Контакт

Свет

Четворица студенти пронајдени мртви во близина на универзитетот во Ајдахо

Објавено пред

Четворица студенти биле пронајдени мртви вчера во куќа во близина на колеџ во Ајдахо.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека се пронајдени безживотните тела на Итан Чапин (20), Медисон Моген (21), Ксана Кернодл (20) и Кајл Гонкалве (21).

Во тек е истрага за убиство, но полицијата не соопштува дополнителни детали за тоа како биле убиени учениците. Воедно, полицијата ги повика граѓаните да се јават кај нив доколку знаат нешто за овој случај.

Наставата на универзитетот вчера беше прекината, а засега нема уапсени за ова дело.

Регион

Бугарија размислува за одмазднички мерки ако се потврди ветото за Шенген

Објавено пред

Бугарската влада е подготвена за одмазднички мерки доколку Холандија и Австрија наметнат вето на бугарското членство во Шенген зоната. Ова го изјави в.д. премиерот Галаб Донев по средбата со министрите за внатрешни работи, за надворешни работи и за правда.

dobivaj vesti na viber

Тој изрази надеж дека во преостанатите денови до конечната одлука на 8 декември може да надвладее, како што рече, разумот кај земјите партнери.

„Бугарската влада нема да штеди напори да ги убеди двете скептични земји“, рече Донев и нагласи дека таквиот став на Холандија и Австрија внесува поделба во Европската унија.

Позициите на Австрија и Холандија против пристапувањето на Бугарија во Шенген предизвикуваат „длабоко разочарување, внесуваат поделеност и го доведуваат во прашање единството на унијата“, изјави Донев.

„Напоменуваме дека, во одбрана на својот став, канцеларот на Австрија се осврнува на недостатоците во функционирањето на Шенген системот во целина, за кои никако не може да биде одговорност на бугарската страна, додека премиерот на Холандија исто така прибегнува кон недостојни предлози, кои во Бугарија тешко дека наскоро ќе бидат заборавени. Нашиот долг кон споменот на тројцата бугарски гранични полицајци кои загинаа чувајќи ја надворешната граница на ЕУ нема да го дозволи тоа“.

Донев нагласи дека од 2011 година Бугарија ги исполнила сите технички критериуми и тоа го потврдиле две инспекции на ЕК и една на австриската амбасада во Бугарија. Холандија одбила да учествува:

„И покрај наведените намери на две земји, Бугарија не се откажа од Шенген, имаме уште 3 дена во кои нема да штедиме напори да бараме поддршка за преиспитување на ставот на Холандија и Австрија.

Сепак, Бугарија е подготвена да размисли за одмазднички мерки во случај на негативен развој“, рече Донев.

„Сите мерки ќе бидат насочени, национално одговорни и во одбрана на националниот интерес на Бугарија“, додаде тој.

Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи на 8 декември треба да гласа за две одделни одлуки за проширување на Шенген. Планирано е министрите со една одлука да гласаат за прием на Бугарија и Романија, а со втората за Хрватска. Потребна е едногласност за носење на одлуката. Во петокот Холандија најави дека ќе го блокира влезот на Софија во Шенген. Холандија соопшти дека нејзината одлука да не го поддржи пристапот на Бугарија во Шенген зоната не е политичка, туку заснована на факти и дека може да ја преиспита работата дури кога ќе стане јасно дека во Бугарија функционира владеењето на правото способно за справување со корупција и организираниот криминал.

Прикажи повеќе...

Свет

Нови крвави закани: Во украинската амбасада и конзулатите во Шпанија пристигнаа три писма со животински очи

Објавено пред

Шпанската полиција заплени три коверти со животински очи адресирани до Амбасадата на Украина во Мадрид, Генералниот конзулат во Барселона и Конзулатот во Малага, напиша на Фејсбук Олег Николенко, портпарол на украинското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека е покрената истрага.

„Веќе имаме 21 случај на закани кон украинските амбасади и конзулати во 12 земји. Како што веќе забележа Дмитро Кулеба (министерот за надворешни работи на Украина), украинските дипломати не треба да бидат заплашени и скршени од ова. Ќе продолжиме да работиме ефикасно за да ја заштитиме Украина од непријателите и до нашата победа“, напиша Николенко.

Во петокот до бројни украински странски амбасади беа испратени „крвави пакети“ со животински очи.

Пакети натопени во „карактеристично обоена“ течност беа испратени до украинските амбасади во Унгарија, Холандија, Полска, Хрватска и Италија. Тие беа примени и од генералните конзулати во Неапол и Краков.

Прикажи повеќе...

Европа

Инфлацијата во Турција во опаѓање

Објавено пред

Годишната инфлација во Турција е благо намалена во ноември за првпат по постојан раст нешто повеќе од една година, објави денеска Турскиот статистички институт.

dobivaj vesti na viber

Потрошувачките цени за оваа година се зголемени за 84,39 отсто во ноември наспроти растот од 85,51 отсто во октомври. Месечната стапка на инфлација во ноември изнесуваше 2,88 отсто, наспроти 3,51 отсто во претходниот месец.

