Свет
Четврта година по ред, Безос е најбогат во светот со 177 милијарди долари

Годишната листа на милијардери на „Форбс“ вклучува рекордни 2.755 лица (660 повеќе од минатата година), а е предводена од основачот на интернет-страницата „Амазон“, Џеф Безос (57), кој веќе четврта година е официјално најбогатиот човек на светот.
Богатството на Безос се проценува на 177 милијарди долари, што е далеку пред конкуренцијата, пренесува „Дејли мејл“.
Луѓето кои имаат повеќе од милијарда долари имаат вкупно 13,1 трилиони долари, што значи дека заработиле пет милијарди за време на пандемијата на коронавирус, бидејќи нивното богатство вредело осум билиони долари на минатогодишната листа.
Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск (49) се искачи од 31. место на второто и неговото богатство се проценува на 151 милијарда долари.
Бернард Арно (72), извршен директор на ЛВМХ (150 милијарди), Бил Гејтс (65), основач на „Мајкрософт“ (124 милијарди) и 36-годишниот сопственик на „Фејсбук“, Марк Закерберг (97 милијарди), исто така се во првите пет најбогатите луѓе во светот.
Меѓу милијардерите е и Ким Кардашијан, која од октомври до денес напредуваше за 220 милиони долари и ја премина бројката од една милијарда долари.
Повеќе од половина од светското богатство е во рацете на првите 20 милијардери на листата, и изнесува 2,1 милијарда долари.
Повеќето милијардери се од САД, 724, потоа следуваат оние од Кина, 698, каде што спаѓаат и богатите луѓе од Хонгконг и Макао.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
САД ја поддржаа одлката на Јапонија да испушти радиоактивна вода во Пацификот, соседите гневни

Американската администрација изрази поддршка за одлуката на јапонската влада за пуштање на загадена, радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима во Тихиот океан, со оценка дека таквата одлука е во согласност со глобалните безбедносни стандарди.
„Јапонската влада постапи транспарентно во донесувањето на оваа одлука“, соопшти Стејт департментот, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Јапонската влада донесе одлука за ослободување огромни количества радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима во Тихиот океан во следните две години, на што остро се спротивставуваат локалните рибари и жителите на околните области.
Долго време се шпекулираше дека владата ќе донесе ваква одлука, која се одложуваше неколку години поради протести и безбедносни причини.
Сепак, одлуката конечно беше донесена на владина седница, на која се наведува дека ослободувањето на загадена, радиоактивна вода во Тихиот океан е најдобро решение, објавиja светските агенции.
Во меѓувреме, државите од регионот излегоа со негативни реакции во однос на ваквата одлука.
Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја го повика јапонскиот амбасадор во Сеул на разговар поради одлуката на владата во Токио за ослободување на загадена, радиоактивна вода.
„Ројтерс“ претходно објави дека кинеското МНР ја нарекло одлуката на јапонската влада „неодговорна“ и дека јапонските рибари силно се спротивставиле на ова решение за отстранување на радиоактивната вода од Фукушима.
Скоро 1,3 милиони тони загадена вода, доволна за да наполнат 500 олимписки базени, во моментов се чуваат во огромни резервоари во нуклеарната централа Фукушима со трошоци од скоро милијарда долари годишно.
Во електраната се истопија три од шесте реактори кога беше погодена од земјотрес и цунами во март 2011 година.
Загадената вода се преработува на самото место со напредна техника, но од неа не може да се отстрани радиоактивниот трициум.
Владата и операторот тврдат дека трициумот не е штетен за здравјето на луѓето при мала концентрација.
Европа
Австрискиот министер за здравje поднесува оставка

Австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер денеска ќе поднесе оставка. Откако беше на боледување повеќе од една недела, тој го најави своето обраќање за денес.
Нема информации за здравствената состојба на Аншобер.
Само вицеканцеларот Вернер Коглер рече дека министерот има проблеми со циркулацијата на крвта.
Свет
СЗО: Ова не е ситуација во која сакаме да бидеме

Светската здравствена организација предупредува дека пандемијата на коронавирус расте експоненцијално.
Светската организација претходно објави дека се очекува зголемување на бројот на пациенти и смртни случаи во наредните недели, и покрај сите напори да се стави пандемијата под контрола со забрзана вакцинација. Според најновите податоци, преносот на вирусот воопшто не се намалува со посакуваната брзина.
Највисоките претставници на СЗО веруваат дека светот е во критична точка поради експоненцијалниот раст на бројот на заразени, и покрај нивните напори од страна на државите и нивните влади да го спречат ширењето на Ковид-19, пренесува „Спутник“.
На последната панел-дискусија на СЗО одржана во понеделникот во Женева, бројот на нови случаи на коронавирус ширум светот достигна загрижувачко ниво.
„Се наоѓаме во критична точка во врска со пандемијата“, беше речено на дискусијата, на која беше посочено дека минатата недела се евидентирани околу 4,4 милиони нови случаи.
„Ова не е ситуацијата во која сакаме да бидеме кога имаме широко распространети мерки. Сега е време кога секој од нас треба да застане и да се запраша што треба да направиме“, велат експертите на СЗО.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш