Контакт

Европа

Четворица полициски службеници во Париз убиени од колега кој неодамна го прифатил исламот

Објавено пред

Административен работник во полициска станица во Париз, кој со нож уби четворица колеги пред да биде застрелан од полицијата, неодамна го прифатил исламот како своја вероисповед, објави телевизјата БФМ.

„Напаѓачот на возраст од 45 години убил тројца полицајци и вработена во администрацијата, по што бил застрелан од полицаец“, соопшти парискиот обвинител.

Тој додаде дека домот на напаѓачот бил претресен и дека антитерористички обвинители ја проценуваат ситуацијата, пренесе „Ројтерс“.

Обвинителот не кажа кој би бил можниот мотив на напаѓачот.

Напаѓачот бил вработен во полициската администрација, а нападот се случил по расправија во двор на полициска станица, изјавија полициски извори за француските медиуми.

Извори од француската полиција соопштија дека напаѓачот изгубил контрола и почнал со нож да ги боде полицајците кои се наоѓале околу него.

„Еден од колегите го уби лицето одговорно за нападот“, изјави за БФМ шефот на локалната полиција, Лоик Травер.

Нападот се случил во полициска станица во близина на катедралата Нотр Дам, а местото на настанот го посетија и претседателот Емануел Макрон и премиерот Едуард Филип.

Метро-станицата во близина на нападнатата полициска станица е затворена од безбедносни причини, а областа е оградена со полициски ленти.

Европа

Меркел до Ердоган: Веднаш да запре офанзивата во Сирија

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел го повика турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган веднаш да ја запре воена офанзива во североисточна Сирија и го предупреди за можна нестабилност во регионот и заживување на терористичката Исламска држава.

Меркел пораката ја упатила во телефонски разговор со Ердоган, а од Берлин соопштија дека разговорот бил остварен по иницијатива на турскиот претседател.

Берлин и Париз вчера објавија дека прекинуваат со испораката на оружје за Турција, особено она оружје што може да се користи во офанзива во Сирија.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Шпанското знаме, наместо кај кралот, заедно со падобранецот заврши на бандера

Објавено пред

На воената парада во Мадрид, падобранецот наместо свечено да му го предаде знамето на кралот остана да виси на бандера.

Падобранецот чиј падобран се закачи на бандера требаше да слета пред кралот Фелипе Шести, неговата сопруга Летиција и нивната ќерка.

Како знак на поддршка кралското семејство започна да му ракоплеска.

Шпанското Министерство за одбрана подоцна соопшти дека војникот бил искусен со околу 600 скокови и не бил повреден при слетувањето.

Прикажи повеќе...

Европа

Пуџдемон: Моите соработници ќе бидат осудени

Објавено пред

Поранешниот премиер на Каталонија, Карлес Пуџдемон изјави денеска дека очекува оти Врховниот суд во Мадрид идната недела ќе им изрече затворски казни до 15 години на дваесет функционери, меѓу кои и некои членови на владата со која тој претседавал.

„Би сакал да ги ослободат, не само за повторно да бидат со нас, туку и поради Шпанија. Би било тоа добра вест за Шпанија, за нејзината репутација на правна држава, за демократијата, за Шпанија како држава која не суди таму каде што нема злочин и на чиешто правосудство може да му се верува“, изјави Пуџдемон кој се наоѓа во егзил во Белгија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Димитров патува за Брисел во пресрет на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 14 до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се...

Топ4 часа

Во тешката сообраќајна несреќа кај Струмица загина 19-годишна девојка, возачот е во болница

Деветнаесетгодишна девојка од Струмица, со иницијали С.Т. го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4...

Регион4 часа

„Дали сум оптимист? Не“, одговори Рама за почетокот на преговорите со ЕУ

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека не е оптимист за почеток на преговорите со Европската Унија. „Дали сум оптимист?...

Култура4 часа

(Видео) „Визија Скопје“ понуди поглед на плоштадот без фонтаната со воин на коњ

На плоштадот Македонија во Скопје викендов граѓаните имаа уникатна можност преку слики нацртани на тенка проѕирна пластика место на платно,...

Македонија7 часа

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти“. Вака министерката за одбрана го коментира прислушуваниот разговор што беше...

Македонија8 часа

„Ел Чека“ објави нова бомба – Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави прислушуван разговор од локалните избори во 2013 година. Објавувачот на материјалот, Ел Чека, објаснува...

Европа8 часа

Протести на Курдите ширум Европа, во Грција запален постер со ликот на Ердоган

Десетици илјади Курди вчера демонстрираа низ цела Европа против турската воена офанзива во северна Сирија, а протести се одржаа во...

Македонија10 часа

Пожар во куќа кај Дом на градежници

Утрово избувна пожар во куќа, во близина на Домот на градежници во Скопје. На терен се испратени противпожарни возила, кои...

Свет10 часа

Разорен тајфун ја погоди Јапонија, најмалку 18 жртви

Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се водат за исчезнати во тајфунот Хагибис што ја погоди Јапонија. Налетите на ветрот...

Македонија1 ден

Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот на СДСМ и премиер,...

Македонија1 ден

Се демонтира угостителскиот објект од покривот на ГТЦ

Согласно одлуката на Градоначалникот Петре Шилегов, денеска почна демонтажата на угостителскиот објект на кровот на ГТЦ. Со овие активности, велат...

Македонија1 ден

Заев очекува позитивна одлука за ЕУ, Мицкоски смета дека можно е да нема датум

Лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски денеска испратија пораки за очекувањата во врска...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: По примерот на Мицкоски и Заев да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел

По примерот на Христијан Мицкоски и премиерот, Зоран Заев, да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел. Ова...

Спорт1 ден

Македонија подготвена за полската „стапица“ (галерија)

Македонската фудбалска репрезентација го оддржа официјалниот тренинг на „ПГА Народови арената“ во Варшава, каде што утре од 20.45 часот не...

Македонија1 ден

Соботка: Блокирањето на преговорите штети на кредибилтетот на ЕУ

Претседателот на австрискиот парламент, Волфганг Соботка истакана денеска, во пресрет на состанокот на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Белград, дека секој...

Македонија1 ден

Европската народна партија повика на започнување разговори за пристапување на Северна Македонија и Албанија

Следната недела, земјите-членки на Европската унија (ЕУ) ќе се соочат со стратешки избор во врска со започнувањето на пристапните преговори...

Регион1 ден

Словенија го менува законот – невработените со надомест од 402 евра

Владата на Словенија предложи измени и дополнувања на Законот за пазарот на трудот, со што би се зголемила минималната бруто...

Македонија1 ден

Меркел ќе го убедува Макрон да попушти за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател Емануел Макрон утре треба да остварат средба, која според уверувањата на дипломатите, е...

Бизарно1 ден

(Видео) Тепачка за ,,Патики на Исус“ со мирис на темјан кои чинат 3 000 долари

MSCHF, компанија со седиште во Бруклин, на пазарот пушти во продажба патики кои ги нарече Jesus shoes (Патиките на Исус),...

Топ1 ден

Над 160 казни за возачи во Скопје

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 11.10.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот...

Досие