Тоа е првпат годишната инфлација да се намали од мај 2021 година.

Додека пандемијата и руската инвазија на Украина ја поттикнаа инфлацијата ширум светот, економистите веруваат дека инфлацијата во Турција е поттикната од верувањето на претседателот Реџеп Таип Ердоган дека зголемувањето на каматните стапки предизвикува инфлација, пренесува Бета-АП.

Традиционалното економско размислување вели дека зголемувањето на каматните стапки помага да се држи инфлацијата под контрола.

Ердоган побара до крајот на годината каматната стапка да биде едноцифрена.

На 24 ноември, турската централна банка одлучи да ја намали каматната стапка на 9 отсто, по серијата слични големи намалувања и покрај високата инфлација.

Ердоган рече дека неговиот модел, кој има приоритет на растот, инвестициите, вработувањето и извозот, се очекува да даде резултати во новата година.

Најголем годишен раст на цените е забележан во транспортниот сектор од 107 отсто, а потоа следуваат цените на храната и безалкохолните пијалаци од 102,55 отсто.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија18 минути

Кремљ: Европејци, подгответе се за високи цени

Кремљ предупреди дека новото ограничување на цената на руската нафта наметнато од ЕУ ќе ги „дестабилизира глобалните енергетски пазари“, но...

Македонија53 минути

Јовановски: Ова не е бавча на Арсовска, граѓаните треба да ѝ се лутат на неа

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ кажа дека блокадите не само што остануваат, туку и ќе ги прошират сè додека не...

Македонија1 час

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет

Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет. Дамева беше избрана со десет гласа за и еден против. Од гласањето...

Македонија1 час

Герасимовски поднесе оставка од функцијата директор на Академијата за судии и обвинители

Судијата Зоран Герасимовски поднесе оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и обвинители, а поради конфликт на интереси,...

Свет2 часа

Меркел: Ако Путин ја нападнеше Украина во 2008 година, ќе ја прегазеше

Ангела Меркел пред околу една година ја напушти функцијата германска канцеларка како хероина на слободниот свет. На прошталната церемонија на...

Македонија2 часа

Охрид меѓу петте најпотценети градови на Балканот

Угледниот магазин „Форбс“ објави листа на петте најпотценети градови на Балканот. Балканскиот Полуостров, опремен со живописни плажи, прекрасни планини и...

Македонија3 часа

Дојави за бомби во училишта во Кавадарци

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска околу 07 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса...

Свет3 часа

(Видео) Експлозија на руски аеродром: Се запали резервоар за гориво, има загинати и повредени

Три лица загинаа во експлозија на резервоар за гориво на аеродромот во близина на рускиот град Рјазан. Шест лица се...

Европа3 часа

Макрон: Имам директен контакт со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека одржува редовни разговори и директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин. „Секогаш одржувам редовни...

Економија4 часа

На сила стапија ограничувањето на цената на руската нафтата и забраната за увоз во ЕУ

Денеска стапи на сила ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено од ЕУ, Г7 и...

Свет4 часа

Убиен чеченски блогер во Шведска, голем критичар на Кадиров

Познатиот чеченски антирежимски блогер Тумсо Абдурахманов е убиен во Шведска, потврди чеченското опозициско движење 1ADAT. Според извештаите, Абдурахманов бил убиен...

Свет4 часа

Дојава за бомба во авион за Бристол, летот пренасочен кон Прага

Летот на компанијата „Изиџет“ од Краков, Полска, до Велика Британија безбедно слета откако беше пренасочен кон Прага поради извештаи за...

Македонија4 часа

Блокирани клучните крстосници во Скопје поради протест на превозниците

Поради протестот на приватните автобуски превозници, денеска во Скопје од раните утрински часови има посебен сообраќаен режим. „Министерството за внатрешни...

Македонија23 часа

Османи смета дека уставните измени треба што побрзо да стигнат во Собранието и темата да биде затворена

Темата за уставните измени треба што побрзо да биде отворена во Парламентот вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој...

Регион24 часа

Остри реакции во Бугарија по ветото од Холандија

Најавата на Холандија дека одлучила да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната без гранична контрола предизвика остри реакции...

Свет1 ден

Огромна победа за жените во Иран, укината полицијата за морал, можеби ќе падне и задолжителниот хиџаб

По неколкумесечните протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, Иран одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција....

Економија1 ден

Бо Буџетот за следната година 800 милиони евра капитални инвестиции

Капиталните инвестиции во Буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Владејачкиот СДСМ коментира дека буџетот за наредната година...

Економија1 ден

Бислимоски: Домаќинствата со 16,32 проценти помала потрошувачка на струја

Домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, покажуваат...

Македонија1 ден

Најстудено на Попова Шапка, снег во Маврово

Утрово најстудено е на Попова Шапка (минус еден степен), а најтопло во Гевгелија (9 степени). Управата за хидрометеоролошки работи соопшти...

Свет1 ден

Трамп повика на укинување на американскиот устав по објавата на интерните мејлови на Твитер

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повика на укинување на Уставот на САД со цел да се сменат резултатите од претседателските...