Свет
Човек со „молотов коктел“ се обидел да провали во резиденцијата на Макрон

Три лица се уапсени во Париз во четвртокот откога едно од нив се обидело да се прекачи преку портите на резиденцијата на претседателот Емануел Макрон носејќи шише запалива течност за кое се вели дела било „молотов коктел“, пренесува „Фигаро“.
Инцидентот во Елисејската палата се случил попладнето. Група од двајца мажи и една жена биле уапсени кога едниот од нив се обидел да влезе во претседателската резиденција, а двајцата други го снимале неговиот обид.
Натрапникот, кој имал 30-ина години, наводно имал шише запалива течност и парче ткаенина, кое го запалиле пред да почне да се качува на портите на палатата.
Не е јасно дали „молотовиот коктел“ бил фрлен за време на потфатот, но полицијата го обвини триото за обид за насилство со употреба на оружје, изјави извор за „Фигаро“. Осомничениот наводно тврдел дека е уметник и негирал дека имал насилни намери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Чешка се понуди да ги купи вакцините на „Астразенека“ од кои се откажа Данска

Чешка се понуди да ги откупи од Данска останатите дози од вакцината „Астразенека“, откако тие одлучија целосно да ја прекинат употребата на оваа вакцина.
„Подготвени сме да ја купиме вакцината ‘Астразенека’ од Данска“, истакна чешкиот министер за внатрешни работи, Јан Хамачек.
Неколку земји досега ја ограничија старосната граница за употребата на оваа вакцина, но Данска е првата која се одлучи на целосен прекин, и покрај тоа што ваквиот потег може да предизвика одложување во кампањата за вакцинација.
Регион
Србија почна со производство на руската вакцина

Во институтот „Торлак“ во Србија почна производството на руската вакцина „спутник В“.
Оваа вакцина во иднина ќе може да се извезува во земјите од регионот, соопшти Рускиот фонд за директни инвестиции, пренесоа српските медиуми.
„РФПИ и Институтот за вирусологија, вакцини и серуми ‘Торлак’ објавуваат дека почна производството на руската вакцина против коронавирусот ‘спутник В’ во Србија. Со ова, Србија стана првата држава во Јужна Европа која ќе ја произведува ‘спутник В’“, објави фондот.
Оттука додаваат дека производството во Србија е во согласност со најстрогите стандарди.
Свет
Лавров повика на укинување на санкциите за Иран

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, вчера повика на безусловно укинување на сите санкции наметнати од САД кон Иран, вклучувајќи ги и санкциите насочени кон странски фирми кои соработуваат со Техеран, пренесува ИРНА.
„Сите еднострани санкции што беа воведени од Вашингтон треба да бидат безусловно укинати. Ова е темата за која се разговара во Виена и спроведувањето на оваа задача од страна на САД и враќањето на САД на целосно спроведување на обврските од Резолуцијата 2231 ќе му овозможат на Иран да се врати во целосна примена на доброволните чекори што Техеран вети дека ќе ги преземе во согласност со оваа резолуција“, рече Лавров на заедничката прес-конференција со својот ирански колега Мохамад Џавад Зариф, во Техеран.
„Ова се однесува не само на санкциите кои беа незаконски воведени директно против Иран туку и на оние санкции што беа воведени против странски компании за соработка со Иран“, додаде тој.
Лавров ги критикуваше новите санкции на ЕУ против Иран, предупредувајќи дека тие можат да ги поткопаат тековните разговори околу враќањето на ЈЦПОА.
„Ако оваа одлука е намерно донесена среде преговорите што продолжуваат во Виена за да се спаси ЈЦПОА, тогаш тоа е веќе грешка, што, како што знаете, е полошо од кривично дело“, рече тој.
Лавров ги повика сите страни во нуклеарниот договор од 2015 година, вклучително и Иран, да се придржуваат до договорот и да спроведат меѓународна резолуција поврзана со него.
Во 2018 година, американскиот претседател Доналд Трамп еднострано се повлече од договорот и повторно воведе строги санкции што претходно беа укинати според договорот. Ова го принуди Иран да го зголеми збогатувањето на ураниум што беше ограничено според условите на договорот.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш