Вести
Чавушоглу-Тилерсон: Турција очекува конкретни потези во врска со предавањето на Ѓулен
Турција од новата американска администрација очекува конкретни потези за екстрадиција на исламстичкиот проповедник Фетулах Ѓулен кој живее во егзил во САД, изјави во четвртокот министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, по состанокот со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон со кој се согласија да двете земји се решителни да ја поразат џихадистичката групација Исламска држава.
На заедничката прес-конференција со американскиот државен секретар изјави дека Вашингтон би требало да преземе административни чекори, вклучително и привремен притвор за имамот Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за формирање паралелни државни структури како и за организирање на неуспешниот обид за воен преврат од 15-ти јули 2016 година.
За апсењето на земникот директор на турската државна банка „Halkbank“ во Њујорк, обвинет во рамките на истрагата за кршење на санкциите против Иран, Чавушоглу изјави дека станува збор за „политичко“ апсење.
Тилерсон, зборувајќи за тероризмот, изјави дека Турција е еден од клучните партнери во борбата против Исламската држава и додаде дека двете земји споделуваат и друга заедничка цел: зауздување на иранскиот потенцијал како фактор кој ја нарушува стабилноста во регионот.
Американскиот државен секретар истакна дека разговорите биле насочени и на „стабилизациски зони“ во Сирија, за да можат бегалците да се вратат во татковината.
Според последните податоци на Обединетите нации, само во Турција има повеќе од три милиона сириски бегалци. Поради тоа, Анкара одамна заговара воспоставување на ткн безбедни зони на сириска територија, но таа замисла не наиде на поголем одѕив од страна на нејзините западни сојузници.
За Исламската држава било разговарано и на средбата на Рекс Тилерсон со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој ја истакнал важноста заедничките соработка со „исправните и легитимни“ актери во борбата против тероризмот, во прв ред против Исламската држава, но и другите групации во Ирак и во северна Сирија.
Анкара не ја крие лутината поради поддршката на САД на курдските милиции во Сирија, на Единиците на одбрана на народот (YPG), којашто Турција ја смета за непријателска група којашто е блиска на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK).
Поддршката на YPG, постојаниот извор на тензиите меѓу Анкара и администрацијата на поранешниот американски демократски претседател Барак Обам, продолжуваат и сега, во време на администрацијата на републиканскиот претседател Доналд Трамп, и покрај повиците на Турција на тоа да му биде ставен крај.
Што се однесува на Сирија, Тилерсон изјави дека на турските соговорници им порачал дека ќе се расправа во насоката по којашто ќе оди таа земја., но дека за статусот на сирискиот претседател Башар ал-Асад мора да одлучи сирискиот народ, што е став на неговиот најголем поддржувач Русија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
