Контакт

Свет

„Човек никогаш не мисли дека вакво нешто може да се случи“ – шок во малата канадска заедница по масовното пукање во училиштето

Објавено пред

Алармот во средното училиште „Тамблер Риџ“ се огласил кратко откако Дариан Квист пристигнал на настава. Кога станало јасно дека не станува збор за вежба, матурантот и неговите соученици брзо реагирале.

„Ги зедовме масите и ги забарикадиравме вратите“, изјавил тој за „Си-би-си Радио Вест“, пишува „Си-ен-ен“.

Квист опишал дека тој и останатите ученици поминале околу два часа забарикадирани во училницата. Атмосферата станала уште понапрегната кога некои почнале да споделуваат „вознемирувачки“ фотографии кои, според неговите зборови, прикажувале „што навистина се случува“ во останатиот дел од училиштето, вклучувајќи сцени со крв. Ситуацијата се смирила дури по пристигнувањето на полицијата, која на крајот безбедно ги извела учениците од зградата.

Во меѓувреме, на паркингот пред училиштето чекала мајката на Дариан, Шели Квист. За инцидентот дознала од колега од блиска лабораторија кој ја прашал „дали знае што се случува во средното училиште“. Како што пристигнувале сè повеќе информации, станувала посвесна за сериозноста на ситуацијата.

„Човек никогаш не мисли дека вакво нешто може да се случи“, изјавила таа. Признала дека ја фатила паника која не попуштила сè додека не го видела својот син безбеден, меѓу учениците што биле изведувани од зградата.

Шок во малата канадска заедница по масовното пукање

Во пукањето што го потресе Тамблер Риџ во Британска Колумбија, животот го загубиле девет лица, а 25 биле повредени. Последиците од нападот во оваа мала, рурална заедница во западната канадска провинција длабоко ги погодиле нејзините тесно поврзани жители.

Шест лица биле убиени во средното училиште „Тамблер Риџ“.

„Тешко е со зборови да се опише стравот и ужасот што го чувствувате знаејќи дека сакана личност е во опасност“, изјавил Крис Норбери, локален советник чија сопруга работи во училиштето. Тој истакнал дека Тамблер Риџ досега бил исклучително безбедно место.

„Ние тука не ги заклучуваме вратите. Ова е неверојатно безбедна заедница“, рекол тој.

Градоначалникот Дарил Краковка, кој жителите на градот ги смета за свое „семејство“, изјавил дека лично ја познава секоја жртва.

„Тука сум 19 години, ние сме мала заедница“, изјавил тој.

Локалниот новинар Трент Ернст, кој известувал од терен по нападот, го сумирал општиот шок.

„Секогаш постои чувство дека ваквите работи се случуваат некаде на друго место, не тука. Сега тоа е разбиено“, рекол тој.

Родителите чекаат информации за своите деца

Родителите на децата кои го посетуваат училиштето во кое се случил масакрот се собрале во локална сала каде што чекаат вести, пишува „Би-би-си“.

„Родителите се одведени во месната сала каде што чекаат вести дали ова ги погодило нивните деца. Во толку тесно поврзана заедница, ова е многу тешко за луѓето што живеат таму“, пишува „Би-би-си“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Денес избори во Косово третпат за 18 месеци, граѓаните пак избираат пратеници

Објавено пред

Граѓаните на Косово денеска повторно излегуваат на  парламентарни избори, третпат во последните 18 месеци, откога ниту една партија не успеа да обезбеди доволно силно мнозинство за да се стави крај на политичката криза во земјата.

Косово е без функционална влада изминатата година, бидејќи парламентот не успеа да избере претседател.

И на овие избори анализите покажуваат победа на Самоопределување на актуелниот премиер Албин Курти кој победи и на последните избори во декември, минатата година, но не постигна договор со останатите партии за функцијата претседател на парламентот, кој беше распуштен во април годинава.

Косовската изборна комисија објави дека повеќе од 900 кандидати од 17 партии и три коалициски блока се натпреваруваат за 120 места во парламентот, а регистрирани се околу 2,1 милиони гласачи од кои 1,6 се резиденти, а останатите се дијаспора.

Прикажи повеќе...

Забава

Танцовата претстава „Ајде!“ на Македонскиот културно-информативен центар го преполни Загрепскиот танцов центар

Објавено пред

Преполна сала, долги овации и силни емоции ја одбележаа изведбата на современата танцова претстава „Ајде!“ во организација на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. Големиот интерес на публиката резултираше со целосно исполнета сала на Загрепскиот танцов центар, што претставува уште една потврда за растечкиот интерес за македонската современа уметност и култура во Хрватска.

Публиката уживаше во впечатливата и моќна танцова претстава на авторите и кореографи Игор Киров и Бојан Мицев, која преку современ сценски израз отвора универзални теми за љубовта, слободата, припадноста и предизвиците наметнати од општествените норми.

