче од Скопје под закана испраќало експлицитни фотографии на малолетник. Случајот во полиција го пријавила нејзината мајка. Според информациите...

Црна хроника1 час

Малолетници нападнале ученик пред училиште во Студеничани и го снимале со мобилен телефон

Малолетници нападнале ученик пред основно училиште во Студеничани и го снимале со мобилен телефон, а видеото го објавиле на социјалните...

Свет1 час

Премиерката на Латвија поднесе оставка по контроверзноста околу залутаните украински беспилотни летала

Латвиската премиерка Евика Силина денес ја објави својата оставка, објави Балтичката новинска агенција. Одлуката дојде откако левичарската Прогресивна партија, која...

Македонија1 час

(Видео) Филипче бара извинување од Мицкоски

Време е оваа организирана група на Христијан Мицкоски и ВМРО да им се извини на граѓаните за годините лаги и...