Свет
Четири лица убиени во престрелка во Филаделфија, повредени двајца
Четири лица се убиени во американскиот град Филаделфија доцна во понеделникот, соопшти полицијата. Во престрелката во југозападниот дел на градот се ранети две деца на возраст од две и 13 години. Сите жртви се мажи.
Осомничениот напаѓач е во притвор, а кај него биле пронајдени пушка и пиштол. Осомничениот, чие име не е објавено, носел елек со повеќе рамки за муниција.
На прес-конференција, полицискиот комесар во Филаделфија, Даниел Аутлау, рече дека полицијата го примила повикот околу 20.30 часот по локално време во понеделникот. Полицајците констатирале дека на самото место има повеќе жртви, а додека прибирале докази, слушнале истрели, рече таа.
Таа додаде дека полицијата потоа го бркала осомничениот, а мажот за кој се верува дека има 40-ина години пукал во нив. Подоцна бил приведен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