Долгиот аплауз и емотивната реакција по завршувањето на претставата јасно покажаа дека „Ајде!“ е дело кое комуницира силно и непосредно со гледачите, без оглед на националните и културните граници.

Пред почетокот на претставата, на присутните им се обратија директорката на македонскиот КИЦ во Загреб Мими Ѓоргоска Илиевска, директорката на Загрепскиот танцов центар Александра Мадсен и кореографот Игор Киров, еден од најистакнатите македонски балетски уметници и кореографи, со свестско реноме во доменот на модерниот танц, кој има постигнато врвни уметнички остварувања на меѓународната балетска сцена. Во своите говори тие ја поздравија публиката и ја истакнаа важноста на оваа прва соработка меѓу македонскиот КИЦ и Загрепскиот танцов центар, преку која македонската современа танцова уметност добива значајна меѓународна видливост и се отвораат нови можности за соработка, преку вмрежување и афирмација на македонските автори и уметници надвор од границите на државата, како и продлабочување на културните врски меѓу Македонија и Хрватска.

„Уметноста има моќ да ги поврзува луѓето без оглед на границите, јазиците и различностите. Вечерва преполната сала на Загрепскиот танцов центар е најдобрата потврда дека публиката препознава искрена емоција, квалитет и значењето на културната размена меѓу Македонија и Хрватска“, истакна Ѓоргоска Илиевска.

Претставата „Ајде!“ претставува значаен пример на современото македонско танцово творештво, кое преку автентичен уметнички пристап успешно ги поврзува традицијата, современоста и универзалните човечки вредности. Ова е очигледен показател дека уметноста останува еден од најсилните мостови за поврзување на луѓето, културите и општествата.

Продукцијата на претставата е поддржана од Министерството за култура и туризам, Општина Штип и ЕАМ Штип, а гостувањето во Загреб е дел од годишната програма на Македонскиот КИЦ во Загреб, реализирана во соработка со Motion Network продукција и Загрепскиот танцов центар со поддршка на Министерството за култура и туризам.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Американски лекар заразен со ебола пуштен од болница

Објавено пред

Американски лекар, кој се заразил со ебола додека работел на хуманитарна мисија во Конго, е отпуштен од болница во Германија откако се опоравил од потенцијално фаталната болест, објавија денеска американските медиуми.

Питер Стафорд работел со мисионерската група „Серж“ во Конго кога се заразил со вирусот, соопшти претходно групата.

Тој бил евакуиран во болница во Берлин на 20. мај, а неговата сопруга, исто така лекарка која волонтира во групата „Серж“, и нивните четири деца исто така биле евакуирани и ставени во карантин, јави Си-Би-Ес Њуз.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ58 минути

Пијан направил сообраќајка и избегал, а кога го фатиле се степал со полицајците, кривична за 29-годишник од Дебар

Полицијата од Дебар поднесе кривична против А.Љ.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување...

Македонија1 час

Скопјанка без дозвола изградила куќа во Трпејца, СВР Охрид ѝ поднесе кривична пријава

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Д.(57) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“,...

Македонија1 час

За околу два месеца ќе имаме целосно нов, модерен аеродром во Охрид, кажа Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денес, по обиколката на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ кажа дека реконструкцијата е...

Македонија2 часа

(Видео) Филипче ќе ја враќа партијата на суштината на социјалдемократијата: „Твоја држава – твоја шанса“ е морален завет на СДСМ

Денес пред нас стои првиот Конгрес на новата одговорност, денес не ни треба нов партиски речник, туку ни треба нов...

Македонија2 часа

Во Охрид слета првиот авион од Ворцлав, Полска, во вторник нова линија од Катовице

Утрово слета првиот авион од Вроцлав со што започнува новата авиолинија Охрид-Вроцлав (Полска), додека веќе во вторник ќе имаме уште...

Македонија2 часа

(Видео) Петрушевски пак го повика Јавното обвинителство да истражи дали Богоев требало да добие 10% од тендерот вреден 18 милиони денари

Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче и...

Uncategorized2 часа

(Видео) Манасиевски: Само Филипче и Радев на иста линија бараат уставни измени

Покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста...

Македонија3 часа

(Видео) Граѓаните ќе плаќаат до 120 денари провизија за една уплата во банка, Крмов повика институциите да не останат неми набљудувачи

Најавеното зголемување на банкарските провизии претставува уште еден удар врз животниот стандард на граѓаните и уште еден доказ дека банкарскиот...

Македонија3 часа

Со едно скенирање ќе може да се провери дали е важечка лиценцата, Андоновски промовираше нов систем

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес го презентираше системот СМАРТ лиценци, кој претставува уште еден практичен чекор во дигиталната...