Контакт

Европа

Чешкиот претседател шокираше со невкусна шега за убиството на саудискиот новинар

Објавено пред

Чешкиот претседател, Милош Земан, се најде на удар од критки откако на невкусен начин се пошегува со судбината на Џамал Кашоги, новинарот убиен во саудискиот конзулат во Истанбул.

„Ги сакам новинарите и можеби ќе ги поканам на вечера во саудиската амбасада“, рече Земан, а пренесе новинската агенција ЧТК.

Ова не е првпат Земан да дава навредливи или злобни изјави за новинарите.

На состанок со рускиот претседател, Владимир Путин, тој еднаш се пожали дека има премногу новинари и дека тие треба да бидат ликвидирани.

Чешки политичари изразија разочарување од неговата изјава во врска со случајот на Кашоги.

„Непромислен срам“, напиша на Твитер европратеникот Павел Теличка.

Лидерот на конзервативната партија ТОП09, Јири Поспишил, коментираше дека за претседателот не е света дури ни смртта на невин човек.

Европа

(Видео) Една жена загина, 47 се повредени на протестите во Франција

Објавено пред

Педесетгодишна жена загина на протест во регионот Савој, во Франција, на протест организиран поради зголемување на цените на горивата.

„Жената загинала од удар од автомобил кога една мајка со дете се испаничила кога учесниците на протестот го опколиле нејзиното возило и почнале да удираат по него“, соопшти француската полиција.

Мајката се испаничила и со автомобилот тргнала кон толпата и ја усмртила жената.

Во протестите ширум Франција се повредени најмалку 47 луѓе, од кои тројца се во критична состојба. Приведени се 24 лица.

Ширум Франција денеска се одржуваат протести поради зголемување на цените на горивата, а учесниците носат жолти елеци и извикуваат: „Макрон е диктатор“.

Прикажи повеќе...

Европа

Германија назначи нов шеф на разузнавачката служба

Објавено пред

Германија постави нов шеф на разузнавачката служба БФВ, која во последните години се соочи се разни скандали.

Томас Халденванг, кој моментно е потпретседател на службата, беше назначен за претседател на разузнавачката агенција, соопшти министерот за внатрешни работи, Хорст Зехофер, на конференција во Берлин.

Претходникот на Халденванг, Ханс-Георг Масен, беше отпуштен минатата недела кога упати неколку контроверзни коментари кон канцеларката Ангела Меркел и нејзината владејачка коалиција, како и неговите наводни контакти со високи функционери од екстремната десничарска партија АФД.

Социјалдемократите остро го критикуваа Масен за кој тврдеја дека не сфаќа колку сериозни се десничарските екстремистички групи и заканите што доаѓаат од нив.

Прикажи повеќе...

Европа

Британски медиуми: На Тереза Меј ѝ се заканува гласање недоверба уште во вторник

Објавено пред

Неколку пратеници од Конзервативната партија на британската премиерка Тереза Меј соопштија дека поднеле писмо за гласање недоверба на премиерката, а лондонските медиуми очекуваат во текот на денот да бидат предадени неопходни 48 писма за да се поведе постапката.

Лондонски „Телеграф“ јави дека со очекување до крајот на денот да бидат предадени 48 писма гласањето на недоверба на владата би можело да се изврши уште во вторник.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски12 часа

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија13 часа

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија13 часа

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија14 часа

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија14 часа

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate17 часа

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести17 часа

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Вести17 часа

„Вашингтон пост“: ЦИА заклучи – принцот го наредил убиството на Кашоги

ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави „Вашингтон...

Бегството на Груевски1 ден

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил

(Фото: Илустрација „Bombardier Global 6000“) Луксузниот приватен авион што го користи унгарската владејачка и бизнис-елита, меѓу кои и премиерот Виктор...

Македонија1 ден

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија1 ден

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија1 ден

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски1 ден

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски2 дена

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија2 дена

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Свет2 дена

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати. Видеата...

Бегството на Груевски2 дена

Заев потврди: Груевски бил пренесен со унгарско дипломатско возило

Премиерот Зоран Заев ги потврди информациите што стигаа до медиумите од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски...

Бегството на Груевски2 дена

Заев: Груевски да каже дали доброволно заминал или бил киднапиран

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран?! Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие...

Бегството на Груевски2 дена

Унгарската влада за Груевски: Доколку се побара екстрадиција, ќе се следи правната процедура

Унгарската влада вели дека експремиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор, побарал азил поради закани...

Досие