Свет
Чешкиот премиер: Неопходно е да се запре руската хибридна војна во Европа
Чешкиот премиер Петер Фијала денеска изјави дека земјата е свесна за руските хибридни закани во Европа, вклучително и можните напади врз инфраструктурата и програмите за снабдување со оружје.
„Знаеме дека руските сили дејствуваат на територијата на Европа. Европа долго време се соочува со хибридни закани, нивниот интензитет уште повеќе го зголеми руската агресија врз Украина. Затоа правиме сѐ за да обезбедиме долгорочна безбедност на сите граѓани“, изјави тој за „Укринформ“.
Фијала истакна дека државните безбедносни сили и специјалните служби се фокусирале на спротивставување на хибридните закани, што им помогнало да ја откријат проруската мрежа зад серверот „Гласот на Европа“. Тој истакна и дека има индиции оти нападот на автобусот на транспортна компанија од Прага бил организиран и финансиран од Русија.
„Ова е дел од хибридната војна што Русија ја води против нас, од која мора да се браниме и која мора да ја запреме“, истакна премиерот, пренесува „Танјуг“.
Во интервјуто Фијала посочи дека Чешка со потпишувањето безбедносен договор со украинскиот претседател Володимир Зеленски,се обврза да продолжи да ги поддржува одбраната, безбедноста, стабилноста, обновата и евро-атлантската интеграција на Киев во следните десет години или до влезот на земјата во НАТО.
„За Чешка, членството во НАТО е вистинска гаранција за безбедноста на Чешка и убеден сум дека иднината на Украина е и во НАТО и во Европската Унија“, рече тој додавајќи дека ова го смета за гаранција оти конфликтот сличен на оној во Украина нема да се повтори во иднина на европска почва.
Чешкиот премиер изјави дека оваа година, како и минатата, Прага ќе одвои 21 милион долари за хуманитарна поддршка, развојна и економска помош на Украина. Тој рече дека до крајот на годината на Украина ќе ѝ бидат обезбедени околу 500.000 парчиња муниција од 155 милиметри, како и стотици илјади муниција од голем калибар од други видови.
Прага ќе продолжи да го поддржува Киев во областа на снабдување со енергетски технологии, особено когенеративни постројки, рече премиерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Шон „Диди“ Комбс уапсен во Њујорк
Хип-хоп магнатот Шон „Диди“ Комбс е уапсен во Њујорк под „неодредени федерални обвиненија“, изјавија федералните власти за Си-би-ес.
Апсењето на Менхетен уследи по рациите на два негови имоти во Лос Анџелес и Мајами во март. Лице блиско до обвинителството за „Њујорк тајмс“ изјави дека веруваат дека познатиот американски рапер е обвинет за рекетирање и трговија со луѓе во својство на сексуална експлоатација.
🚨BREAKING: (Diddler) Sean “Diddy” Combs has been ARRESTED by the FBI, human trafficking investigation!
Thank you Mr. President Trump!
Executive Order 13773 and EO 13903 still working! 😎 pic.twitter.com/LQdKanIsep
— AJ Huber (@Huberton) September 17, 2024
Адвокатот на Комбс, Марк Агнифило, рече дека се „разочарани“ од апсењето и дека неговиот клиент е „невин човек“. Музичарот се соочи со голем број обвинувања – од сексуален напад до малтретирање – вклучувајќи ги и обвинувањата од неговата поранешна партнерка Касандра „Каси“ Вентура. Тој ги отфрли сите обвинувања.
Како што пишува Би-би-си, апсењето е извршено како дел од тековната истрага на претставници на американската внатрешна безбедност.
Американскиот обвинител за јужниот округ на Њујорк Демијан Вилијамс го потврди апсењето во изјава вчера вечерта. „Претходно оваа вечер федералните агенти го уапсија Шон Комбс врз основа на запечатено обвинение поднесено од SDNY“, рече обвинителот.
Тој рече дека канцеларијата планира да го отпечати обвинението утринава и „тогаш ќе има уште да каже“.
Комбс се соочува со бројни тужби, вклучително и наводи дека силувал малолетна девојка и се обидел да го принуди продуцентот да има секс со друг маж. Неговиот адвокат рече дека Комбс со нетрпение очекува „да ја докаже својата невиност на суд“. Разочарани сме од покренувањето на ова неправедно гонење“, рече Агнифило во писмената изјава за Би-Би-Си.
„Шон „Диди“ Комбс е музичка икона, претприемач, вљубен семеен човек и докажан филантроп кој ги помина последните 30 години градејќи империја, посветувајќи се на своите деца и работејќи на подигање на црнечката заедница“, рече адвокатот.
Регион
Грција ќе забрани издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во центарот на Атина
Забраната за издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во три квартови во строгиот центар на Атина ќе остане на сила најмалку една година, објави денеска грчката влада, истовремено зголемувајќи го данокот за изнајмување на такво сместување за одмор.
Како и многу други европски туристички дестинации, Грција се бори да ја балансира профитабилната индустрија управувана од онлајн платформите како што е Airbnb со потребите на локалните жители кои се соочуваат со недостиг на станови.
Недостигот на станови и зголемените трошоци за живот ги натераа властите да објават одлука овој месец за зголемување на даноците за краткорочни изнајмувања, забрана на нови дозволи во центарот на Атина и охрабрување на сопствениците на имот да се префрлат на долгорочни изнајмувања.
Грчката министерка за туризам Олга Кефалојани денеска најави дека забраната за ново краткорочно изнајмување во Атина ќе стапи на сила од 1 јануари 2025 година.
Дневниот данок на краткорочни изнајмувања и помага на земјата да се справи со влијанието на природните катастрофи поврзани со климатските промени. Во периодот од април до октомври ќе се зголеми од 1,5 на 8 евра, изјави министерот за финансии. Во зимските месеци данокот ќе се зголеми од 0,5 на 2 евра.
Министерот Кефалојани рече дека Грција годинава од туризмот очекува приход од 22 милијарди евра, што е уште еден рекорд. Таа во борбата против масовниот туризам најави уште една мерка – такса во висина од 20 евра за посетителите од бродовите за крстарење кои во екот на летната сезона ги посетуваат островите Санторини и Миконос, а ќе стапи на сила следната година.
Европа
(Видео) Хеликоптер ги извлекува пожарникарите од надојдената вода: драматична снимка од Чешка
Чешки „Блеск“ објави драматично видео од четворица доброволци пожарникари од Крнов.
Тие отишле да им помогнат на жителите погодени од поплавите, но и самите заглавиле во поројот.
Takhle vypadala záchrana čtyř dobrovolných hasičů z Krnova, kteří při záchraně osob ze zatopených obydlí divokou vodou potřebovali sami pomoc. Zachraňovali je i @HZS_STC. Pomáhají totiž i mimo hranice Středočeského kraje. S @HasiciPraha se pravidelně střídají ve vrtulníkové… pic.twitter.com/aQf07urx2b
— Petra Pecková (@PPeckova) September 16, 2024
На објавеното видео се гледа како хеликоптер ги извлекува пожарникарите, чие возило е целосно опколено со вода.