Контакт

Свет

Четири белгиски партии бараат забрана на прошеријатската Исламистичка партија

Објавено пред

Четири белгиски политички партии ги туркаат законите со кои ќе може да ја забранат прошеријатската Партиј ислам пред претстојните општински избори во Белгија, пренесува „Брајтбарт“.

Независната федерална демократска партија (ДЕФИ), десничарското Реформистичко движење (МР), Хуманистичкиот демократски центар (ЦДХ) и Социјалистичката партија (ПС) објавија предлог за забрана на партии чија цел е да се загрозат јавните слободи, што може да ја вклучи и Исламистичката партија, пишува „Лепоан“. Партијата стана озлогласена претходно годинава кога нејзиниот основач, општинскиот советник на Андерлехт Редуан Арух, изјави:

„Нашата цел е стопроцентна исламска држава“.

Тој пдоцна бил отпуштен од работата како возач на автобус поради своите коментари кои вклучувале предлог автобусите во Белгија да се сегрегираат според полот за да се спречи жените да бидат сексуално малтретирани. Предлозите на партијата вклучуваат забрана за потрошувачките кредити, дозвола граѓаните да колат животни во своите домови, ограничување на продажбата на алкохол, забрана на тетовирање и пирсинг и одбивање на решението за две држави во израелско-палестинскиот конфликт тврдејќи дека Палестина е под окупација.

Белгиската „Партиј ислам“ треба да кандидира кандидати во 28 општини на претстојните општински избори во Белгија. Тео Франкен, државен секретар за азил и миграција и член на Новата фламанска алијанса (Н-ВА) ја критикуваше партијата на социјалните мрежи, велејќи:

„Шеријатот ги крши човековите права. Затоа, шеријатските партии се недемократски. Вистински волци преправени во јагниња!“

Иако Партиј ислам тврди дека ќе постигне добар успех во предградието Моленбек во Брисел поради големата муслиманска популација, многумина се скептични, меѓу кои е и градоначалникот на Моленбек, Франсоа Шепман, кој ја опиша партијата како шиитска група.

Локалните избори се први во Моленбек по екот на миграциската криза во 2015 година и по масакрот во „Батаклан“ во Париз во ноември истата година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Папата ги критикуваше земјите кои не сакаат да прифатат бегалци

Објавено пред

Од

Папата Франциско во литванскиот главен град, Вилнус, каде што ја започна четиридневната турнеја по балтичките земји, ги осуди европските држави кои не сакаат да прифатат бегалци, притоа фалејќи ја толеранцијата и гостопримството на Литванците.

Тој ја посочи оваа претежно католичка земја како пример за меѓународната заедница, а особено за Европската унија. Неговите критички зборови главно беа насочени кон земјите од Вишеградската група (Полска, Унгарија, Чешка и Словачка) чии власти не сакаат да примат бегалци и економски мигранти, кои масновно пристигнуваат во Грција и Италија.

Во овој поглед, истакна тој, вие Литванците, имате оригинална изрека: „прифаќање на разликите“. Со отворен дијалог и разбирање, разликите може да станат мост кој ќе ги поврзе Источна и Западна Европа, рече поглаварот на Ватикан.

Четиридневната турнеја на папата во понеделник ќе се префрли во главно протестантската Летонија, а во вторник во Естонија, каде повеќето од граѓаните не се верници.

Прикажи повеќе...

Свет

Исламска држава презеде одговорност за нападот на иранската воена парада

Објавено пред

Од

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот на воената парада во југозападниот дел на Иран, во кој загинаа најмалку 24 лица, а беа повредени повеќе од 50.

Ова го објави агенцијата „Амак“, пропагандниот орган на оваа екстремистичка организација.

„Борците на Исламската држава нападнаа собир на иранските сили во градот Ахваз“, наведе „Амак“.

Иранската новинска агенција претходно објави дека во нападот, кој го оцени како терористички, загинале 24 лица, меѓу кои и жени и деца што биле меѓу посетителите, а 53 биле ранети.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Над 20 мртви при вооружен напад за време на воена парада во Иран

Објавено пред

Од

Дваесет и четири лица се убиени, а 53 повредени во утринскиот напад на вооружени луѓе за време на воена парада во Ахваз. Нападот се случи во југозападниот дел на Иран, а државната новинска агенција „Ирна“ објави нов биланс на жртви.

Претходно, иранските медиуми објавија дека во нападот се убиени најмалку осуммина членови на иранската револуционерна гарда, а ранети 20. Парадата беше организирана по повод Националниот ден на вооружените сили.

„Бројот на лица загинати во терористичкиот напад се зголеми на 24, вклучувајќи и жени и деца кои биле меѓу гледачите, а бројот на мртви може да се зголеми во зависност од состојбата на ранетите“, наведува „Ирна“.

Локални медиуми објавија дека меѓу загинатите има и еден новинар. Досега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот на Ахваз.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

(Видео) Шилегов: Од Лисиче до Центар со воз се стигнува за 4 минути, од таму продолжете со велоспиед

Европската недела на мобилност 2018 во Скопје заврши со комбинирање на железнички и превоз со велосипед. Активисти од здружението „Прв...

Свет2 часа

(Видео) Над 20 мртви при вооружен напад за време на воена парада во Иран

Дваесет и четири лица се убиени, а 53 повредени во утринскиот напад на вооружени луѓе за време на воена парада...

Македонија3 часа

(Видео) Платите на хирурзите покачени за 5.300 денари, повисоки плати и во школите и во градинките

На вработените во градинките, училиштата и болниците септемвриската плата ќе им биде зголемена за пет отсто. Зголемената плата ќе им...

Македонија4 часа

Следува период на пост-демократија во која главниот збор не е на избирачите, рече Иванов на предавање во САД

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на почетокот на работната посета на САД, одржа предавање на Државниот универзитет Вејн во...

Топ5 часа

Холанѓанец пронајден мртов во вила во Трпејца

Во вила во охридското село Трпејца, во текот на вчерашниот ден починат бил пронајден 79-годишен Холанѓанец. Како што информираат од...

Македонија6 часа

(Видео) Макрон со обраќање до македонските граѓани: Ниеден договор не е совршен, но се работи за иднината на земјата

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во пресрет на референдумот закажан за 30. септември преку видео-обраќање упати порака до македонсите граѓани, при...

Крвав четврток17 часа

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток18 часа

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Македонија24 часа

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ1 ден

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија1 ден

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија1 ден

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија1 ден

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија1 ден

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија1 ден

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија1 ден

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет1 ден

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија1 ден

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Македонија2 дена

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Вести2 дена

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Досие