Европа
Чешкиот министер: Макрон згреши за Русија, мислам дека не ја разбира таа тема

Францускиот претседател Емануел Макрон згреши кога рече дека Русија не треба да се понижува, вели чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски.
„Русија е агресорот и не треба да водиме сметка дали Русија ќе биде понижена или не“, изјави тој за Си-Ен-Ен, додавајќи дека Макрон веројатно не ја разбира таа тема.
„На Путин не му е грижа како Западот ја доживува Русија“, додаде Липевски.
Според него, Европа не треба да заборави на Украина, а преговорите со Русија пред се’ треба да ги водат Украинците.
Францускиот претседател неодамна изјави дека Русија не треба да се понижува, со цел еден ден кога ќе заврши војната во Украина, да продолжат дипломатските мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Бербок: Потребни се нови одржливи рути за извоз од Украина

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бeрбок, наведува дека веќе во јули можно е да има извоз на жито од Украина.
„Воспоставувањето одржлива рута за транспорт на жито од Украина е еден од главните приоритети во спречувањето на глобалната криза поради недостиг на производи“, вели Бeрбок.
„Рускиот претседател Владимир Путин ја уценува Украина и затоа е важно да се развиваат новите транспортни рути“, оценува министерот за земјоделство на Германија, Џем Ездемир.
Европа
Рама со одговор до бугарското МНР: Пријатели, смирете се, тргнете го ветото или бидете трпеливи со мене

Албанскиот премиер Еди Рама реагира кога бугарското Министерство за надворешни работи побара од него да зборува на соодветен јазик за политичар на земја кандидат за членство во ЕУ.
„Ох! Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот говор! Многу точно! И јас имам едно прашање, а тоа е како Бугарија ќе ги решава билатералните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање две земји членки на НАТО! Пријатели, смирете се: тргнете го ветото или бидете трпеливи со мене“, напииша Рама на „Твитер“.
Oh! Bulgaria’s Foreign Ministry has an issue with my way of speaking!Fair enough.I have an issue too with the way Bulgaria wants to solve biletaral issues by using the enlargement process as e vehicle of kidnapping two NATO countries! Easy friends:Lift the VETO or bear with me!
— Edi Rama (@ediramaal) June 24, 2022
„Имаме заедничка иднина со Албанија. Политичарите си заминуваат. Нациите остануваат. Нашите народи имаат заеднички интерес, кој не треба да се нарушува со погрешна процена на политичарите. Неприфатливо е односите меѓу државите да станат заложници на ексцентричноста на актуелниот албански премиер“, се посочува во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Европа
(Видео) Пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот во близина на Мармарис

Пожарникарите сè уште се обидуваат од копно и од воздух да го локализираат шумскиот пожар на југозападниот дел на Турција, во близина на познатото летувалиште Мармарис.
Сцените од запалената шума во близина на егејското поморско одморалиште Мармарис, во турската провинција Мугла, ги обновиле стравувањата дека минатогодишните пожари би можеле да се повторат кога беа уништени речиси 140.000 хектари шума во регионот, објави „Ројтерс“.
Полицијата со водни топови им помага на пожарникарите да го изгаснат пожарот што избувна во вторникот околу 20 часот и зафати повеќе од 3.400 хектари земјиште, пренесува медиумот.
Властите соопштија дека едно лице е уапсено под сомнение дека е вмешано во пожарот. Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека лицето признало оти го предизвикало пожарот од фрустрација поради семејни проблеми.
„Имаме осомничен од моментот кога почна овој инцидент“, изјави Сојлу пред новинарите и додаде дека на самото место се пронајдени два барела нафта.
Министерот за здравство, Фахретин Коча, соопшти дека се повредени 29 лица, а две сè уште се сместени во болница. Претходно, министерот за шумарство, Вахит Киришчи, изјави дека 274 лица се евакуирани како мерка на претпазливост, а околу 2.600 луѓе работат на локализирање на пожарот.