Свет
Шаманот од Капитол осуден на 3 и пол години затвор

Американскиот сојузен суд денеска осуди еден од демонстрантите што упаднаа во Капитол, познат како Кјуанон шаман, на 41 месец затвор за неговата улога во смртоносните настани од 6 јануари годинава.
Поради неговото обоено лице, крзно и рогови на главата, Џејкоб Ченсли стана еден од симболите на упадот на поддржувачите на поранешниот претседател Доналд Трамп во центарот на американската демократија на денот на потврдувањето на изборната победа на демократот Џо Бајден, која претходно беше оспорена од републиканецот.
Обвинителите побараа подолга затворска казна од 51 месец за Ченсли откако тој во септември се изјасни за виновен за учество во блокирање на работата на Конгресот на САД.
Казната од 41 месец затвор одговара на онаа што му ја изрече истиот судија на тренер по борачки вештини, кој беше снимен како удира полицаец за време на тие настани. Оваа двојка досега ги доби двете најстроги казни од вкупно 675 обвинети.
Судијата рече дека верува оти 34-годишниот Ченсли, кој е приведен од јануари, се вратил на вистинскиот пат.
„Најтешкиот дел од ова е што знам дека јас самиот сум виновен“, рече тој во изјавата пред пресудата осврнувајќи се на тешкото детство.
„Мислев дека ќе добијам 20 години во самица“, додаде тој.
На Ченсли во притоврот му била дијагностицирана шизофренија, заедно со биполарно растројство, депресија и анксиозност.
Во крвавите настани од 6 јануари животот го загубија четири лица. Ден по нередите, загина и полицаец, кој беше нападнат од демонстрантите, а животот си го одзедоа уште четворица полицајци сведоци на трауматичните настани. Вкупно 140 се повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Американски булдог го нападнал сопственикот на игралиште во Англија: реагирала и полицијата

Американски булдог го нападнал сопственикот на игралиште во Англија. Кучето според тамошните медиуми го искасало човекот, а морала реагира и полицијата.
Просторот за спорт беше евакуиран додека полицијата и експертите за животни, вклучително и оние од RSPCA, локалните зоолошки градини и паркот за диви животни, работеа на контрола на агресивното куче, стои во извештаите.
Кучето било задржано во високо ограден простор на игралиште во Торп Вилоуби, Северен Јоркшир.
Ветеринарот морал да му даде на кучето седатив, а потоа животното безбедно било префрлено во одгледувачницата, пренесуваат медиумите.
Сопственикот се здобил со рани од каснување, но никој друг не е повреден, соопшти полицијата во Северен Јоркшир.
Голем број експерти за животни биле контактирани по немилиот настан.
Се истакнува дека кучето тежело повеќе од 50 килограми.
Регион
Вучиќ за Си-Ен-Ен: Србија ги спроведе сите меѓународни обврски, Косово ниту една

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, говорејќи за американската телевизија Си-Ен-Ен, рече дека српската страна ги спроведувала сите меѓународни обврски од Бриселскиот договор, а косовската страна не ја исполнила онаа што ја имала – формирањето на Заедницата на српски општини.
Вучиќ истакна дека од доаѓањето на косовскиот премиер Албин Курти на власт имало 353 етнички мотивирани напади врз Србите, додавајќи дека ова е најголемиот број на вакви инциденти од прогласувањето на независноста на Косово.
“Само оваа година имаше пет пукања врз цивили од српска националност. Србите сакаат само безбедност и сигурност за себе и за своите семејства£, рече Вучиќ.
Тој ги негираше обвинувањата на Албин Курти дека ги уценувал Србите да не гласаат на локалните избори во северно Косово, прашувајќи ја водителката дали некогаш видела легитимни демократски избори на кои излегле нешто повеќе од 3 отсто од гласачите.
Свет
Бебе починало откако родителите го оставиле три часа во жежок автомобил во Флорида

11-месечно бебе починало откако родителите го оставиле во автомобил додека оделе во црква во Флорида.
Полицијата добила повик од баптистичката црква во Палм Беј и извештај за бебе кое не реагирало околу 13 часот во неделата.
Според властите, бебето било оставено во возилото околу три часа додека нејзините родители биле на миса, пишува „Индипендент“.
Таа била пренесена во болницата каде била констатирана смрт.
„Ова е несреќен инцидент, а нашите сочувства и молитви се упатени до семејството“, рече началникот на полицијата во Палм Беј, Марио Ауџело.
Истрагата е во тек, а полицијата не соопшти дали ќе биде поднесена пријава против родителите, кои не се именувани.
Според „KidsAndCars.org“, Флорида е на второ место во САД по смртни случаи од автомобили.
Минатата година во САД имало 36 смртни случаи на деца во жешки автомобили, а досега шест во 2023 година, според организацијата.
„Најважно е луѓето да знаат дека ова може да му се случи апсолутно на секого. Нема правила“, вели Жан Фенел, претседател и основач на „KidsAndCars.org“.